Лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Др.Арбен Таравари, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, сподели повеќе ставови за политичкитиот амбиент во земјава.
Издвојуваме три поенти од ова интервју:
1.
„Алијансата за Албанците е алтернативата којашто албанците ја гледаат како политичка партија која треба да ја смени ДУИ. Нашата цел и на формирање на партијата и на развивање на партијата беше дека кај албанскиот блок после 20 години има потреба за промени за да дојде една нова генерација на политичари албанци“, потенцира Таравари.
2.
Таравари: Јас сум оптимист дека уставните промени ќе се случат!
„Јас сум оптимист дека уставните промени ќе се случат. Зборуваме нормално и комуницираме со луѓе од СДСМ, од ВМРО, од сите политички партии. Јас знам луѓе од ВМРО ДПМНЕ кои мислат дека е добро овој проблем да се реши сега, па потоа да се оди на избори, дали има пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои би гласале тоа не знам, меѓутоа јас сум оптимист дека сепак ќе се изнајде некакво решение и некаде крај на август почеток на септември, кога прв пат треба да се гласаат устабните измени јас сум оптимист дека тоа ќе помине“, нагласува меѓудругото во интервјуто за „Цивил Медиа“ – Таравари.
3.
„Многу ригиден и неполитички, значи дури војни кога има на крај седнуваат на маса и се договараат, да не збориме во нормални политички ситуации, секогаш треба да има комуникација меѓу чинителите, главните политички чинители,односно политичките партии и таа комуникација треба да се одржува и тој став дека не комуницирам со партии од владеачкото мнозинство е мислам дека не е ни логично, ни конструктивно, меѓутоа јас ги разбирам оти во моментот сите се фокусирани за изборите, како да се покачи рејтингот и ако го прават за тоа, јас мислам дека ќе атерираат после изборите и да ги победат изборите пак ќе атерираат, оти пак ќе треба да се комуницира со одредени политички партии“, рече лидерот на АА, Арбен Таравари.
Дестан Јонузи
Таравари: Алијанса е алтернативата која Aлбанците ја гледаат како партија што треба да ја смени ДУИ