• Latest

Започна скринингот, најавена промена на изборниот законик и лидерска средба

July 17, 2018

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Започна скринингот, најавена промена на изборниот законик и лидерска средба

July 17, 2018 15:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска престојува во еднодневна посета на Скопје. Неговата посета го означи стартот на скрининг процесот за почеток на преговорите со ЕУ.

Хан прво пристигна во Владата, каде присуствуваше на 79-та владина седница, чија единствена точка на дневен ред беше Информацијата за концептот и структурата на преговори за пристапување на Република Македонија во ЕУ.

За главен преговарач е назначен вицепремиерот за евроинтергации Бујар Османи, а за технички преговарач советникот на премиерот Бојан Маричиќ.

Премиерот Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, истакна дека заедно ги дефинираат следните чекори на скрининг и подготовка за преговори.

„Утврдивме заедничка динамика на преговорите со поставување на структурата за преговори од наша и од нивна страна. Денеска Хан го претстави начелниот план за скринингот, а ние донесовме заклучоци“, додаде Заев.

„На вас е да одлучите за иднината на вашата земја, на еден слободен и суверен начин. Граѓаните треба да ја донесат конечната одлука, да го искористат своето демократско право и да учествуваат на претстојниот референдум“, истакна Хан.

Иво Вајгел, известувач за Македонија во Европскиот парламент, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции во македонското Собрание на која беше и еврокомесарот Јоханес Хан, истакна дека ова е клучен историски момент за Македонија и треба да се процени како прв конкретен чекор кон членството во ЕУ.

„Ова не е формалност, ова е содржинска шанса за напредок. Членството во ЕУ и НАТО се историска шанса за Македонија. Нема да има втора шанса. Сакам да ја пренесам пораката до вас дека нема да има втора шанса  за да се решат отворените прашања што го оптоваруваа процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ многу години откако станавте кандидат за членство“, рече Вајгел.

„Важно е да демонстрирате инклузивност и дека се работи на стратешките приоритети на земјата. Имате единствена можност да се обединат сите различни сили во општеството и да се направи разлика на подобро. Пред нас се голем број предизвици затоа ве охрабрувам да бидете концентрирани и обединети“, порача Хан.

Опозицијата и власта изнесоа различни ставови во однос на институционалната подготвеност на земјата за пристапните преговори на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Премиерот Зоран Заев од денешната прес конферецијата најави дека денеска почнуваат консултациите за свикување нова лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот, што ќе следи во Република Македонија. 

„Сите треба да останеме посветени на овој момент, да помогнеме на овој процес, како што укажа еврокомесарот, пред се за доброто на граѓаните на Република Македонија, но и на нашите партнери во ЕУ, и затоа најверојатно утревечер ќе свикаме лидерска средба за да ги забрзаме процесите околу подготовката на РМ за престојниот референдум“ додаде Заев.

Шефот на опозицијата, Христијан Мицкоски, како што објасни Заев, во четврток требало да патува, па затоа лидерската средба ќе се договара за утревечер.

Владата на редовната 80 седница го прифати предлог – законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка со кој ќе се овозможи избор на Државната изборна комисија и ќе се надминат објективните слабости во праксата.

Како што соопштуваат од Владата, измените се однесуваат на неколку ставови од членот 27 во кој се брише ставот 3 кој гласи: „Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието подготвува предлог на листа од пријавените кандидати и ја доставува до Собранието“.

„Во ставот 4, кој гласи: „Од кандидатите на предлогот на листата, политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна комисија, a партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на Државната изборна комисија“, се бришат зборовите „на предлогот на листата“.

Во ставот 5, кој гласи: „Претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, се брише зборот „двотретинско“.

ЦИВИЛ ова лето ќе организира голем број активности во кои можат да се вклучат граѓанските новинарки и новинари, особено во пресрет на жешката политичка есен, кога тие можат да одиграат важна улога во спроведувањето фер и демократски референдумски процес.

Првиот нареден семинар ќе се одржи во хотел Гарденија, Велес, на 28 јули 2018 (сабота) од 11 до 17 часот. Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Велес, Св. Николе, Градско, Лозово, Росоман, Чашка, Кавадарци и Неготино.

Вториот семинар ќе се одржи во Дом на млади во Штип на 29 јули 2018 (недела) од 11 до 17 часот. Може да се пријават граѓан(к)ите на Штип, Кочани, Радовиш, Пробиштип, Берово, Пехчево, Делчево, Виница…

Познато е дека ЦИВИЛ веќе три години наградува. Секој втор месец се доделуваат награди за најдобрите и највлијателните пет видеа, фотографии или текстови кои објавени на веб страницата за граѓанско новинарство Граѓански објектив.

А. П.

Tags: Бујар ОсманиВМРО-ДПМНЕЕвропска УнијаЗоран ЗаевЈоханес ХанНАТОНикола ПопоскиПреговорискринингСобрание на Република МакедонијаТалат ЏафериХристијан Мицкоскичленство
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ