• Latest

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (8 дел)

September 13, 2020

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025

Зголемени затворските казни за дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

May 8, 2025

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (8 дел)

September 13, 2020 19:52
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Прв дел | Втор дел | Трет дел | Четврти дел | Петти дел | Шести дел | Седми дел

Политиката, извор и жариште на омразата. Политичари мразачи, и политичари – цел на омразата

Политичари и кандидати цел на потсмев, навреди, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи

Веројатно најнапаѓаната личност на социјалните мрежи во оваа кампања беше лидерот на социјалдемократите, Заев. Од бројните примери на напади кои ги надминуваат базичните стандарди на јавна комуникација ќе издвоиме само неколку. Додека траеше последниот ТВ дуел помеѓу претседателите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Заев и Мицкоски, на Фејсбук профилот на Мицкоски дуелот се пренесуваше во живо и имаше над 2.500 коментари, дел од кои содржеа говор на омраза и повици за линч кон лидерот на СДСМ.

Еден од коментарите е на Цеце Казим Џес кој гласи:

„Зоран Заев имаш многу убава лузна на устата мислам дека заслужуваш уште поголема лузна во устата и главата, предавник се обележува со лузни а една од таквите е кај тебе Зоран Заев само заслужуваш повеќе лузни а тоа ќе го добиеш од граѓаните после изборите“.

Имаше и коментари од лажни профили, односно на нивните профили нема лични податоци ниту фотографии, но доколку се посетат, ќе се види дека содржините што ги објавуваат се со партиска пропаганда за ВМРО ДПМНЕ. Дел од коментарите се и повици за јавен линч на лидерот на СДСМ.

„Зоран Заев и сите „предавници“ кои го сменија името да се бесат и стрелаат на плоштад.[1]

Сличен пример на ширење говор на омраза е и со ФБ профилот со име Никола Пејовски. Тој на неговиот Фејсбук профил објави статус:

„Глас за Заев и сдс е глас за Албанец (ш……р) премиер!!! Е па чорба Македонче“.

Под неговиот статус има неколку коментари кои исто така продолжуваат со ширење на говорот на омраза по партиска, етничка и верска основа. На профилот нема достапни информации (од каде е, што работи), а тоа што може да се заклучи според објавите е отворено застапување на ВМРО-ДПМНЕ.[2]

Честопати напаѓан на социјалните мрежи е и претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села. На 27 јуни е објавена негова фотографија од изборната кампања, а објавата е на Фејсбук страницата на „Налет да се сторите“ и гласи

„Шиптарот Села еднојазичност“.

Од коментарите на оваа објава се издвојува оној на Driton Korcha од кој се гледа дека говорот на омраза предизвикува и реакции со навреди и говор на омраза:

„Налет да се сторите, хаха тоа е твое право, можеш да вреѓаш колку сакаш, со тоа само искажуваш каков националист си за жал! Ама да знаеш со тоа можеш само *** да му скршиш на Села, а за брзо не е чудно тој да ти биде ПРЕМИЕР, ако не тој, ама сигурно некој друг ШИПТАР ќе биде со гаранција, оти вие самите не сте способни. Ти можеш да јадеш гомна колку сакаш“.

Предизвикување на говор на омразата, впрочем, е цел на ваквите онлајн активности. Администраторите на „Налет да се сторите“ понатаму коментираат со омраза и експлицитни закани по животот на лидерот на Алијансата:

„Села не јадеше ќотек колку што требаше. Ама ќе му дадеме и таква прилика за последно да му биде затоа што тоа го има заслужено.  Малку отповеќе ви дадовме, затоа во блиска иднина сѐ ќе ви земеме, право ќе имате како што имаат Македонците во Албанија, ништо повеќе.“

Инаку, страницата „Налет да се сторите“ секојдневно објавува пораки со кои се поттикнува говор на омразата, а во коментарите се појавуваат со дискусија и говорот на омразата дополнително го поттикнуваат и самите администратори на оваа страница[3]. Села, стана повторно мета на говор на омраза и закани, откако на партиски митинг во Струга изјави дека ако Заев и Мицкоски создадат влада само со македонски претставници, Албанците ќе создадат албанска влада.

„Еднаш се спаси, вторпат нема да куртули“, гласи еден од коментарите под објавата на ФБ страницата на агрегаторот Грид[4].

Случај што доби посебно внимание беше исмевањето на актуелниот премиер Спасовски и неговата честитка кон Ромите за 8 Април, која партиската пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ ја стави во функција на исмевање на Спасовски. Со тоа, Ромите и ромскиот јазик станаa мета на исмејување и на говор на омраза. Од друга страна, партиските гласници или други луѓе кои свесно или несвесно ја прифатија осмислената кампања велеа дека „само се зезаат“ со техничкиот премиер Спасовски за неговиот говор на ромски јазик и честитката за Денот на Ромите.

Хајката и говорот на омраза започна по колумната на новинарот Драган Павловиќ Латас со наслов – „Набутинавле охохо“, објавена на 25 мај во весникот Вечер, во која го обвинува премиерот Спасовски дека не знае ромски, но дека знае да ги поткупи Ромите да гласаат на избори. „Можда човекот знае ромски, а не знае влашки, си викам. Ама, кога го гледав како го крши јазикот за денот на Ромите не ќе да е тоа, туку Ромите си ги гледа како пациенти за поткуп на избори а Власите, богами, не се даваат така лесно за кутија зејтин“, напиша Латас.

На „зезањето“ предизборно се приклучи и Антонио Милошоски, кандидат на листа на ВМРО-ДПМНЕ, кој додека беше во самоизолација, на својот Твитер профил сподели видео од две девојки коишто на социјалната мрежа ТикТок танцуваат на ремикс песна (Обиџуко) од говорот на Спасовски. Милошоски ја сподели објавата на профилот @zlatkothegoldy, кој е веројатно партиски бот, бидејќи постојано споделува содржини со говор на омраза, а и објави за поддршка на партијата ВМРО ДПМНЕ. Помеѓу профилите коишто ја споделиле и лајкнале објавата, се забележува слични профили коишто континуирано шират дезинформации и поттикнуваат говор на омраза. На Фејсбук страната „Теовел Обиџуко“ има неколку објави видео и фотомонтажи со „зезање“ на премиерот Спасовски. Но, веројатно оваа група не служи само за „зезање“, па може да се најдат и објави против СДСМ. Но, „теовел зезанцијата“ не застанува тука. Па така профилот Кубрат Шазивар, сподели објава на профилот ДрнДрнЈариња кој отворено пишува дека „ги мрази гадните цигани“! Додека профилот Каурка коментира дека и е „слатко тоа што мало и босо циганче си ги лиже мрсулите“[5].

 

Кандидатката за пратеник од партијата „Твоја“ проф.  Мирјана Најчевска беше постојано мета на навреди и говор на омраза. Еден таков пример е кога Најчевска на Твитер објави знаме на ЛГБТИ со пораката „Твоја ги почитува сите различни индивидуалности“, а под објавата, и коментираат: „Лезбејка ли си?“ На ова, проф. Најчевска одговара: „A ти си родена глупа или со одела во посебно училиште за заглупување?“ По ова, следуваат низа коментари со говор на омраза, не само кон проф. Најчевска туку и кон Радмила Шекеринска од СДСМ, која исто така беше омилена цел на мразачите во кампањата. Еден од коментарите е на Златко Ковач (познат и за меѓународната јавност, како дел од руските пропагандистички структури)[6] кој меѓу другото пишува: „Ако Рада Шекеринска на пример е класична ругоба, ти си ругоба вон сите рамки. Како да си казнета од Господ. Ајде барем биди здрава штом си вака осакатена“[7].

Разрешениот судија Панчевски, од неодамна осуден со првостепена пресуда на казна затвор од 3 години,  на 5 јули 2020 на Фејсбук и Твитер објави монтирано видео со наслов „КРУЈЕМИНИСТРИ ШИПТАР“, и пишува дека спотот е изработен од СДСМ, и дека тие го подржуваат предлогот на ДУИ за премиер Албанец. Во коментарите, може да се забележи поддршка кон изјавата на Панчевски во која пишува:

„Дали Македонците повторно ќе бидат измамени и доведени во состојба на потчинетост во сопствената држава, дали оваа фашистичка коалиција која досега ги силуваше трпението и војлата на македонскиот народ, најавува нова изборна измама?“, пишува Панчевски.

Оваа лажна вест од Фејсбук профилот на Панчевски ја споделиле 16 профили, има десетици коментари и над стотина реакции. Помеѓу тие што ја споделиле објавата на Панчевски е и ФБ страницата „Македонски Патриоти Macedonian Patriots“ додавајќи коментар за плашење на граѓаните дека „доколку СДСМ дојде на власт до 2022 ќе нема и држава“. И на проф. Тања Каракамишева ѝ се допадна објавата на Панчевски на Твитер.  Мониторинг тимот на ЦИВИЛ меѓу другите објави на Панчевски, забележа и говор на омраза кон ЦИВИЛ, односно за иницијативата „Гласај“. Истата објава 1 час подоцна се појавува и на ФБ профилот на Миленко Неделковски, каде има десетици коментари со говор на омраза кон Перо Арсовски[8].

И амбасодорката на САД, Кејт Бернс стана мета на говор на омраза на социјалните мрежи, откако на Фејсбук страницата „Цицки.мк“ се објави фотографија од веста на „365.com.mk“ со наслов – Честитка од Амбасадата на САД: Oвие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата. Оваа објава на Цицки.мк“ има неколку споделувања, а ФБ страницата „Слобода или смрт“ при споделувањето напиша:

„Нашите стратешки душмани.“

Оваа објава е споделена и на ФБ страницата „Види Види“ каде што има над 40 коментари, претежно со говор на омраза. Eден од коментарите е на Ѓорѓи Ѓоргиев кој пишува: Еднаш ги запалија, сега треба да се протераат да ги нема од Македонија, се додека се мешаат полека ама сигурно ќе нè снема“. Истиот „патриот“ кој „мисли на опстанокот на Македонија“, според податоците на Фејсбук живее во Гетеборг, Шведска. Има и други коментари со говор на омраза[9].

Радикализација на комуникацијата кај политичарите и кандидатите, Апасиев и „Левица“ како предводници на борбата против „политичката коректност“

Долгогодишната радикализација на јавната комуникација и нејзиното оптоварување со навреди и говор на омраза на овие избори доби нова димензија, преку пораките на Димитар Апасиев, претседателот на Левица, кој и во минатото повеќе години наназад не се воздржуваше од користење на експлицитни зборови и навреди кон политичари, новинари, активисти и претставници на граѓанските организации и инцијативи во неговите објави на социјалните мрежи. Зад таа радикализација стои аргументација дека тоа претставува борба против „политичката коректност“ наметната од „неолибералните елити“.

Тој начин на комуницирање во оваа кампања се засили повеќекратно и во предизборието и во постизборниот период, и беше предмет и на остри реакции на повеќе чинители во општеството. Навредите зачестија, не само кон политичките опоненти, првенствено од СДСМ, туку и постови кои поттикнуваа радикализација на темата на Преспанскиот договор, меѓуетничките односи, а продолжија нападите кон одредени медиуми и новинари, како и кон граѓанските организации меѓу кои и ЦИВИЛ, а кои Апасиев честопати и за време на оваа кампања генерално ги нарекува „Сороспии“.

Лавина на реакции, меѓу кои не само осуди, туку многу повеќе објави на повици на насилство предизвика објавата на ФБ профилот на Апасиев со текст: „Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе“, објавена ден по изборната вечер, на 16 јули 2020. Оваа објава предизвика речиси 6.000 реакции, а беше споделена од 138 профили и страници на Фејсубук[10].

Апасиев имаше шанса и беше прашан од медиумите да ја објасни оваа изјава, но тој остана на неа без да дава дополнителни објаснувања. Уште поголема реакција предизвика постот на Фејсбук профилот на Апасиев на 8 август 2020 во кој се вели:

„Се моли ШЕЌЕРИНСКА да иде у пичку матер. Од Карпалак, па лево! #МинистеркаЗаОдбранаНаУЧК“.

Објавата предизвикала над 9.000 реакции, а е споделена од 300 профили и страници на Фејсбук.[11].  Дел од објавите на Апасиев, без никаква аргументација изложуваа личности на столб на срамот и можност за навреди и говор на омраза од страна на коментаторите. Таков е случајот 13 јули 2020, во време кога се случуваат оркестрираните напади над новинарката Тања Милевска (за кои пишуваме поопширно подолу во овој извештај), на оваа тема се огласи и Апасиев на Твитер.

„Се што треба да знаете за Тања Милевска е тоа дека му е внука од сестра на Борјан Јовановски. Толку од твитот. #Дегенерици“, пишува во објавата, која стигнала до речиси 500 „фејвови“, а е споделена од 119 профили на Твитер.

Сличен е случајот во кој Апасиев ја прозива Нора Шаќири, иако сам по себе не содржи директна навреда, објавен на 10 јули, со кој Апасиев ја „коментира“ објавената снимка во која се слуша Заев како изрекува мислење за одреден политички субјект. „Зајко АЛБАНОФОБ, а!? Се моли Нора Сам Шаќири, да се јави на главна каса <3 #ПетПариЕдноОпшеСво“[12].

Инаку, ЦИВИЛ е во континуитет цел на напади, дезинформации, навреди, клевети и прозивки од страна на Апасиев и членови на партијата Левица, што беше случај неколкупати и во текот и на овој изборен процес.

(продолжува)

[1] Говор на омраза, закани и повици за линч за Заев  Цивилмедиа 7 јули 2020
[2] Говор на омраза: „Глас за Заев е глас за ш….. премиер“! Цивилмедиа, 29 јуни 2020
[3] Фејсбук страницата „Налет да се сторите“ со говор на омраза и закани по животот на Зиадин Села Цивилмедиа, 2 Јули, 2020
[4] Закани за Села: Еднаш се спаси, вторпат нема да куртули, Цивилмедиа, 5 јули 2020
[5] Во „теовел“ омразата се приклучи и Антонио Милошоски, Цивилмедиа, 3 јули 2020
[6] Zlatko Kovach is one of them. Just blocks from the White House, the 48-year-old editor runs the Washington office of Sputnik, which styles itself as a straight news service that aspires to compete with the Associated Press and Reuters. Three of Kovach’s fellow ex-Pentagon contract workers joined him. Two have moved on, but Sputnik is actively recruiting others. Kovach, a naturalized American citizen, doesn’t see his move as unpatriotic but rather as economically justified. “Despite the big superpower relations, the media has developed in such a way as that’s the nature of the market,” he said. “It isn’t harming the U.S.” Sputnik is part of a news and information outlet known in the United States as RT, the initials of its parent entity, Russia Today, which operates under the Ministry of Communications and Mass Media in Moscow. With State Department approval, RT opened the Washington office of Sputnik last year just as civilian contractors who shaped U.S. military messaging overseas were put out of work when Congress shut down most of a $22 million program. https://www.stopfake.org/en/putin-propaganda-picks-up-ex-pentagon-contractors/
[7] И Најчевска мета на навреди и говор на омраза Цивилмедиа, 7 јули 2020
[8] Разрешениот судија Панчевски шири лаги и дезинформации за СДСМ и ДУИ Цивилмедиа, 8 јули 2020
[9] И амбасадорката на САД мета на говор на омраза Цивилмедиа, 23 јули 2020
[10] ФБ објава, 16 јули, Димитар Апасиев, https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3140881162643867
[11] ФБ објава, 8 август, Димитар Апасиев, https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3207868405945142
[12] ФБ објава, 10 јули, Димитар Апасиев, https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3126174527447864

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. 
Во постизборниот период, ЦИВИЛ објави серија извештаи и анализи за спроведувањето на изборниот процес. Во претстојниот период, Организацијата го финализира објавувањето на извештаите и анализите од мониторингот, по што ќе бидат подготвени и објавени препораки за идните чекори што треба да се преземат на повеќе правно-политички, институционални и општествени нивоа.
Овие денови, ЦИВИЛ објавува делови од опсежната анализа под наслов „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза“ која ја подготви медиумскиот експерт Петрит Сарачини, инаку активист и член на Собранието на ЦИВИЛ.
Анализата е подготвена на педесетина страници, со конкретни примери и анализи за ефектите од кампањата, методите на пласирање на пораките, мрежите за оркестрирано ширење партиска пропаганда, дезинформации и омраза и низа други аспекти. На крајот од анализата се поместени заклучоци и препораки кои ќе бидат дел од пакетот препораки кои ЦИВИЛ ќе ги претстави пред јавноста и на институциите кон средината на септември.

Прв дел | Втор дел | Трет дел | Четврти дел | Петти дел | Шести дел | Седми дел

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ