• Latest

Денеска уверенија за новите пратеници, конститутивна седница до сабота

December 28, 2016
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Денеска уверенија за новите пратеници, конститутивна седница до сабота

December 28, 2016 15:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија согласно со Изборниот законик, денеска треба да им ги издаде уверенијата за мандатите на новоизбраните пратеници на историските, предвремени парламентарни избори, одржани на 11-ти декември. Од просториите на ДИК уверенијата ќе бидат подигнати во 14 часот, а потоа, ДИК до Собранието ќе го достави извештајот за одржаните избори.

Веќе нема дилеми дека ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место, СДСМ – 49, ДУИ – 10, Движењето Беса – 5, „Алијансата за Албанците“ – 3 и ДПА – 2 пратенички мандата. Во новиот собраниски состав, од 120 пратеници, 38 се жени, 62 се нови, а 58 пратеници се од минатиот состав.

Претседателот на парламентот од претходниот состав, Трајко Велјановски, најдоцна до 31-ви декември треба да ја закаже конститутивната собраниска седница. Доколку тоа не го направи Велјановски, тогаш, според собранискиот Деловник, оваа обврска ја има највозрасниот меѓу новоизбраните пратеници, Бранко Маноиловски од ДУИ.

Според Договорот од 20 јули и Договорот од Пржино, потпишани од четирите политички партии кои беа носители на сите политичките случувања во државата, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, денеска оставки треба да си поднесат двајцата министри, именувани од опозиционата СДСМ – за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски и за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Мандатот им завршува и на дополнителните заменици-министри, во МВР – Оливер Андонов, во МТСП – Диме Спасов, во МЗШВ – Љупчо Николовски, во МИОА – Александар Кирацовски и во Министерството за финансии – Кире Наумов.

До формирањето на новата влада, министерските позиции во МТСП и МВР, ќе ги преземат актуелните заменици-министри Агим Нухиу и Ибрахим Ибрахими.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориМТСПСобраниеЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ