• Latest

24 ЧАСА: Извештајот на ЕК е искрен и правичен; според Пивоваров, не постои однапред најавен терористички напад; Уставот го издржа тестот на времето – интервју со Фрчкоски

November 9, 2023

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Извештајот на ЕК е искрен и правичен; според Пивоваров, не постои однапред најавен терористички напад; Уставот го издржа тестот на времето – интервју со Фрчкоски

November 9, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Извештајот на ЕК е искрен, но правичен, Северна Македонија да ја искористи создадената динамика во процесот на проширување

„Извештајот на ЕК се стреми кон тоа да даде јасна и објективна оценка за напредокот. Иако, потенцира одредени области каде е постигнат напред, тој е многу искрен за одредени области…

Маричиќ: Извештајот на ЕК е рефлексија за нашата секојдневна борба за унапредување на општеството

„Владата и администрацијата мобилизираат значајни ресурси и активно учествува во скрининг процесот. Скрининг процесот ни ја дава основата за дефинирање на идните реформски приоритети од ЕУ агендата кои што треба…

Гир: Процесот за пристапување кон ЕУ бара консензус меѓу политичките партии за клучните реформи

„Во извештајот се искажува загриженост за политичката политризација, која што влијаеше особено врз пработата на Собранието, со што се одложуваат потребните реформи и важните назначувања. Ова вклучува и активно блокирање…

Маричиќ: Иднина во ЕУ, а не изолација, тоа е нашата определба

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во просториите на Прес центарот на Владата заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир одржаа прес-конференција по повод објавувањето на Извештајот на Европската комисија …

ИЗЈАВА ДЕНОТ

Пивоваров: Никаде во свет не се случил терористички напад кој однапред е најавен

Никаде во свет не се случи терористички напад кој однапред е најавен. Лажните дојави за бомби во училиштата предизвикаа штета, родителите на дечињата беа загрижени и исплашени. Меѓутоа, на крај гледате од сето тоа немаше ништо. Значи целта беше постигната, тука имаме налогодавач кој треба да плати, тоа се професионални или поединечни стуктури кои ги прават и шират ваквите лажни вести. Денешната ера на роботика овозможува во еден момент да се креираат илјадници лажни адреси. Тоа ти е како пушкомитралез кој во една секунда исфрла илјада куршуми – од една страна сее смрт, а од друга сее незадоволство, разочараност кај луѓето, конкретно насочени кон институциите дека се неспособни“, објаснува проф. Пивоваров.

ВТОР ДЕЛ ОД ЕКСКЛУЗИВНОТО ИНТЕРВЈУ СО ПРОФ. ФРЧКОСКИ: Македонскиот устав го издржа тестот на времето, обезбедува широка рамка за почитување на човековите права и слободи

Во второто продолжение на големото интервју со проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски, разговараме за концептот на македонскиот устав, на неговата сеопфатност, во чии рамки успешно се креира рамка за тоа што тој го нарекува граѓанственост, но и за максимално почитување на човековите права и слободи на индивидуално и колективно ниво. (ЛИНК до прилогот со видеото и транскрипцијата на интервјуто))

Проф. Фрчкоски говори за инкрементализмот како техника во креирањето, пишувањето на уставот и за широчината во решавањето на клучни прашања во едно мултикултурно општество, без да се наметнуваат норми кои може да доведат до гетоизација, па и дестабилизација на државата.

Ова интервју на ЦИВИЛ МЕДИА со проф. Фрчкоски се прави по повод неговата нова книга „Белешки за македонскиот конституционализам, концепт на Уставот од 1991 година“ во издание на ЦИВИЛ. И книгата и ова интервју фрлаат светлина на најважните прашања во еден критичен општествено политички момент за нашата земја.

(Линк до ПРВИОТ ДЕЛ)

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Стејт департмент: Кремљ финансира антиукраинска кампања за дезинформации во Латинска Америка

Руската влада моментално спроведува тековна, добро финансирана кампања за дезинформации низ Латинска Америка, вклучително и со преплавување на медиумите со пропаганда и лажни вести, чија цел е да ја поткопаат…

Најмалку 25 украински новинари се во руско заробеништво

„Најмалку 25 новинари остануваат во руско заробеништво. Исто така, се осврнуваме на затворањето на новинарите, татарски граѓани на Крим, во казнени објекти како заробеници…

КОНФЛИКТИ

Во тек се преговори за тридневен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за ослободување на десетина заложници на Хамас

Во тек се преговори за постигнување договор за тридневен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за ослободување на десетина заложници кои ги држеше Хамас, јавува Бета, пренесе…

Повеќето болници во Газа престанаа да функционираат, соопшти палестинското Министерство за здравство

Поголемиот дел од болниците во Газа, 18 од 35, престанаа да функционираат, според палестинското Министерство за здравство во Рамала, кое црпи бројки од територијата под контрола на Хамас, пренесува Си-Ен-Ен….

Комесарот за човекови права на ОН вели дека воени злосторства биле извршени и од Израел и од Хамас

И Хамас, и Израел извршија воени злосторства од избувнувањето на конфликтот минатиот месец, изјави во средата Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк…

АЛ -ПРЕС

Една недела по тензичните седници, албанскиот парламент денеска започна со заседавање, повторно со попречување на работата од страна на опозицијата. Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер  на прес конференција повтори дека нацрт предлогот за Заедницата  е составен да биде во согласност со уставната рамка на Косово и дека нема да има извршни овластувања.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Советот на постојани претставници на ЕУ го усвои Писмото со кое се упатува покана до земјава да ги подготви Патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација за отворање преговорите по Кластерот 1- „Фундаментални вредности“…

ПРАВДА Извештајот на ЕУ за напредокот на секоја земја кандидат за членство е “свидетелство” со оценки за институциите. Делот на извештајот за судство во најголем дел е оценка за работата на Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година.

МУЛТИКУЛТУРА  Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам, истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на 42-та Генерална конференција на УНЕСКО во Париз…

НАРОДНА БАНКА „Годинава ќе ја завршиме со раст од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто“, истакна гувернерката на Нардна банка Анита Ангеловска Бежоска…

АНТИКРИЗНИ МЕРКИ „Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата…

ЗАТВОРСКИ УСЛОВИ Иако инфраструктурата беше реновирана и подобрена во голем број затворски објекти, условите во делови од затворот Идризово и другите притворски установи од затворскиот систем остануваат нехумани…

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

ОСЛОБОДИ ГО УМОТ: Попоска и Пивоваров за клучните елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани

Универзитетските професори Весна Попоска и Владимир Пивоваров учествуваа на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Ослободи го умот: Клучни елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија“. Модератор на панелот беше Дехран Муратов, координатор во ЦИВИЛ и уредник во медиумската платформа на организацијата.

АНАЛИЗИ

Следните претседателски избори во Русија се само неколку месеци, но политичките стратези на Путин работат на неговата предизборна порака повеќе од две години. Да, Кремљ планира да се вклучи во измама за да го обезбеди изборот на Путин, но тоа не значи дека неговата популарност не е важна.

Настаните како целосната инвазија врз Украина, проследени со неуспесите на бојното поле, како и налогот за апсење на МКС против Путин постојано ги враќаа планерите на кампањата на таблата за цртање, но според изворите на Медуза, тие конечно се спуштиле на наративот: Западот е зафатен во хаос, додека Русија е „остров на спокојството“ благодарение на својот мудар и бестрашен лидер, пишува Драган Мишев во анализата „ Претседателската кампања на Путин ќе ја минимизира војната поради неуспесите, додека ја прикажува Русија како „остров на спокојството“, а Западот полн со проблеми“.

СТАВОВИ

Последниот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Северна Македонија ја извади на површина вистинската пречка за европското патување на државата. Политичката поларизација и блокирањето на работата на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се слабостите кои се истакнати во Извештајот. Поглавјето 23 е едно од најобемните и сложени поглавја, а брзината и времетраењето на преговорите во оваа област директно влијаат врз напредокот во другите аспекти на преговорите со Европската унија. Политиките на ЕУ во оваа област имаат за цел да ја одржат и понатаму да ја развиваат Унијата како област на слобода, безбедност и правда. Политиките во поглавјето 23 поделени се на четири главни и меѓусебно поврзани области: правда, борба против корупција, основни права и права на граѓаните на ЕУ, пишува Дестан Јонузи во „Извештајот на ЕК потврди: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кочничари на напредокот на државата на патот кон ЕУ“.

 

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиВојна во УкраинадезинформацииизјавиконфликтиМултикултурапропагандаставовитеми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ