• Latest
Добро утро со Орданоски

Хојт Ји во превод на српски

October 27, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Хојт Ји во превод на српски

October 27, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Е[/dropcap]дна посета на Хојт Ји на Србија – направи тотален хаос на тамошната внатрешно-политичка сцена! Два-три дена по средбата, претседателот Вучиќ уште не смислил како да ги опише разговорите во јавноста (иако неговите ликвидаторски медиуми веќе отворија неколку истребувачки пропагандни војни наоколу); Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи (и кафеанско пеење) на Србија, во свој стил, со избрани зборови на потценување и потсмев, јавно го изнавреди високиот американски дипломат; потпретседателката на тамошната влада, Зорана Михајловиќ, која со Ји ја имаше најопуштената и најпријателска средба за време на неговата посета, од српските радикали и од српските националисти (кои седат во владата на Србија), како и од големата проруска сцена во Белград, веќе е прогласена за национален предавник и за „резервен играч на САД во Белград“; премиерката Брнабиќ протоколарно се смешка… А Милорад Додик од Република Српска порача дека американскиот дипломат ја нема поддршката на американскиот народ! Ух, колку ми звучи познато…

А Хојт Ји, во суштина, посетата ја искористи за на Србија да ѝ го објасни простиот закон на физиката во политиката: „Можете да седите на две столици, но не во исто време!“… Можете да имате врски со Русија, сите ги имаме – им порача Ји на српските политичари – но, ако искрено сакате да влезете во ЕУ и да се интегрирате во западниот развиен свет, тогаш за тоа мора да потрошите многу повеќе ресурси, енергија и време, во сите неопходни реформи. „За САД е важно Европа да биде мирна, стабилна и просперитетна. Нашата безбедност е поврзана, како и нашата економија, и заради тоа сакаме да учествуваме во тој процес (на дијалогот со Косово).“ Итн.

Така говореше Хојт Ји. Сега во Белград.

Слично говореше Хојт Ји пред година-две и во Скопје. Овдека наиде на политички курнази со „тапи“ уши. Нивниот епилог е познат.

Од тоа „македонско сценарио“ – да паднеш во процепот кога сакаш истовремено да седиш на две столчиња – се плаши Вучиќ. Тој е копија на Груевски, само во српско мега-издание: во Србија потенцијалите и за големи постигања и за предизвикувања катастрофи се неспоредливо поголеми од оние во Македонија. Овдека деспотите, на крајот, може да завршат и како тажни креатури кои бараат спас во „длабински анализи“ на поразите; таму може да се случи да одговараат и за воени злосторства. Тоа е така, бидејќи Србија е уште една балканска земја „изгубена во преводот“, растргната помеѓу минатото и иднината, помеѓу Истокот и Западот, помеѓу традицијата и модерноста… Вучиќ е сето тоа заедно, во двеметарско издание!

Мојата теза е дека Србија во моментов е Македонија во, отприлика, 2013 година. Уште се во првото полувреме на натпреварот, имаат уште измени за правење, па пауза меѓу двете полувремиња, па второ полувреме, па можни продолженија – кај нас шутиравме и пенали за да го поразиме тимот што долги години победуваше со местење на натпреварите. Ќе има таму уште многу непредвидливи перипетии.

Но, целата оваа српско-американска епизода ме потсети на нешто друго, на слична тема: не би се изненадил ако македонскиот претседател Иванов реши да не ги прифати дипломатските акредитиви на Хојт Ји за нов американски амбасадор во Скопје, следната година. Претпоставувам дека ќе има во тоа, на заминување, една мала лична сатисфакција за Иванов, кому ушите уште би морало да му се црвени по последните средби со овој Американец.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Александар ВучиќАна БрнабиќБрајан Хојт ЈиЃорге ИвановЗорана МихајловиќИвица ДачиќМакедонијаМилорад ДодикНикола ГруевскиРусијаСАДСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ