Израел изврши напад на Газа, додека ИДФ и Хамас се обвинуваат меѓусебно за кршење на примирјето, пренесува Би-би-си.
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас достигна критичен момент, бидејќи двете страни се обвинуваат меѓусебно за кршење на примирјето.
Израелските одбранбени сили велат дека Хамас „испукал противтенковски проектил и оган кон војниците на ИДФ“ во близина на Рафа, но милитантната група вели дека не е запознаена за никакви судири таму. Израелската војска изврши воздушни напади во Рафа како одговор.
Хамас рече дека Израел „продолжува да го крши договорот“, додека ИДФ вели дека наводниот напад од страна на Хамас е „смело кршење на примирјето“
Лекар во болницата Ал-Акса вели дека девет Палестинци се убиени во централна Газа од израелски воздушни напади врз Ал-Заваида и Нусејрат
М. Д.