• Latest
Архива

Северна Македонија се сеќава на жртвите од Холокаустот, да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата, БиХ да воведе визи за Русија

January 27, 2023

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најмалку 40 мигранти, вклучувајќи бебиња, загинаа при потонување на брод кај Тунис

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Северна Македонија се сеќава на жртвите од Холокаустот, да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата, БиХ да воведе визи за Русија

January 27, 2023 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Архива

Архива

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот одбележан во МНР-Северна Македонија се сеќава на сите жртви од оваа црна дамка на историјата на човештвото

Настанот почна со една минута молк, во знак на почит кон жртвите кои настрадаа само затоа што беа Евреи. Воведно обраќање имаше министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој меѓу другото ја нагласи важноста од сеќавање на Холокаустот кој не смее никогаш да се повтори и потребата од учење на лекциите кои што произлегуваат од тоа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата

Да  кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и кои било облици на нетолеранција, напиша премиерот Димитар Ковачевски во пораката по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот. Во пораката премиерот вели дека овој ден е „ехо на ужасната загуба на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, меѓу кои и 7144 македонски Евреи, во логорот на смртта Треблинка и порака дека вакви злодела никогаш повеќе не смее да се повторат“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОТВОРЕН БАЛКАН: Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, не се ратификувани само во македонскиот парламент.

EВРОИНТЕГРАЦИИ Помеѓу Бугарија и Северна Македонија постои механизам кој треба да придонесе за намалување на тензиите и за идентификување на појавите на омраза, кој е јасно наведен во Протоколот што лани го потпишаа министерствата за надворешни работи на двете земји, но тој не се спроведува, вели советничка за надворешна политика на поранешниот премиер Кирил Петков, Весела Чернева.

ПОЛИТИКА Европската унија (ЕУ) бара од Босна и Херцеговина (БиХ) како земја кандидат да воведе визи за граѓаните на Руската Федерација.

„Очекуваме БиХ, како земја-кандидат, целосно да ја усогласи својата надворешна, безбедносна и трговска политика со политиките на ЕУ. За да функционира добро безвизниот режим со ЕУ, се очекува и БиХ целосно да се усогласи со визната политика на ЕУ, која не предвидува безвизен режим со Русија“, потврдија од Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина за Радио и телевизија на Република Српска (РТРС).

СКОПЈЕ Програмските уредници на Младинскиот култуирен центар, денеска излегоа на прес конференција, по обвинувањата што кон нив и кон инстутуцијата за наводни нерегуларности, ги упати градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Тие бараат да престане мобингот и заканите кон вработените, и доколку има нерегуларности тие да се докажуваат по законски и правен пат. Поставувањето на директорот кој е професионален детектив, според нив е политизација и партизација на институцијата и бараат да се отвори фер и регуларен конкурс за избор на квалификуван директор на МКЦ.

РЕГИОН Со 143 гласа „за“ и 156 „против“, грчкиот Парламент го отфрли предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на актуелната Влада. За пад на Владата на Мицотакис, потребно беше предлогот на СИРИЗА да добие гласови од најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот. Владејачката Нова демократија има 156 пратеници и сите беа против предлогот за недоверба на Владата.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Советот на Европа бара судење на руските и белоруските лидери

Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во четвртокот едногласно побара формирање на специјален меѓународен кривичен суд во Хаг за кривично гонење на руските и белоруските политички и воени лидери кои „планирале, подготвувале, иницирале или извршиле“ руска агресорска војна против Украина.

(ИЗБОР) Албански медиуми

Аферата „Мекгонигал“ во Албанија зема нови димензии во фокусот на медиумите во Албанија, а во Косово на прво место е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, односно, предлог статутот од ФЕС. Ова е само дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

На Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, ЦИВИЛ како организација за човекови права потсетува на времето геноцидот врз европските Евреи за време на Втората светска војна, кога Помеѓу 1941 и 1945 година, нацистичка Германија и нејзините соработници систематски убиваа околу 6 милиони Евреи низ Европа окупирана од Германија. ЦИВИЛ потсетува дека и ова глобално зло, во кое на грозоморни начини им се одземале животите на милиони невини луѓе само затоа што нацистите и нивните соработници во нивната извртена и антисемитска идеологија сметале дека Евреите (и не само) се понизок облик на живот што ја „контаминира“ ариевската „чиста“ раса,  во самите почетоци на ова мега насилство, иницијално е поттикнувано со говор на омраза, а кое потоа прераснало во намерно физичко насилство со предумисла за фатални завршетоци.

АНАЛИЗИ

Јавноста е запознаена со веќе објавените „нон-пејперс“, кои му се припишуваат на до неодамна словенечкиот премиер Јанез Јанша (СДС/ЕПП), кои предвидуваат прекројување на границите на Балканот и исчезнување на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија како држави. Јанша е познат како близок соработник на унгарскиот премиер Виктор Орбан (Фидес), кој основаше мрежа за инвестиции и медиумска мрежа на Балканот. Основаше бројни медиумски портали, кои произведуваат лажни вести и продуцираат разни афери. Тој индиректно е и сопственик на сараевски медиуми, пишува во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана, по повод формирањето влада во Босна и Херцеговина по деветтите општи избори.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Ромите, ни криви ни должни, станаа мета на говор на омраза по претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид. Поради инцидентот во Охрид, министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков го повлече бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов кој ќе остане надвор од Северна Македонија се додека, како што рече, Софија не види знаци на промена, пишува Дехран Муратов во својото коментар „Удри по „циганите“ за да ги здоболе Бугарите!

СЛОБОДНА ЗОНА

Љубиша Николовски

Седат на маса Бугарин, кој подолго време живее во Македонија и „бугараш“ (од)роден Македонец и прават муабет. Бугаринот си зборува на македонски јазик, а бугарашот се мачи да му одговара на бугарски! Ете тоа е нашата заедничка трагедија, на Македонија и на Бугарија. За Бугарските власти не се битни „ас“ Бугарите, туку овие другите. Зошто, затоа што своите си ги сметаат за сигурни, ама на овие другите треба да им се зголеми бројот. Настана голема „фуртутма“ (читај, неред, збрка, конфузија) околу претепувањето на младиот охриѓанец, извесен Христијан Пендиков, секретар на културниот центар „Цар Борис трети“. За жал, и такви работи се случуваат низ улиците и „ноќните кафеани“ било каде на земјината топка, но од друга страна, тоа би било само уште една ефемерна вест од рубриката „црната хроника“ низ нашиот сајбер простор, ако, само за момент, немаше околу таквата вест „специфични околности“ заради кои се случила на прво место. Да го искористам сега пледоајето на Дејвид Сашет алијас Херкул Поаро, па да видиме кои се мотивите на овој немил настан, драг мој господине Хејстингс!, пишува Љубиша Николовски во колумната „ВМРО-ДПМНЕ да си ја преиспита каузата, „за младите да не бараат друга, во други држави“

Во Северна Македонија има наезда од затвореници кои мирно си ги извршуваат своите дневни „обврски“, повеќето за кои се осудени и затворени, надвор од своите затворски ќелии, пишува во својот коментар „Наезда од слободни „затвореници“ во Северна Македонија“ Диана Тахири.

 

 

С.Танеска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АлбанијаБиХговор на омразаслободна зонахолокаустцивилни активности
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ