• Latest
Војо Маневски

Кругови

April 3, 2023

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кругови

April 3, 2023 14:32
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Кога ќе фрлиш каменче во мирна вода се појавуваат кругови кои отпрвин се мали а потоа сѐ повеќе се шират зафаќајќи сѐ поголема површина. Интензитетот на круговите зависи од големината на фрлениот камен и силата која е употребена да се фрли тој камен.  

Во претходните две колумни ( Дебата како нужен лек и Лек и терапија ), ви пренесов писмо кое е дел од повеќе документи што полека се распространуваат преку социјалните мрежи и во директен контакт. Дали е тоа правилен пристап, а не јавен настап,тоа го оставам на авторите на материјалите, веројатно имаат причини за таквата стратегија. Нивното образложение е дека, познавајќи ја состојбата кај нас, многу повеќе ќе се постигне во ширењето на идејата ако таа не е персонализирана и ако некој има критика, нека ја критикува содржината, а не гласникот.

Искрено, мене тоа ми стои дека е логично расудување.  Судејќи од одѕивот кои колумните го имаа, барем кај оние кои ме контактираа, заклучувам дека сепак сум ја постигнал својата цел – да почнат луѓето да размислуваат и да разговараат. Нешто што навистина ме изненади, е што никој не ме праша кој или кои се авторите. По сѐ изгледа, напишаното е поткрепено со вистина, а пред вистината и боговите молчат.

Првиот текст беше нумериран со 00, сега ви го претставувам текстот нумериран со 01.

01

Овие текстови не се насочени ПРОТИВ некој ниту ЗА некој лично.

Единствена цел е да се направи обид за промена на свеста кај граѓаните на Македонија, без оглед на партиската припадност, бидејќи проблемите се слични кај сите. Наведените примери се за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи авторите на текстовите, како членови на ВМРО-ДПМНЕ, најдобро ги познаваат приликите таму, но сите предлози можат и треба да се пресликаат кај сите партии, во форма соодветна за големината и карактерот на партијата.

Во Македонија кај сите партии е изразена автократијата овозможена од недемократските партиски акти – Статути, правилници… но и од вообичаената пракса партиските војници самите да ја стимулираат таа автократија. Вообичаено е раководната структура да има инсталирано свои послушници во сите органи на партијата кои се користат како бедем од внатрепартиски напади. Секој кој ќе се обиде, па макар тоа било и најдобронамерно, да критикува некоја одлука (или немање одлука) на „врвот“, бива пречекан од канонада удари од сите кои се „поддржувачи на раководството“. Ова, се разбира, придонесува многу партиски активисти кои размислуваат со своја глава да се повлечат во пасивност, или уште полошо, да се дистанцираат од партијата.

Конкретно, со содржината на овие текстови се запознаени многу поранешни и сегашни функционери – градоначалници, министри, директори, членови во партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ и досега нема НИТУ ЕДНО лице кое кажало дека предлозите не се добри и дека такви реформи, кога би се спровеле, би значеле препород на партијата и на државата.

Но, еден дел од нив веднаш следно што кажуваат е:  сето тоа е добро, ама ајде ние да не брануваме многу сега, не ли гледате дека СДС е слабо, ВМРО ќе победи и ние ли баш да бидеме тие кои ќе бидеме против? После победата раководството ќе ни се одмаздува од позиција на власт. Подобро е да си бидеме со власта, па после ако има промени, ќе поддржуваме.

Друг дел кажуваат – знаеме дека овој не е добар, ајде кажете кој да биде нов лидер и ние да застанеме зад него и да му помогнеме да ја преземе партијата, а после тој новиот нека менува што сака. Е овие вторите се многу опасни! За нив е сеедно кој е лидер, се додека тие се блиску до него и можат да му кажат дека баш тие го поддржале. Сите сонуваат повторно да се најдат на партиските кадровски листи и затоа на сегашното раководство му е многу лесно да ги манипулира со ветувања за позиции.

Трет дел, веќе одамна демотивирани, едноставно кажуваат дека заради претходните две групи, а и заради оние кои веќе се закачени на партиското виме, тешко дека ќе успее таква акција и затоа сакаат да си останат пасивни.

Само што сите заедно испуштаат по нешто од предвид.

Оние кои се во структурите на партијата и ги блокираат промените од внатре, колку и да мислат дека се способни да го носат товарот од одговорноста, нивните плеќи се слаби, ќе потклекнат и целиот товар ќе им се сруши врз глава. Потребни се посилни, многу посилни личности, со многу повеќе знаење, искуство и карактерни квалитети отколку нивните. И да победат и да изгубат на следните избори, мора да знаат дека ВМРО е многу повеќе отколку група на себе-селектирани квази-партијци. Подобро е да бидеш на клупа и повремено да играш во шампионски тим отколку да си првотимец во четврта лига. Нормално, ако цел ти е успехот на тимот, а за тоа се бориме, нели?

Останатите, тие што не сакаат да „брануваат“ или тие што чекаат да падне лидер од небо и да ги поведе со себе до ново заземање функции и позиции, треба да знаат дека, ако чекаат нешто од партијата после добивање на власта, ќе останат со празни раце, барем 99% од нив. Нека се потсетат дека партијата согласно сегашната поставеност не функционира така. Како ќе бидат заобиколени сегашните функционери во партијата кога секојдневно се сликаат со лидерот и беспоговорно ги следат сите негови насоки, па дури и кога водат во слепи улици? Друго, кога некаде во комплет биле вратени старите кадри?

А од друга страна, нека размислат кој и како ќе одлучува за тоа кои ќе бидат кандидати за пратеници и идни функционери?

Мора сите да си признаеме дека партијата е системски заробена. Не е толку проблемот до лидерот колку до организационата поставеност која го прави неприкосновен. Внатрепартискиот авторитет на лидерот произлегува од актите на партијата, без оглед на неговиот личен капацитет. Состојбата во која претседателот може да ги поставува (не избира, избира е погрешен збор во случајов) сите во партијата, секој иден претседател ќе го доведе во искушение да практикува автократија и да не е свесен кога прави грешка, бидејќи околу него нема кој да му каже дека греши. Токму затоа досега се направени безброј грешки кои сите се мачат да ги претстават како успеси. Многу лошо е кога не знаеш, а не знаеш дека не знаеш… Тогаш дури си арогантен во презентирањето на сопственото незнаење.

Дали има време за промени? ИМА!

Изборите, колку да се обидува ВМРО-ДПМНЕ да предизвика да бидат порано, најверојатно ќе бидат во средината на 2024-та. Ако во Статутот се направи внесување на одредби за демократизација во мај, конституирањето на новите партиски органи и избор на претседатели на ОК од страна на базата, а со тоа формирањето на нов ЦК, може да се заврши до септември. Низ процесот на внатрепартиски избори ќе дојде до потполно обединување на целото членство затоа што обединувањето ќе биде околу ИДЕЈА и системска промена, не околу личност која никогаш не би била прифатена од сите, од кој и да биде предложена. Новиот ЦК може да организира нов Конгрес, со нови, демократски избрани делегати, кој би се одржал до крајот на годината. Значи, до крајот на годината може ВМРО-ДПМНЕ да биде потполно обновена, обединета и со претседател кој е демократски избран, подготвена да победи на следните избори. Ако сегашниот претседател навистина има висок рејтинг во партијата, може повторно да биде избран, но зад него повеќе нема да има војска на послушници-клиенти туку одговорни луѓе кои ќе ја оценуваат и насочуваат , со личен авторитет, интегритет и капацитет, ќе биде прифатена и поддржана од сите. Таква партија нема да се плаши да донесува храбри и мудри одлуки, бидејќи в моментов на Македонија и е потребна и храброст и мудрост.

Вистинскиот проблем на Македонија е што најдобрите кадри се далеку од позиција да одлучуваат за доброто на државата. Преку вака поставени партии, ниту можат ниту сакаат да учествуваат во политиката. Затоа, ако сите бидеме игнорантни, ќе тонеме се повеќе и повеќе.  И нема никој да ни биде виновни, самите ќе бидеме! Дали сте сигурни дека треба немо да се гледа како пропаѓа македонското општество и сите да учествуваме во забрзувањето на тој процес.

Круговите се шират и полека ја губат својата сила.Некој ќе фрли ново каменче и повторно ќе ја разбранува водата. И на крај некој силно ќе фрли голем камен кој толку ќе ја разбранува водата што ќе ги однесе и престилките на кои се полегнати гледачите во морната шир а богами често знае и добро да ги наводене и нозете и скапата тоалета.

Tags: ВМРО - ДПМНЕизбориполитички партииСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ