• Latest

Гајрет, гајрет, вампири нѐ бранат од вампиризација

July 27, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Гајрет, гајрет, вампири нѐ бранат од вампиризација

July 27, 2023 11:03
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Триесет години, инкарнацијата на Ени Вилкс – Мизери, ни се мести патерналистички во улога небаре – родител, за сега, така родителски да ни соли памет – „немојте да бидете како мене“. Односно, како да треба да си толкуваме „ВМРО-ДПМНЕ има многу разбудени Бугари, немојте и вие да станете такви!“ Фала им, но како досега не сме се бугаризирале, нема ни отсега. Освен ако ВМРО-ДПМНЕ не се заканува со тоа, дека тие лично ќе нѐ бугаризираат, што и да им значи тоа.

Но, сосила ли ќе ни направат бугарски пасоши, ќе нѐ хипнотизират ли, некој крими-механизам ли, како би одело тоа без наша волја, навистина не ми е јасно. Јасно е само дека на нокти се држат да не пропаднат благодарение на ЕУ-стандардите што настапуваат за судството со продолжувањето на преговорите со ЕУ. Вртењето десно мислат дека им е единствен спас. Но, бевме таму во груевизмот. Другите допрва можат да учат од Македонија како свртила кон автократија пред 2010 година, и како ја отстранувала во периодот 2015-2017.

Светот е исполнет некаде со загриженост, а некаде со (малициозна) сатисфакција за масовното вртење на земјите кон десно, после „третиот бран“ на демократизација, односно, за таканареченото „демократско назадување“. Првиот бран од првата третина на 19-тиот век, до појавата на „учењата“ на Мусолини, потонува во 1942 со само 12 демократии, а вториот, појавен после Втората светска војна, потонува во 70-те од минатиот век со 30 демократии. Третиот бран го имаше својот врв во 1994 со 72 демократии, и се уште тоне и под долното ниво на вториот бран. Причините за регресијата може да се набројуваат една по една, од образовна (поточно, необразовна), економска, социјална, психолошка природа, каде што спаѓаат и политичкиот популизам реализиран низ конзервативистичките тесни погледи, инсистирање на разни видови „чистоти“ заради несигурност, следствено, нетолеранција кон „мешани“ ентитети, итн. Резултатот е – различни степени на автократски власти, дури и во држави кои претходно биле познати по своите демократски институции. Но, тешко дека сатисфакцијата и стремењето кон нелиберален режим е проследено со креативна радост, туку личи повеќе на крик од очај. Од каде очајот? Демократијата, во своето промовирање на слободи, изнедрила – очај? Тешко. Има друг играч во маалото.

Десничарската популистичката пропаганда е често е насочена кон убедување дека граѓанинот страда заради тековната демократска власт. Во соодветните тинк-танкови алгоритмите за посакуван психолошки одговор, очигледно се базираат на поддршка на закривувањата, увеличувањата, растегнувањата итн. против придобивките од демократијата, во самораснечка спрега: Ако вчера сте биле „на лева нога“-  денес да сте на уште полева, утре да барате виновник, додека задутре точно „ќе знаете“ кој е. Заедно со него  – демократијата „што е“. Омразата проследена со сличен говор само природно (ќе) следи, без оглед дали навистина има алгоритам од фактите до посочениот виновник. Од фактите А до заклучокот Б реално може да постои појака или послаба врска А=>Б, но оваа „индустрија“ има особена добивка кога таа врска ја нема: Истиот обем на работа може да го продаде за поскапо, на олигарх, секако.

На истата линија, има и вакви алгоритми:  Доколку има факти кои прилично отскокнуваат од наративот „оваа влада е виновна“, тогаш тие се релативизираат, омекнуваат, „размачкуваат“ со виновнички бои, итн. Во двата алгоритми граѓанинот се упатува да не ги ажурира своите заклучоци адекватно и така виртуелно се наметнува заднина, основа – всушност, претходна веројатност – од Бејсовата (Bayes) статистика – против демократската влада. Извршителите кои вредно, но вештачки ја градат таа претходна веројатност за предност на политичката опција против демократските влади, спаѓаат во медиумскиот сектор – преку својот начин на известување. (Fox news, на пример, се занесе во тој однос кон демократските институции и сега оправдано е поплавена од тужби). Се знае дека претходната веројатност има голем удел во пресметката на реалните шанси, па со дејствата за спречување на адекватно ажурирање на заклучоците, нечесно се стремат да остварат концепт на самоисполнувачко пророштво.

Но, никој не ги објавува збирно фактите врз кои претходниот степен на верување тековно објективно се базира (секако, ниту сите, бидејќи некои факти се и класифицирана тајна), бидејќи, покрај други работи, системот ќе стане хаотичен и непредвидлив, што е непожелно од сите страни. Минимизирањето на ажурирање неподдржувачки заклучоци за уверувањата на луѓето, е само дел од заднината. Иако така пропагандниот систем останува стабилен, бидејќи незначителен број луѓе ќе се помрднат од својот конфирмациски балон, всушност, ова делче од заднината не е во релација со многу аспекти на граѓаните. Позначајна релација за овој дел е само вкупниот број од луѓе во државата, бидејќи малкубројноста не дозволува доволно социјална динамика која брзо ќе ја најде својата природна етичка стабилна точка, па луѓето полесно имитираат, преземаат туѓа. Тоа е и онака поевтино за неетичката пропаганда.

Така, луѓето со стабилни уверувања без оглед колку се нивни, а колку им се наметнати несвесно за нив, доколку не се извор на ширење или овластени за политичко дејство, се само мало делче од комплетната заднина, од реалната претходна веројатност. Ретките лизнувања од демократија кон автократија (или само кон олигархиските интереси) се забележливи само кај јавните личности, новинарите и медиумите, бидејќи, како пропагатори, мерливо менуваат дел, аспект од претходната веројатност. Добро е што веќе се прави разлика дека може да се пропагираат знаење, информации, факти, а дека може да се пропагираат и емоции, ирационални парчиња од факти, извртени, растегнати и асиметрично извиткани информации и друго ментално ѓубре. Затоа јавните личности имаат, специфично, поголема одговорност, што пропагираат.

Фактите може да се соберат за да направиме солиден заклучок, како што в очи ни кажа амбасадорката Агелер при објавувањето на последниот „актер“ од црната листа – сите податоци се од тука. Но, таа на тој начин имплицитно ни даде и информација за вистинската претходна веројатност дали овде ќе преовлада демократија или автократија. Имено, меѓу двајца играчи, амбасадата на САД е трета страна со извесна санкционирачка моќ, која ја кошта амбасадата барем углед, ако не друго. Двајца играчи одлучуваат дали конкретна голема риба ќе биде казнета, иако навидум изгледа како еден играч – судот, но се работи за одлука „да“ или „не“.  Американските, без сомнеж, внимателни служби, процениле со висока сигурност (на пример, над 80%) дека нашиот суд ќе донесе одлука за казна. Инаку не би се бламирале да го објават конкретното име на црната листа.

Ова дава препораки дека вештачкото пумпање на наративот на ВМРО-ДПМНЕ по медиумите не го преминува нивниот посакуван праг за да ја смени комплетната претходна веројатност која по дефиниција ги има предвид сите аспекти. Всушност, добивме слика на готово за комплетната претходна веројатност од самото дејство на вадење имиња на црната листа. Таа не може ни да се купи ни „индустриски“ ни со пазарење, бидејќи, парадоксално, самата ВМРО-ДПМНЕ со години напнува таков наратив на (не)купување и (не)продавање, со што направи поле на таблата кое баш и не мора да биде пополнето со фигуричките од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, да не се опуштаме. Патот кон автократија оди со лизгање, а кон демократија – со кршење дебели бетонски ѕидови. Додека демократијата ја остава слободата на говор со цел слобода на мислата, автократската ехо-комора како ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, сместена во демократски амбиент, ја злоупотребува слободата за да заплаши – во своја корист, пробивајќи си пат кон автократија. Олеснителна околност, за разлика од други земји во долината на третиот бран, е што ВМРО-ДПМНЕ овде блефира, очекувајќи репресијата да се снабди со полна сила. Не треба да им дозволиме да се хранат со страв преку блеф. Ако ги погледнеме само пропагаторите за блефот на „стравот и трепетот“ во интерес на нашава ехо-комора ВМРО-ДПМНЕ, како ги шминкаат со дебело-црно своите објави, брзо можеме да заклучиме дека тоа се само првоаприлски маскирани грофчиња-дракулчиња, или обични кловнови со моркови, а не тоа што подмолно се претставуваат – „вистински Македонци“ или „патриоти“. Тој циркус ни се презентира додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ни реализираат тука замена на бугарското вето.

Великобугарското наци-подземје, ако мисли да продолжува со главата во ѕид со своите интереси во Македонија, подобро да си најде друга маша и да ѝ даде отказ на ВМРО-ДПМНЕ, оти застапувањата на конкретниве се веќе аланфордовска смејурија од тип „Oвој ѕид е мазен како мазен ѕид“, „Долу за нив, да живеам јас!“, а особено – „Ние ништо не ветуваме и токму тоа го исполнуваме“ и „Подобро е да се биде богат, отколку да не се биде“…

Tags: автократијаВМРО-ДПМНЕдесница
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ