ВЕСТ НА ДЕНОТ
Неколку украински деца киднапирани од Русите насилно испратени во Северна Кореја, илјадници испратни во руски кампови за милитаризација и русификација
Има најмалку два случаи на украински деца киднапирани од руските сили во источна Украина кои биле насилно префрлени во камп во Северна Кореја, изјави Катерина Рашевска, правен експерт во Регионалниот центар за човекови права на Украина, пред поткомисијата на американскиот конгресен комитет на 3 декември, пренесува Кијив Индипендент.
„12-годишната Миша од окупираниот регион Донецк и 16-годишната Лиза од окупираниот Симферопол беа испратени во кампот Сонгдовон во Северна Кореја, на 9.000 км од дома“, сведочеше Рашевска. „Децата таму беа учени да „уништуваат јапонски милитаристи“ и се сретнаа со корејски ветерани кои, во 1968 година, го нападнаа бродот на американската морнарица Пуебло, убивајќи и ранувајќи девет американски војници.“
Сведоштвото дојде на почетокот на расправата за апропријација на американскиот Сенат за масовното киднапирање на украински деца од страна на Русија.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
СВЕТ
Израел ги идентификуваше предадените останки од киднапираниот заложник како тајландски државјанин
Израел го идентификуваше телото што го прими преку Црвениот крст во среда како 43-годишниот тајландски земјоделски работник, Сутисак Ринталак, според кабинетот на премиерот, пренесува Би-би-си.
Ринталак беше еден од последните двајца починати заложници кои сè уште се во Газа. Телото на последниот преостанат заложник, Ран Гвили, 24-годишен израелски полицаец, останува во Газа.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како ќе влијае врз вашиот буџет поскапувањето на парното и струјата?
ИНТЕРВЈУ
Касале: Примирје е неопходно, но праведен мир не е на повидок
Во интервју за W News со Ли-Ан Џеранс на Al Arabiya English, Роџер Касали од Вестминстер Алијансата за Украина предупреди дека Европа мора итно да „се разбуди“ пред долгорочната закана што ја претставува Русија и значително да ги засили сопствените одбранбени капацитети. Неговите коментари следат по уште една неуспешна иницијатива на американските претставници Стив Виткоф и Џеред Кушнер да добијат руска согласност за нов мировен план.
Конфликт заробен во повторување
На прашањето дали повторувањето на дипломатските обиди наликува на „Денот на верверичката“, Касали се согласи дека ситуацијата е заглавена во циклус без јасен излез.
„Путин нема план како да излезе од оваа војна“, рече тој и додаде дека Кремљ ја користи војната за внатрешно политичко одржување. „Ова нема скоро да заврши.“
АНАЛИЗА
Влијанието на руската политика за остварување на своите цели не е врзана за етнос или идеологија. Таа главно се концентрира на создавање на нестабилност, дури и онаму каде постои силен сентимент кон баќушките. Особено кога е во прашање рушењето на конкретните придобивки за Москва во минатото, како што е случајот со парадоксот на монополот што постоеше на руската нафта. Тоа е паноптикумот за согледување на корените на постојните немири кај источниот сосед, особено сега пред влезот на таа земја во еврозоната“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Се лизна ли бугарската влада на нафтата на „Лукоил“?“.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Ерата на вооружена несигурност повеќе не се мери со хартиени договори, туку со калибарот на оружјето каде што границите се гарантирани не со високи идеали, туку со рамнотежа на интереси. Поделбата на Украина можеби никогаш нема да биде законски прифатена, но може да биде наметната де факто. Во оваа голема шаховска игра, прашањето што останува да виси е, дали војната завршува или едноставно отвора ново, уште по нестабилно поглавје за безбедноста на нашиот континент?“, пишува Сафет Зеќири во колумната „Каква Европа ќе имаме откако војната во Украина конечно ќе заврши?“.
Д. Муратов
















































