• Latest

Димитров и Коѕијас во Сунио на средба со Нимиц

May 12, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров и Коѕијас во Сунио на средба со Нимиц

May 12, 2018 08:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Сунио, во близина на Атина, ќе се сретнат со медијаторот Метју Нимиц во нов обид да ги приближат ставовите за спорните прашања во преговорите за  името, а во пресрет на најавената средба меѓу премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас, на 17 мај на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија. 

Факт е дека денешниот ден е многу важен, вели министерот Димитров во однос на средбата со неговиот грчки колега и медијаторот Нимиц, закажана за денеска во 10.30 часот по локално време.

– Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза, факт е дека има многу прашања за кои има разбирање, тоа разбирање е врзано со крај. Значи, тоа што е договорено, не е договорено, ако не е договорено сѐ и факт е дека утрешниот ден е многу важен, неколку дена е пред самитот во Софија и наша должност е да најдеме едно решение што е можно повеќе ќе ги покрива потребите на двете страни, за да им овозможиме на премиерите прво да се сретнат, и после тоа да си подадат рака, ама мора да понудиме некакви опции, таа ни е задачата утре, рече шефот на македонската дипломатија вчера во Сунио, во изјава за медиумите.

Кога ќе има имаме договор и правна ратификација на истиот, тогаш ќе се отвори патот кон ЕУ, рече шефот на грчката дипломатија во одговор на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на прес- конференцијата по завршувањето на состанокот за иднината на Европа, што денеска се одржа во Сунио.

– Мислам дека од моментот кога ќе се договориме и ќе постои правна ратификација на договорот, патот за да се отворат преговори со Европската унија е отворен. Ќе имаме нов круг преговори, доаѓа и Нимиц. Претходните преговори се одржаа во Солун, без негово присуство. Мислам дека ако и двете страни длабоко од срце сакаме да завршиме со проблемот би требало и да се реши. Како што велам со Никола, како министри повикани сме да решиме проблем што не го создадовме, рече Коѕијас.

Како што изјавија Димитров и Коѕијас по последната нивна средба во Солун на 3 мај, се разгледуваат можни комбинации за потешките прашања. Главните разлики се во однос на прашањето за промена на Уставот, што го бара грчката страна и за опсегот на употреба на името што би било договорено.

– Добро е што направивме исчекори, тие се огромни. Се надевам дека и за она што е останато за крај, а е многу сериозно и важно, ќе се изнајде решение кое ќе го почитува достоинството на двете земји и идентитетот на граѓантие, изјави вчера во Охрид премиерот Зоран Заев во пресрет на денешната нова рунда разговори за прашањето за името во Атина.

Заев нагласи дека Владата останува максимално посветена на процесот, како најодговорен субјект, но очекува поддршка и од опозицијата.

Грчките медиуми пренесуваат дека доколку не се случи нешто непредвидено, на 17 мај во Софија ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан. На средбата меѓу двајцата премиери се очекува да се побара постигнување конечен договор за решавање на „македонскиот проблем“. Како особено важни за развојот настаните ги посочуваат вчерашната средба на Димитров и Коѕијас и денешната со медијаторот Нимиц.

За прашањето за името, според најавите од Грција, ќе се разговара и во Вашингтон на 21 и 22 мај на средбите што Коѕијас треба да ги има со новиот американски државен секретар Мајк Помпео и со новиот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон.

Македонија се надева дека прашањето за името ќе се реши до Самитот на ЕУ во јуни од кој очекува датум за почеток на преговорите, како и покана за членство на јулскиот Самит на НАТО. (МИА)

Tags: ДимитровКоѕиасНимицПреговорисредбаСунио
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ