• Latest

Осуда за вербалните напади против медиумите, Северна Македонија е силен сојузник на НАТО, можни сценарија за Украина во 2023 година

January 16, 2023
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Осуда за вербалните напади против медиумите, Северна Македонија е силен сојузник на НАТО, можни сценарија за Украина во 2023 година

January 16, 2023 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ: Вербалните напади против медиумите е напад врз слободата на говорот!

„Цивил – Центар за слобода ги осудува сите облици на дискредитација на медиумите кои многу често потекнуваат од изјавите и однесувањето на дел од политичарите, во директна и индиректна форма. Со премногу леснотија, работата на медиумите се генерализира или се посочуваат одредени новинарски куќи или професионалци како непожелни или злонамерни. Дури и изјавите во кои политичарите индиректно осудуваат одредени медиуми, може да предизвика говор на омраза, па и насилство од нивните поддржувачи.“ се наведува во соопштението  од ЦИВИЛ.

Новинарските здруженија и медиумите со осуда за дискредитацијата на медиумите од страна на политичарите

Лавина од реакции предизвика говорот на претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, кој на партиски настан, медиумите (Алфа и Телма) ги нарече непријатели на Албанците. На оваа изјава, но и на други примери од минатото, реагираше и ЦИВИЛ. Со реакции излегоа и ЗНМ, АВМУ, како и низа медиуми. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети за време на говорот во Гостивар ги коментираше поделбите во партијата, и кажа дека овие поделби им служат само на непријателите на Албанците.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска: Како земја покажавме дека сме навистина силен и оправдан сојузник на НАТО Алијансата

„Северна Македонија, особено Министерството за одбрана во овие моменти се покажа како навистина силен оправдан сојузник во НАТО Алијансата преку поддршката и политичка и неколкуте донации кои се состоеја од воена помош и поддршка со што сакавме да кажеме дека навистина сме на вистинската страна, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска на мултимедијалниот и медиумскиот настан организиран од ЦИВИЛ и интегрираната редакција на ЦИВИЛ Медиа „Перспективи 2023“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

„Според анализата на Цивил и информациите до кои дојде од неколку извори во своите редовни комуникации со експерти,  од повеќе области, домашни и странски, који ја следат состојбата со војната во Украина, можно е уште едно сценарио, а тоа е Путин да настојува на „Status quo“ на состојбата во Украина, со исцрпувачки позиционирани борби на линијата на фронтот, и уште по жестоки ракетни напади на русите врз критичната инфраструктура на Украина, надевајќи се на преговори под руски услови и со сегашниот распоредот на силите и освоените територии.“, извадок од анализата на ЦИВИЛ „Status quo, позиционирање за преговори и проширување на конфликтот како можно сценарио за текот на војната во Украина во 2023“.

 

Руската агресија врз Украина, која започна како „специјална операција“, и која, според пресметките на Кремљ требаше да трае од 48 до 72 часа, време доволно за руската војска да го заземе Кијив,  влегува во втората календарска година. И во Новата година продолжија руските ракетни напади врз украинската критична инфраструктура во кои страдаат голем број цивили, како и жестоките борби околу Бахмут, и особено кај Соледар, каде борбите се водат буквално „гради в гради“. Неколку воени аналитичари за Би – Би – Си го искажаа своето согледување за тоа како мислат дека ќе се одвиваат настаните на теренот во 2023 година. Дали и како може да заврши војната оваа година – на бојното поле или на преговарачка маса? Или можеби ќе заврши до 2024 година?,  извадок од анализата „ Војна во Украина: 5 + 1 сценарио според кое може да се одвива конфликтот во 2023 година“

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОСЕТА Шефот на македонската дипломатија и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, утрово пристигна на Главната железничка станица во Кијив и ја почна посетата на Украина.

РЕАЛИЗАЦИЈА Минатата година биле реализирани речиси 90 проценти од предвидените капитални  проекти, а вредноста на инвестициите на државата по тој основ во последните три години изнесува 1,1 милијарда евра, посочи премиерот Ковачевски.

ПОДДРШКА  Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ ќе се залага да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина, порача денеска министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, кој во рамки на денешната посета на Украина го посети Бородјанка во кијивската област, кој е силно погоден од воените дејствија.

ВОНРЕДЕН НАДЗОР Управата за извршување на санкциите на 13-ти овој месец спроведе вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бегството на осуденото лице Беким Мемети, информираат денеска од Министерството за правда.

СВЕТ

МАФИЈА Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави италијанската новинска агенција АНСА.

ДАВОС Денеска почнува 53-от Светски економски форум во Давос, кој ќе трае до 20 јануари, и на кој ќе учествуваат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности.

АВИОНСКА НЕСРЕЌА Спасувачките екипи ги пронашле двете црни кутии од патничкиот авион што се урна во близина на непалскиот град Похара, при што загинаа 68 патници, а уште четворица се водат како исчезнати во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години.

АЛ-ПРЕС

Формирањето на Заедницата на српски општини во Косово и реакциите по ова прашање, одбележувањето 24 години од на масакрот во Речак, албанските мигранти во Британија и политичките изјави, како и последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети,  се  теми кои преовладуваа и во текот на викендот и утрово во албанските медиуми во регионот. Овие теми се дел од изборот на  редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денеска.

ИНТЕРВЈУ

Земон: Справувањето со создавање здрава животна средина е еден од поголемите предизвици на денешницата

ЦИВИЛ Медиа разговараше со директорот на Центарот за напредни истражувања г. Рубин Земон, по повод 11-та годишна конференција насловена „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“, што ќе се одржи во  Охрид на 18 и 19 јануари 2023 година.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

2023 година: Осум сценарија за Северна Македонија

„Пред вас е кратката верзија од осум сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија. Текстот е на места со намерни претерувања и сатира чија цел е да ги насмее, но и замисли читател(к)ите. Сепак, ниту едно сценарио не е невозможно. Дури и осмото.“, прочитајте  5 од 8-те  „сценарија“ во последователните анализи од Џабир Дерала.

(2023) Сценарио 1/8: Радикализација на опозицијата, погрешни потези на социјалдемократите, вмровците победуваат на избори, но не составуваат влада

(2023) Сценарио 2/8: Бугарски синдром, шампита-пуч, политичко и законодавно лимбо

(2023) Сценарио 3/8: Ризик по опстанокот на државата

(2023) Сценарио 4/8: ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа

(2023) Сценарио 5/8: Враќање на Груевски

Драган Мишев

„Дали ви е познато чувството кога се движите со автомобилот по угорница и одеднаш автомобилот губи сила, станувате свесни дека нема да можете да го искачите ридот, панично и беспомошно стискате на педалата за гас, но бесполезно, автомобилот не забрзува, и веќе чувствувате дека нешто ве влече назад, и дека нема да успеете да се искачите до врвот…“, извадок од Брза Пошта од Драган Мишев „Москвичот“ на Путин снемува гас“.

„Од сите досегашни високи НАТО функционеро, Путин придонесе најмногу за ширење на Алијансата, особено на Северот и Истокот на Европа, како и за збивање на редовите и јакнењето на (разнишаната) доверба помеѓу земјите- членки на Алијансата“, „Топ 5 професии кои би можел да ги работи Путин по (рас)паѓањето од власт“ во  Озбилно од Драган Мишев.

Зоран Бојаровски

„Гледаме како некое типче со „Газпром“ брендирана јакна го затвора вентилот и го запира гасот кон Европа и останатите западни земји и кај нив настапува долга и студена зима.

Ова е само едно повеќето видеа со сличен стил што ги избравме за оваа анализа со заедничка тема за енергетската криза со којашто ќе се соочат Европјани произведени во висококвалитетна, професионална продукција. Сите видеа имаат англиски преводи, што укажува дека се насочени кон странска публика.“, извадок од анализата „Бумерангот на руската пропаганда“, од Зоран Бојаровски.

 

 

Д. Тахири 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АЛ-ПРЕСБојаровскиДералаДневникКијивМишевОсманиПетровскаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ