• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Скандалот Мекгонигал го тресе американскиот Конгрес; средба Курти – Вучиќ денеска во Брисел; нови шанси за Западен Балкан

February 27, 2023

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Скандалот Мекгонигал го тресе американскиот Конгрес; средба Курти – Вучиќ денеска во Брисел; нови шанси за Западен Балкан

February 27, 2023 13:25
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Скандалот со поранешниот шеф на ЦИА, Мекгонигал, предизвика „војна“ помеѓу американскиот Конгрес и владата, а според престижниот медиум Блумберг, постои реална можност да биде разрешен шефот на Министерството за правда. Во Брисел денеска е најавена средба помеѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ, на која, според медиумите, се очекува почеток на разрешницата за договор помеѓу двете земји.

Ова се само дел од темите, од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

СУРИ – Блумберг: Шефот на Министерството за правда на САД може да биде разрешен (афера Мекгонигал)

„Скандалот Рама-Мекгонигал ја тресе американската политика.

Големиот американски медиум Блумберг, пишува дека ова прашање предизвикало жестока војна меѓу американскиот Конгрес и владата.

Предводник на битката од Конгресот е републиканскиот конгресмен Џим Џордан, претседател на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом.

Од другата страна е Мерик Гарланд, шеф на Министерството за правда и државен обвинител на САД.“, пренесе албанскиот дневник Сури.

ПРЕСОНЛАЈН: Средба Курти – Вучиќ денеска во Брисел

„Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ во понеделник попладне во Брисел ќе се сретнат во рамки на дијалогот за нормализација на односите, со посредство на Европската Унија.

Првично, главниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, ќе има одвоени средби со двајцата лидери, придружуван од специјалниот пратеник на европскиот блок за овој процес, Мирослав Лајчак.

Подоцна ќе има заедничка средба помеѓу Курти и Вучиќ.“, јавува косовскиот дневник Пресонлајн.

ДВ – Мануел Саразин: Нови шанси за Западен Балкан

Експертот за Југоисточна Европа Мануел Саразин, специјален пратеник на германската влада за Западен Балкан, го гледа претставениот план како шанса за двете земји. „Европскиот предлог заснован на германската и француската иницијатива може да реши голем дел од проблемите меѓу двете земји. Ќе го отвори патот за регионална интеграција во ЕУ“, вели Саразин, пренесе ДВ.

КОХА -Стејт Департмент: Предлогот од ЕУ, можност за народот на Косово и Србија

„Американскиот Стејт Департмент во понеделникот за Радио Слободна Европа изјави дека предлогот на Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија претставува можност за народите на двете земји да ја зголемат безбедноста и стабилноста на Западен Балкан.“, пренесе косовскиот дневник Коха.

ТЕЛЕГРАФИ: Албанија со највисока цена на нафтата во светот

„Албанија  е земја со највисока цена во светот не само за нафтата туку и за бензинот, според истражување  истражување  од Reddit (американска веб-страница за собирање социјални вести, рејтинг на содржина и дискусија), во кое се вели  дека Албанија води во целиот свет со 26,59 проценти.“, пренесе албанскиот медиум Телеграфи.

КОХА: Разликата меѓу цивилизираните општества и Србија која ги возвишува воените злосторници

„Властите во Љубљана и Загреб поправаат некои грешки кои беа направени за време на српската агресија во 90-тите. Во Србија, пак, не е дозволено да се постави ниту комеморативна плоча за речиси 800 трупови на Албанци фрлени во масовна гробница во Батајница кај Белград. Тука лежи разликата меѓу цивилизираните општества и српското општество кое продолжува да ги негира злосторствата.“, извадок од колумната „ Разликата меѓу цивилизираните општества и Србија која ги возвишува воените злосторници“, од  авторот Енвер Робели, објавено во косовскиот дневник Коха.

Д. Тахири


Сите права се задржани. 

Tags: AL -PRESSалбански медиумиБриселВучиќизборконгресКуртиМекгонигалрегионСАДсредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ