На меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, ја истакна важностa од заштита на демократските вредности.
„Темата за одбрана на демократијата е особено актуелна за Украина во услови на целосна агресија од Русија“, рече таа. Милиони Украинци се лишени од основни потреби поради целните напади врз критичната инфраструктура, но земјата продолжува да покажува отпорност. Парламентот, владата, судството, граѓанското општество и медиумите се целосно функционални, докажувајќи дека демократијата доаѓа по висока цена.
Амбасадорката Дир повика на внатрешна и надворешна солидарност. Таа нагласи дека е потребно демократските држави да се обединат, да ги спроведуваат санкциите против Русија и да поддржат безусловнo прекин на огнот преку ООН.
Обраќајќи се до експерти, новинари, академици и претставници на граѓанското општество, таа го истакна нивното значење во креирањето нови стратегии за заштита на демократијата.
„За Украина, главниот предизвик е вооружената агресија на Русија, која мора да биде победена од демократскиот свет. Ова е хоризонтот за сите нас“, заклучи таа.














































