ВЕСТ НА ДЕНОТ
Нови закани за бомби – на мета неколку основни училишта во Аеродром
Закани за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта. Дојави за бомби, според сознанијата, пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“, „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Полицијата прави антитерористички проверки. Евакуирани се и учениците од гимназијата „Георги Димитров“.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Европскиот парламент го призна Холодомор како геноцид
Европскиот парламент со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата за 90-годишнината од Холодомор во Украина, со која страшните настани од 1930-тите се признаваат како геноцид врз украинскиот народ.
Како што јави дописникот на Укринформ, документот со кој се осудува вештачкиот глад, Холодомор, во Украина беше усвоен со 507 гласа „за“, 12 „против“ и 17 воздржани
Во руската воена агресија во Украина настрадаа над 1.303 деца
Вкупно 447 деца се убиени, а над 856 повредени во Украина од почетокот на руската инвазија, објави Украинското државно обвинителство на Телеграм
Седум загинати и 19 повредени во руските напади
На 14 декември 2022 година, седум цивили загинаа, а 19 беа повредени во руските напади на територијата на Украина, изјави заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко на Телеграм
Русија во Украина ожнеала пченица вредна милијарда долари
Според истражувањето засновано на сателитски снимки од Програмата за безбедност на храната и земјоделството на НАСА, Украина загубила најмалку една милијарда долари од пченицата собрана на територијата окупирана од Русија.
РЕГИОН
Вархеји: Заедничката работа против криминалот донесе успех за визната либерализација на Косово: Претставниците на Европскиот парламентот и на Европскиот совет вчера постигнаа договор за либерализација на визите за Косово. Оваа одлука ја поздрави и еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји, кој рече дека овој успех се должи на „заедничката борба“ против организираниот криминал, пренесуваат косовските медиуми.
Курти во Прага ја поднесе апликацијата на Косово за членство во ЕУ: Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Прага ја поднесе апликацијата на Косово за членство во Европската унија и изрази надеж дека за девет години државата ќе влезе во ЕУ
СВЕТ
Бајден најави милијарди долари помош и инвестиции во Африка
Американскиот претседател Џо Бајден на Самитот со африканските лидери во Вашингтон најави милијарди американски долари помош и инвестиции во Африка, пренесува денеска Би-Би-Си.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ОСМАНИ – ДЕНДИАС ВО АТИНА Секогаш може да сметате на нашето пријателство и секогаш може да сметате на нашата поддршка, порача шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, додека пак министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи истакна дека односите меѓу двете земји претставуваат вистински пример за добри соседи и како се гради стабилно и долготрајно партнерство, базирано на взаемна доверба и почитување
КУЛТУРНИ КЛУБОВИ Во нашата држава законите важат за сите без исклучок, така што се она што е во согласност со закон треба да биде спроведено. Точно е дека вчера имаше во Брисел состанок, меѓутоа доколку ги погледнете заклучоците, тие се комплетно во насока на исполнување на европскиот пат на државата и во согласност со стандардите на ЕУ. Тоа е добро и тоа е за поздравување, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ да ја одбие предлог-декларацијата на Бугарија со која се бараше „ефективно гонење и осуда од страна на властите во Северна Македонија на злосторства од омраза“.
БОРБА СО КОРУПЦИЈА Владата го зголеми буџетот и капацитетите, останува на судиите и на јавните обвинители да ја завршуваат својата обврска со интегритет, да не бидат подложни на надворешни влијанија и да се држат исклучиво до законите, порача денеска вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска на регионалната антикорупциска конференција.
ГРЧКИ ЈАГЛЕН ЗА РЕК Набавен е јаглен од 600.000 тони за РЕК Битола по ниска цена од 59 евра за тон, а привршува постапката за обезбедување јаглен и за РЕК Осломеј. Според ова обезбеденена е доволна количина од овој енергенс за контринуирано производство на струја во земјава, а месечната потрошувачка на сите три блока во РЕК Битола е околу 60.000 тони јаглен е со вредност од 1800 до 2000 калории.
ОДБРАНА Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во придружба на началникот на Генералштабот, генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Кичево ги посетија припадниците на четвртиот пешадиски баталјон на првата бригада и единицата за логистичка поддршка, сместени во касарната „Чеде Филиповски – Даме“, информираат од МО.
ИНТЕРВЈУ
Заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф, за руската пропаганда, медиумите и македонските ЕУ перспективи
Заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на Германската амбасада, Ото Граф, одговори на неколку прашања поврзани со дезинформациите и пропагандата, поддршката од Германската амбасада за граѓанското општество и медиумите, како и за перспективите на Северна Македонија и поддршката од Германија во тој процес.
Орданоски: Освен хибридните напади, како дојавите за бомби, зголемени се и обидите за сајбер напади
„Сметам дека ова е сѐ дел од една хибридна војна. Македонија е членка на НАТО и не е исклучена од таа хибридна војна. Хибридна војна се води со воени и невоени средства и целта е да создава страв, несигурност и двоумење кај населението со ширење на лажни вести, на дојави, нешто што ќе се перципира како нестабилност. Ништо ново во поглед на таква војна. Во Македонија имаме историја на такви случувања со години наназад“, вели Ванчо Орданоски од ИнфоПроект за ЦИВИЛ Медиа, одговарајќи на прашањето за дојави за бомби што веќе два месеци ги вознемирува граѓаните.
АНАЛИЗИ
Ама сега и од ВМРО најавуваат пожестоко. Така звучи нивната изјава преку партиското соопштение во кое се вели дека ниту францускиот претседател, ниту германскиот канцелар нема да ги разубедат лидерот и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот под бугарски диктат.
За кого е оваа порака ви се молам? За нашите сојузници во ЕУ коишто толку енергично се залагаат да го забрзаат процесот за нашето членство во ЕУ, со чист идентитет и признаен македонски јазик?
Ако е така, а така е, Мицкоски само ја продолжува политиката на Груевски. Груевски го одлагаше пристапувањето на членството во ЕУ и НАТО за да ги спроведе своите лични проекти за антиквизација на Македонија и за да ја „зароби“ државата, спротивни на сите национални интереси на земјата и на нејзините граѓани. Мицкоски сега го продолжува неговото дело, пишува Зоран Бојаровски во денешната анализа „ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја продолжуваат политиката на Груевски за блокада на нашето членство во ЕУ, а Левица е тука со кибритот ако треба да се радикализира“
СЛОБОДНА ЗОНА
Латинка Перовиќ (октомври 1933 – декември 2022) по своето дело и долговечност стигна да ги анализира сите настани од втората половина на минатиот век и првите две децении од овој. Многу промени, војни, пленуми, жртви, преселби… Можеа ли либералните идеи од периодот 1966 – 1972 година да имаа поинаков ефект врз развојот на тогашното општество, да го спречат национализмот, да не внесат во онаа заедница која денес се нарекува ЕУ, да не спасат од крвавите граѓански војни и да го задржиме чекорот која не водеше пред сите други држави од Источна Европа, за Грција и да не говориме?, пишува Љубомир Костовски во колумната „ Југословенски либерали: Групен портрет со дама“
Д. Мишев