ВЕСТ НА ДЕНОТ
Фридом Хаус: Надежите што се зголемија по соборувањето на Груевски допрва треба да се остварат, судството и понатаму е една од најкритикуваните институции во Македонија
„Во Северна Македонија, надежите што се зголемија во 2017 година по соборувањето на антидемократскиот премиер Никола Груевски допрва треба да се остварат“, се вели во најновиот извештај на Фридом хаус „Нации во транзиција 2024″, каде земјава е ставена во групата „Циклични хибриди“.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Борел ја повика ЕУ да ја забрза воената поддршка за земјата: Украина не може да чека
„Повторно разговарав со министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, за напорите на ЕУ да ја забрза воената поддршка на Украина, особено кога станува збор за системите за противвоздушна одбрана и муницијата. Им се обраќам на земјите-членки на ЕУ да ги поканат да ја идентификуваат достапната опрема што и е потребна на Украина“, напиша Борел на платформата Х.„Украина не може да чека“, додаде шефот на европската дипломатија.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ИДРИЗОВО Во најголемиот затвор ,,Идризово” во Скопје, денеска (11 април), биле извршени претреси. Од обвинителството ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали не откриваат …
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Како што кампањата за претседателските избори влегува во втората недела, така се засилуваат активностите на кандидатите и нивните изборни ветувања на средби со граѓаните систем…
КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР МЗ преку соопштение попладнево информира дека поради дефект на еден од компресорите, во тек на два дена бил одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти…
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Масивен руски ракетен напад: Нападот беше извршен со цел да се нанесе најголема штета на цивилите. Украина во моментов е единствената земја во светот која речиси секојдневно е напаѓана со балистички ракети. Затоа, тука мора да бидат стационирани системи Патриот!!!, објави украинската амбаадорка во земјава, Лариса Дир на Твитер.
Украинската компанија ИНГУАР го претстави новото возило за воени и тактички апликации Inguar3. Тоа е врвно, мултинаменско, лесно тактичко возило дизајнирано да постигне максимални ефекти во различни воени, теренски и климатски услови.
КОНФЛИКТИ
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонски разговор со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека САД ќе застанат крај Израел против какви било закани од Иран и неговите подржувачи и повтори дека Вашингтон ја поддржува безбедноста на Израел, соопшти Стејт департментот.
ИЗБОРНА ХРОНИКА
Кампањата на кандидатите за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април, влегува во втората седмица. Кандидатите продолжуваат со претставување на своите програми, со потсетувања на минати изборни процеси и политики водени од опонентите или партиите кои ги поддржуваат, на собири низ различни општини во земјата.
АЛ-ПРЕС
Албанската Опозиција повторно одржа протест пред општина Тирана, каде бара оставка од градоначалникот Ерион Велиај, по приведувањето на неколку функционери од општината инволвирани во корупција поврзани со случајот „5Д“, пренесуваат албанските медиуми.
ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Ти одлучуваш! ГЛАСАЈ
Сарачини: Не дозволувајте некој друг да носи одлуки место вас, излезете и гласајте
Граѓанскиот активист и новинар, Петрит Сарачини, ви порачува: Излезете и гласајте. Не дозволувајте некој друг да носи одлуки место вас. „Излези и Гласај! Биди дел од демократскиот процес, биди дел од подобрата иднина на својата земја“, вели Сарачини.
ПРОПАГАНДА
И сѐ до последното ревносно медиумско покривање на посетата на Лавров на Кина, како на времето при посетите на Тито на Северна Кореја, што и не зачудува, имајќи го предвид фактот дека токму македонските новинари беа единствените кои му пружија големо внимание на маргинализираниот Лавров при посетата на Самитот на ОБСЕ во Скопје, а и многупати досега служеле како мегафони на Лавров и руската пропаганда, додека истовремено, во наративите на политичките опции што ги поддржуваат овие медиуми, Русија и Кина се посочуваат како алтернативи за НАТО и ЕУ. И руска,и кинеска пропаганда, и домашни антизападни наративи, 3 во едно., пишува Драган Мишев во анализата „Песков и Лавров – пропагандните ѕвезди во информативниот простор на проруските македонски медиуми“
СЛОБОДНА ЗОНА
Кога велам не сум ги видел да го креваат гласот, не мислам само да излезат со транспарент на кој пишува „изградете ја салата“, тука да викаат и врескаат да не ни ја распарчат културата. Мојот комшија рече дека „Скопје изгоре“, а не го интересираше ниту објаснувањата на бирократските раководители за тоа кој е виновен. Сите ја знаеме вината, но едноставно сме избрале да не ја откриеме, затоа што културата одамна е откорната од нас, пишува Назми Абдурахмани во колумната „Скопје во пламен“
Совршен пример, кој веќе го спомнував, се случи на крајот на август 2023 година, кога свештеникот познат како „отец Антониј“ ритуално ја попрска статуата на Сталин висока осум метри со света вода во регионот Псков во Русија. Иако црквата страдаше за време на владеењето на Сталин, објасни свештеникот, благодарение на тоа имаме многу „нови руски маченици и исповедници на кои сега се молиме и кои ни помагаат во обновувањето на нашата татковина“. Оваа логика е само еден чекор од идејата дека Евреите треба да му се заблагодарат на Хитлер што ги создал условите што овозможиле формирање на државата Израел. Ако тоа звучи хиперболично или како лоша шега, имајте на ум дека некои ционистички екстремисти блиски до израелската влада отворено ја застапуваат токму таа позиција, пишува Славој Жижек во колумната „Нема варварство без поезија“
АНАЛИЗИ
Ахмети, соочен со голема противничка коалиција ја спроведува стратегијата „секој глас е битен“ без разлика на разликите со партнерите во програмата, каузата, идеологијата или историјата на политичка конфронтација, која некогаш вклучила дури и насилство и конфликтни ситуации. Целта е да постигне што подобар резултат на првиот круг на претседателските избори, а потоа и на парламентарните избори. Со поголем број на пратеници, тој се обидува да оневозможи формирање на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ со албанската опозиција, а од друга страна, во случај да се формира коалиција со СДСМ, да го зачува премиерското место за Талат Џафери, што секако дека за социјалдемократите со ваков рејтинг би било прифатливо. Кој се концентрира на теоријата на легитимитетот „победникот со победникот“, греши!, пишува Сефер Тахири во анализата „Мултиетничката стратегија на Ахмети“
Подготви: Д. Мишев