• Latest

24 ЧАСА: Фридом хаус ја стави земјава во групата „циклични хибриди“; Украина не може да чека – повика Борел; се засилува кампањата за претседателските избори

April 11, 2024
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Фридом хаус ја стави земјава во групата „циклични хибриди“; Украина не може да чека – повика Борел; се засилува кампањата за претседателските избори

April 11, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Фридом Хаус: Надежите што се зголемија по соборувањето на Груевски допрва треба да се остварат, судството и понатаму е една од најкритикуваните институции во Македонија

„Во Северна Македонија, надежите што се зголемија во 2017 година по соборувањето на антидемократскиот премиер Никола Груевски допрва треба да се остварат“, се вели во најновиот извештај на Фридом хаус „Нации во транзиција 2024″, каде земјава е ставена во групата „Циклични хибриди“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Борел ја повика ЕУ да ја забрза воената поддршка за земјата: Украина не може да чека

„Повторно разговарав со министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, за напорите на ЕУ да ја забрза воената поддршка на Украина, особено кога станува збор за системите за противвоздушна одбрана и муницијата. Им се обраќам на земјите-членки на ЕУ да ги поканат да ја идентификуваат достапната опрема што и е потребна на Украина“, напиша Борел на платформата Х.„Украина не може да чека“, додаде шефот на европската дипломатија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ИДРИЗОВО Во најголемиот затвор ,,Идризово” во Скопје, денеска (11 април), биле извршени претреси. Од обвинителството ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали не откриваат …

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Како што кампањата за претседателските избори влегува во втората недела, така се засилуваат активностите на кандидатите и нивните изборни ветувања на средби со граѓаните систем…

КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР  МЗ преку соопштение попладнево информира дека поради дефект на еден од компресорите, во тек на два дена бил одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти…

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Масивен руски ракетен напад: Нападот беше извршен со цел да се нанесе најголема штета на цивилите. Украина во моментов е единствената земја во светот која речиси секојдневно е напаѓана со балистички ракети. Затоа, тука мора да бидат стационирани системи Патриот!!!, објави украинската амбаадорка во земјава, Лариса Дир на Твитер.

Украинската компанија ИНГУАР го претстави новото возило за воени и тактички апликации Inguar3. Тоа е врвно, мултинаменско, лесно тактичко возило дизајнирано да постигне максимални ефекти во различни воени, теренски и климатски услови.

КОНФЛИКТИ

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонски разговор со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека САД ќе застанат крај Израел против какви било закани од Иран и неговите подржувачи и повтори дека Вашингтон ја поддржува безбедноста на Израел, соопшти Стејт департментот.

 ИЗБОРНА ХРОНИКА

Кампањата на кандидатите за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април, влегува во втората седмица. Кандидатите продолжуваат со претставување на своите програми, со потсетувања на минати изборни процеси и политики водени од опонентите или партиите кои ги поддржуваат, на собири низ различни општини во земјата.

АЛ-ПРЕС

Албанската Опозиција повторно одржа протест пред општина Тирана, каде бара оставка од градоначалникот  Ерион Велиај, по приведувањето на неколку функционери од општината инволвирани во корупција поврзани со случајот „5Д“, пренесуваат албанските медиуми.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Ти одлучуваш! ГЛАСАЈ

Сарачини: Не дозволувајте некој друг да носи одлуки место вас, излезете и гласајте

Граѓанскиот активист и новинар, Петрит Сарачини, ви порачува: Излезете и гласајте. Не дозволувајте некој друг да носи одлуки место вас. „Излези и Гласај! Биди дел од демократскиот процес, биди дел од подобрата иднина на својата земја“, вели Сарачини.

 ПРОПАГАНДА

И сѐ до последното ревносно медиумско покривање на посетата на Лавров на Кина, како на времето при посетите на Тито на Северна Кореја, што и не зачудува, имајќи го предвид фактот дека токму македонските новинари беа единствените кои му пружија големо внимание на маргинализираниот Лавров при посетата на Самитот на ОБСЕ во Скопје, а и многупати досега служеле како мегафони на Лавров и руската пропаганда, додека истовремено, во наративите на политичките опции што ги поддржуваат овие медиуми, Русија и Кина се посочуваат како алтернативи за НАТО и ЕУ. И руска,и кинеска пропаганда, и домашни антизападни наративи, 3 во едно., пишува Драган Мишев во анализата „Песков и Лавров – пропагандните ѕвезди во информативниот простор на проруските македонски медиуми“

СЛОБОДНА ЗОНА

Кога велам не сум ги видел да го креваат гласот, не мислам само да излезат со транспарент на кој пишува „изградете ја салата“, тука да викаат и врескаат да не ни ја распарчат културата.  Мојот комшија рече дека „Скопје изгоре“, а не го интересираше ниту објаснувањата на бирократските раководители за тоа кој е виновен. Сите ја знаеме вината, но едноставно сме избрале да не ја откриеме, затоа што културата одамна е откорната од нас, пишува Назми Абдурахмани во колумната „Скопје во пламен“

Совршен пример, кој веќе го спомнував, се случи на крајот на август 2023 година, кога свештеникот познат како „отец Антониј“ ритуално ја попрска статуата на Сталин висока осум метри со света вода во регионот Псков во Русија. Иако црквата страдаше за време на владеењето на Сталин, објасни свештеникот, благодарение на тоа имаме многу „нови руски маченици и исповедници на кои сега се молиме и кои ни помагаат во обновувањето на нашата татковина“. Оваа логика е само еден чекор од идејата дека Евреите треба да му се заблагодарат на Хитлер што ги создал условите што овозможиле формирање на државата Израел. Ако тоа звучи хиперболично или како лоша шега, имајте на ум дека некои ционистички екстремисти блиски до израелската влада отворено ја застапуваат токму таа позиција, пишува Славој Жижек во колумната „Нема варварство без поезија“

АНАЛИЗИ

Ахмети, соочен со голема противничка коалиција ја спроведува стратегијата „секој глас е битен“ без разлика на разликите со партнерите во програмата, каузата, идеологијата или историјата на политичка конфронтација, која некогаш вклучила дури и насилство и конфликтни ситуации. Целта е да постигне што подобар резултат на првиот круг на претседателските избори, а потоа и на парламентарните избори. Со поголем број на пратеници, тој се обидува да оневозможи формирање на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ со албанската опозиција, а од друга страна, во случај да се формира коалиција со СДСМ, да го зачува премиерското место за Талат Џафери, што секако дека за социјалдемократите со ваков рејтинг би било прифатливо. Кој се концентрира на теоријата на легитимитетот „победникот со победникот“, греши!, пишува Сефер Тахири во анализата „Мултиетничката стратегија на Ахмети“

 Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиВојна во Украинаизбориизјавиконфликти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ