• Latest

Груевски е вчерашен весник кој не смее да се рециклира

November 30, 2017

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Груевски е вчерашен весник кој не смее да се рециклира

November 30, 2017 11:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо преземање на системот што го воспостави Груевски и неговото злосторничко здружение (според обвиненијата), подобро ќе беше да се урне и воспостави нов, демократски систем во кој човековите права и слободи ќе бидат на прво место.

Пишува: Џабир Дерала

Со други зборови, имаше услови за целосно укинување на систематската кражба, контрола и насилие што ги спроведе ВМРО-ДПМНЕ во единаесетте години заробување и потполно приватизирање на државата. Вемеровската кара-камарила создаде правен лавиринт, во кој законите ги штитеа богатите и моќните, а подзаконските акти и писма од кабинетот на клајне диктаторот (како што го нарекуваа странските медиуми) имаа поголема моќ од законите со евро-знаменце и Уставот.  Над сѐ беа усните наредби и тефтерчињата со списоци. Сфаровски судиите беа гардијани на поредокот кој понижуваше, тепаше и убиваше, а полицијата беше класична партиска милиција за сеење страв и штелување на волјата на гласачите.

Ете, таков систем наследи Зоран Заев. Предолго се колебаше тенкото парламентарно мнозинство да изгласа претседател и да формира влада. Терористички атак на Собранието ќе имаше и првиот ден, а беа изгубени речиси пет месеци во надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже политичка зрелост.

Потоа, се формира влада која речиси во целост ја преслика претходната робусна и анти-граѓанска структура на бандата на Груевски. И тоа со шокантен родов дисбаланс, односно со масивна доминација на мажите, пропорции кои исто толку остро се пренесоа и на локалната власт.

Груевски доби неверојатно многу простор да се наметне како фактор. Апсурдно е како му се придава важност на еден лик кој е како вчерашен весник преполн со катастрофални грешки. И постапката за избирање на јавниот обвинител покажа дека системот се презема, а не се ресетира. Институциите се преполни со пајажината на паднатиот режим, пренаселени со некомпетентни партиски војничиња кои на драга волја ги сменија капите и продолжија да ја цицаат крвта на ова општество. Изгледа како режимот да е повеќе мртов отколку што сакаме да видиме.

Сончоглед ефектот ги зафати медиумите, а мизерниот паланечки агитпроп апаратус веднаш се стави на располагање и продолжи да цица пари „проекти“, овој пат дополнет со мрсни донации и пари од изборни реклами. Какви вредности и однесување може да се очекуваат од редакции кои до вчера безочно лажеа и линчуваа неистомисленици на режимот?

Фантастичниот успех на надворешната политика, квантниот скок на меѓународниот имиџ на земјата, добрите зафати и почетниот позитивен импулс во сферата на социјалната заштита, културата и неколку други, одличниот одѕив и еланот што сето тоа го предизвика во јавноста, дополнително го илустрираат потенцијалот на промените кои се очекуваа. И беа можни. Остри и правични резови беа подобро решение отколку бавно преземање на институциите на рѓосаниот апашки апаратус.

Погледнете само какво одушевување и олеснување предизвика приведувањето и притворот за оние што се обидоа да убијат пратеници и да го урнат поредокот. Тоа само покажува колку се потиштени луѓето, а уште повеќе покажува колку ја сакаат и ја почитуваат својата земја и нејзините институции.

Затоа, нема зошто да се губи време на губитници. Нема зошто да се разговара „конструктивно“ со деструктивци и криминалци кои се подготвени и на тероризам, само за да се спасат. Нема потреба од реанимација на политички мртвите сејачи на болеста. А тие што беа нивни соработници и богато се гостеа со парите, достоинството и здравјето на луѓето, треба да се соочат со своите недела и да поднесат одговорнот. И сите заедно да ги вратат парите, а не дополнително да се „купуваат“ за да се „реформираат“. Одговорност, не купување. Ресетирање, не адаптирање. Уривање на остатоците од режимот, ако ви се допаѓа повеќе. Режимот на Груевски не може да се реформира. Груевски веќе е разобличен, осамен и понижен. Вчерашен весник кој не смее да се рециклира.

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат.

Tags: 27 априлдиктаторЗоран ЗаевМедиумиНикола ГруевскиправосудстворежимресетирањереформиСобраниесончогледитероризамчовекови права
Share223TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ