• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанското собрание исклучи 23 опозициски пратеници, револуцијата на Бериша влегува во нова фаза, црногорски полицаец изврши брутално насилство врз албански професор

February 22, 2023

Дискредитирана украинска пратеничка во служба на руската пропагандна машинерија и нејзините сателити

August 10, 2025

Пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на Зеленски од функцијата

August 10, 2025
фото: принтскрин Жаре Стеваноски

МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

August 10, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Активни четири пожари

August 10, 2025
Фото: принтскрин ТВ 21

Убиство во Тетово

August 10, 2025
Фото: Скриншот Х

Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на Газа

August 10, 2025
МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

August 10, 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува полицијата за партиски цели во Демир Хисар за заплашување пред избори

August 10, 2025

ВЛЕН: Единствената „победа“ за Османи беше приемот на рускиот министер Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје

August 10, 2025

Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и сцената за легитимирање на злосторникот од Кремљ

August 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанското собрание исклучи 23 опозициски пратеници, револуцијата на Бериша влегува во нова фаза, црногорски полицаец изврши брутално насилство врз албански професор

February 22, 2023 10:57
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во албанското Собрание продолжуваат тензиите, досега се исклучени 23 пратеници од опозицијата, а лидерот на демократите, Сали Бериша, најави дека револуцијата пред 14 мај, кога ќе се одржат изборите во Албанија, влегува во нова фаза. На социјалните мрежи се појави видео во кое црногорски полицаец врши брутално насилство врз албански граѓанин, академикот  Петраќ Мило. Од полицијата на Црна Гора соопштуваат дека е започната истрагата за насилството. Во продолжение се уште неколку теми  од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

СУРИ: Собранието за еден месец исклучи 23 пратеници од опозицијата

„Со иницијатива на социјалистите, Секретаријатот за процедури, гласање и етика во вторник одлучи да исклучи 8 членови на Демократската партија од работата на Собранието.

Со последните казни бројот на пратеници од опозицијата кои добија дисциплински мерки во рок од еден месец, се покачи  на 23.“, пренесе албанскиот дневник Сури.

ТВ КЛАН – Бериша: Револуцијата преоѓа  во нова фаза

„Протести и подготовки за победа на локалните избори на 14 мај. Ова ќе бидат патиштата на опозициската револуција за рушење на владата на Рама. Нив ги објави претседателот на Демократската партија Сали Бериша на состанокот на Националниот совет на ДП. Според него, револуцијата влезе во нова фаза.“, пренесе албанскиот медиум ТВ Клан.

ИНА: Брутално полициско насилство врз професорот Петраќ Мило, црногорската полиција започна истрага

„Полицијата на Црна Гора соопшти дека започнала истрага за насилството на црногорската полиција врз професорот Петраќ  Мило на границата со Албанија на 15 јануари.

Според црногорската полиција, идентификувани се сите службеници кои биле присутни на настанот и во тек е истрага за изведба на сторителите пред лицето на правдата.

Тешкиот инцидент се случил на 15 јануари, додека денеска е објавено уште едно видео на кое се гледа црногорскиот полицаец кој откако брутално го удира професорот Петраќ Мило се обидува насилно да го извлече од автомобилот.“, пренесува албанскиот медиум ИНА.

ШЕКУЛИ: Албанците потрошиле 350 милиони евра „од џеб“ за здравство во 2021 година, бизнисите заработиле 85 милиони евра

„Податоците на ИНСТАТ за индикаторот „Здравје и социјална работа дејности“ откриваат дека приходот на оваа категорија во 2021 година во Албанија, достигнал речиси 41 милијарда леки  или 350 милиони евра, што претставува историски рекорд.“, пренесува албанскиот медиум Шекули.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Во процесот Тачи и други се примени 84 нови жртви

„Специјализираните совети во Хаг вчера соопштија дека прифатиле уште 84 жртви во процесот против поранешните лидери на ОВК: Хашим Тачи, Реџеп Селими, Кадри Весели и Јакуп Красниќи.“, јавува косовскиот дневник Газета Експрес.

ЕПОКА Е РЕ: Наместо лична удобност, Хашим Тачи  избра соочување со историјата

„Денес, кога ја славиме 15-годишнината од независноста, пријателе, вие сте во Хаг. Не заборавајте дека таму сте во конфронтација меѓу цивилизацијата и дивината на истокот. Таму сте само поради една причина – зошто ја победивте Србија. Таму пред вас ќе имате досие со илјадници страници пишани обвиненија изнесени од српските судии и обвинители во Белград , и за жал, од некои Албанци кои сè уште работат за тој убиствен режим.“,извадок од колумната „Наместо лична удобност, Хашим Тачи  избра соочување со историјата“ на авторот Изми Зека, објавена во косовскиот дневник Епока е Ре.

Д. Тахири


Сите права се задржани.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Албанијаалбански медиумиБеришаздравствоизборнасилствоПетраќ МилополицијареволуцијарегионсведоциСобраниеТачиХагЦрна Гора
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ