Од денеска до 7 ноември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува филмска програма на фестивалот „Десонанз“, специјално селектирана од интернационалниот фестивал на документарен филм „Докуфест“ од Призрен, Косово, кој од 2002 се одржува секоја година во август.
Користејќи приватни снимки од архивата на Тони Конрад и неговите соработници низ текот на дваесет и две години, како и материјал од неговите филмови, овој филм на возбудлив и визуелно импресивен начин го отсликува радикалниот, но забавен пристап на Конрад кон филмската и музичката уметност.
Селекцијата на краткометражни музички и експериментални документарни филмови ќе биде прикажана в недела, 5 ноември.
„Докуфест“ е интернационален фестивал на документарен и краток филм кој се одржува секоја година во август во Косово, Призрен. Своето прво издание на фестивалот е одржано во 2002 година од група пријатели, а низ годините прерасна во осумдневен културен настан кој привлекува интернационални и регионални филмаџии, како и публика. Покрај филмската програма на „Докуфест“, фестивалот во својата програма вклучува голем број активности, мастеркласи и работилници.
„Десонанз“ е годишен фестивал на нова уметност и современа музика чија мисија е да открива, мапира и промовира автентични изрази на музичка култура и уметност во современото општество. Фестивалот истражува и експериментира со естетските стандарди на мултимедијалната уметност, но и границите на колективната естетика. „Десонанз“ дозволува креативните аномалии да го осветлат патот кон иднината и го канализира стравот од непознатото во љубопитна возбуда од современата уметност, култура и технологија.
Во насока на градење современи културни вредности и промоција на филмска и музичка култура, влезот за овие настани е бесплатен за сите посетители.














































