• Latest
ВОСХИТ, ПА ... Перовиќ и и Никезиќ отпрвин по разговор со нив го воодушевуваат Тито „што  сме имале такви кадри“ а осум дена потоа тие мора да поднесат оставки

Југословенски либерали: Групен портрет со дама

December 15, 2022

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Југословенски либерали: Групен портрет со дама

Латинка Перовиќ (октомври 1933 - декември 2022) по своето дело и долговечност стигна да ги анализира сите настани од втората половина на минатиот век и првите две децении од овој. Многу промени, војни, пленуми, жртви, преселби... Можеа ли либералните идеи од периодот 1966 - 1972 година да имаа поинаков ефект врз развојот на тогашното општество, да го спречат национализмот, да не внесат во онаа заедница која денес се нарекува ЕУ, да не спасат од крвавите граѓански војни и да го задржиме чекорот која не водеше пред сите други држави од Источна Европа, за Грција и да не говориме?

December 15, 2022 13:24
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
ВОСХИТ, ПА ... Перовиќ и и Никезиќ отпрвин по разговор со нив го воодушевуваат Тито „што  сме имале такви кадри“ а осум дена потоа тие мора да поднесат оставки

ВОСХИТ, ПА ... Перовиќ и и Никезиќ отпрвин по разговор со нив го воодушевуваат Тито „што  сме имале такви кадри“ а осум дена потоа тие мора да поднесат оставки

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Кога во понеделникот пристигна веста за смртта на корифејот на југословенскиот либерализам – Латинка Перовиќ, пред очите ми излезе сликата на еден од професорите со кого во текот на студиите на Правниот факултет никогаш не успеав да се видаме поодблизу –  д-р Славко Милосавлевски.

Во време на есенските дождови во 1972 година, додека студентите се собираа пред бараките на Педагошка академија (во она време место за три факултети!), каде се одржуваа вежбите, можевме да видиме еден подгрбавен човек, натежнат од судбината, во сив мантил, како ги мие филџаните од испиеното кафе, кому воопшто не му беше пријатно таквото соочување со студентите, од каде доаѓаа погледи полни со прекори, злурадост и евентуално со по некоја насмевка на сочувство. Предаваше социологија, заедно со неговиот колега Чокревски, но имавме главно писмени испити кај асистентите: и Милосавлевски и Чокревски беа „проскрибираните“ либерали чија политичка ликвидација беше во тек. Како новинар многу подоцна на три пати имав долги разговори со Милосавлевски и секако ја сватив големината на неговата жртва, визија за едно перспективно општество кое не се случи. Во тоа друштво кое го даде најголемиот залет на промените после Четвртиот пленум на СКЈ (летото 1966 г.), имаше видливо место за неколку Македонци (пред се да не го заборавиме Крсте Црвенковски), но во една федерална слика на либерализмот секако централна е позицијата на сега преминатата Перовиќ, која, после крајот на нејзината политичка кариера, ја пишуваат како историчарка.

Идеја- водилка од 19.век

И кон неа главно постоеше мерка на изолација, со по некое големо интервју во кое таа и покрај староста имаше восхитувачки смисол за резонирање, меморија и аналитика. Импресивен беше нејзиниот однос кон потценувањето што нејзиното непосредно опкружување го имаше кон неа и во толку долг период – цели 50 години кои само ја докажуваа нејзината мудрост и држеа „практична настава“ како треба да го уништите својот народ и да го вратите тркалото на историјата во некое давно време од после ослободувањето од Османското цсрство (1878 г.), кога се родила идејата „сите Срби во една држава“.

– Денес Србија се обидува да ги реши прашањата што ги создаде со војните на територијата на поранешна Југославија и овие решенија се услов за нејзин опстанок – вели Латинка Перовиќ во едно интервју за неделникот Време од 2013 година.

– Масите најмногу се собраа околу една цел: да се создаде голема држава во која ќе живее целиот српски народ. Тоа отсекогаш бил приоритет на српската политика, која, без оглед на историските околности, не се променила од 19 век; тој ги определи не само односите во Југославија, туку и, ако сакате, односот на Србија кон Европа.

СЕ ДО ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ Личност која половина век беше „боксерска вреќа“ за носителите на ретроградни процеси во регионот, се до нејзиниот крај

Перовиќ го цитира стратегот на оваа идеја (од македонско потекло) – Никола Пашиќ кој се прашувал – што е за нас Европа? И си одговарал – само наша граница!.

Речиси сите институции во Србија се вклучени во зачувувањето на таа опсесија; од неа произлегле сите клучни историски идеи во Србија, како и водечките политички партии; таа, вели, ја одредила судбината на Кралството Србија и судбината на двете Југославии; како што, сепак, и денес ја одредува судбината на земјата. „Како? Затоа што Србија во овој момент сè уште не успева да ја стави својата историја на терен, да ја согледа реално, да ја разбере динамиката на времето, да разбере што значи изгубеното време во историјата; со други зборови, нема рамнотежа на она што се случи овде на крајот на 20 век“.

Историчарката во своите излагања последните децении не криеше дека Србија падот на Берлинскиот ѕид го сватила како шанса да се врати на старите идеи. Во интервјуто за телевизијата „Вести“ (црногорска експозитура на Јунајтед груп), таа вели дека како и сите источноевропски земји Србија, тогаш во рамките на Југославија, имала два избори – или да се заврти кон себе, кон промена на ситемот и развојот на земјата или да оди преку Дрина, да го врати сонот за она „сите Срби во една држава“ заборавајќи на поговорката дека „нема таков шешир кој ќе ги покрие сите влакна од косата“. И дека тоа ќе биде потег кој ќе донесе многу жртви. Таа се потсетува во тоа тв интервју, ремемитувано рано наутро во вторникот, на 13 декември во 05.00 часот, дека кога го праашала потпретседателот на САНУ Антоние Исаковиќ дали е свесен колку војувањето ќе одземе животи, тој мртов ладен одговорил дека има пресметка – 87 илјади лица!

„И тогаш велат – војната дојде одеднаш. Па, не е! И со таква хипотека, невозможно е едноставно да се вртат страниците на историјата. Таа цена мора да се плати. Како – прашува новинарката?

„Цената е содржана во распадот во кој се наоѓа Србија денес:на политички и економски и културен и образовен план … Ако такво нешто воопшто постои, тогаш ова е божја казна за големата лага за тоа што се случило на територијата на поранешната Југославија на крајот на 20 век.

Се разбира, би можеле да зборуваме за причините, за одговорноста; но она што е важно за ова општество е сликата што ја имаме за сопствената улога во процесот на крвавиот распад на Југославија. Без неа, моралното и интелектуалното закрепнување е невозможно. Конечно, без таа слика, невозможно е да се реши проблемот на Косово, како и проблемите што се појавуваат секој ден: Војводина, Санџак… А тие прашања – во друг историски контекст – според мене, сè уште се решаваат денес по стари модели и формули.

Поттикот наречен Добрица Ќосиќ

Добрица Ќосиќ е арбитер и авторитет; прифатен меѓу граѓаните. Сепак, фикцијата на Ќосиќ, јавно кажуваше Латинка Перовиќ – лагата што ја промовираше – доведе до последици за кои, добро, можеби не треба да размислува, но секој што ја чита и да ја споредува со ефектот што го создава тоа пишување.

Веќе од својата втора книга „Корени“, Ќосиќ реши слободно да ја реконструира историјата на српскиот народ во која, тој народ е единствената жртва. Морам да кажам дека Ќосиќ оваа работа ја работи многу методично, истрајно, со план. На крајот на краиштата, тој самиот зборуваше за тоа неколку пати.

Она што е врзано за неа, која беше втор човек на српските комунисти завршува во мигот кога Тито, по извесна неодлучност, решава да се пресмета со хрватскиот национализам во 1971 година, а потоа, како за некаква равнотежа на оската Белград – Загреб, само следната година, се случи и пресметката со т.н. либерализам, со еден сосема спротивен  идеолошки правец, сега во Србија.

Хрватските комунисти на чело со Савка Дапчевиќ Кучар се сменети на затворена седница во Караѓорѓево, без шанса да се бранат. За разлика од нив, коментира Перовиќ српскиот политички врв е сменет низ дебати и разговори, на многу состаноци кои биле често и јавни. Таа и нејзиното непосредно политичко милје, имале и средба со Тито.

Кога Вељко Влаховиќ, кој заедно со ексамбасадорот во Москва Вељко Миќуновиќ (авторот на „Московски години“, извонредно политичко четиво) имале храброст на крајна отвореност со својот политички лидер и дури да го критикуваат, го прашал Тито како минале разговорите со Латинка и Иван, тој рекол дека се гордее што партијата (!) има во своите редови толку умни луѓе (!). И по само осум дена, на 26. октомври 1972. године, оставки на партиски и државне функции поднеле Марко Никезиќ (председник ЦК СК Србије), Латинка Перовиќ (секретар ЦК), Бора Павловиќ (секретар на Градскиог комитет на Београда), потоа сојузниот секретар за надворешни работи Мирко Тепавац, а од солидарност се повлекол и Коча Поповиќ, легендарниот шпански борец и партизански генерал од влашко потекло, кој има македонски корени.

Покрај нив ќе настрадаат и други политичари „под иста фирма“ и во други делови на Југославија, а меѓу нив и врвни македонски кадри како што беше споменатиот Милосавлевски, на пример како и Крсте Црвенковски, веројатно ненадминатиот македонски лидер по својата ерудиција и смисол за промени во општеството.

МАЛА ВОЈНА Тврдеше во 2014 година дека на Путин добро би му дошла нова војна на Балакнот за да се сврти вниманието од она што се случува во Украина

Интересна е анализата на Перовиќ која тврди дека настаните во бурните 70-ти се директно инспирирани од Москва. Ова е секако интересно и од сегашен агол на наблудување! Таа често цитира одредени амбасадори на Москва во СФРЈ дека тие не дошле од никаде во земјата, туку дека „отсекогаш биле тука“ и дека им било битно да ја вратат земјата во социјалистичкиот лагер. Дава и пример кога е сменет претседателот на српското Собрание Мијалко Тодоровиќ, познатиот Плави, кој држеше митинг во Белград после упадот на тенковите на Варшавскиот пакт во Чехословачка во август 1968 година. Бидејќи на Пактот му одговарало да го релативизира отпорот против својата акција советските политичари побарала смена на Тодоровиќ од сите функции, а направиле дури и список на свои непријатели во Југославија. Перовиќ вели дека таа со силата на својот авторитет тогаш го спречила ова тргање на Тодоровиќ од политичката смена, но постојано велела дека тој список сепак бил актуелен во подоцнежниот период и дека сенката на Москва постојанио лебдеела врз Југославија, ова и како преттекс на она што ќе се случува со руското влијание врз актуелна Србија, но и врз регионот.

Влијание на Русија врз чистката на либералите

– Русите отсекогаш биле присутни на Балканот, стратешки заинтересирани за него. На крајот на краиштата, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров неодамна не заборави да ја потсети „Политика“ дека Русија потпишала Декларација за соработка со претседателот на Србија, Томислав Николиќ. И затоа руското присуство во Србија денес се чувствува во сите сфери: од економијата и културата до јавниот и политичкиот живот… – вели Петровиќ во интервју за „Пешчаник“.

– Во суштина, велам, станува збор за вековните политички и државни претензии на Русија во однос на Балканот, кои, сепак, денес не можат да се гледаат изолирано од украинската криза и кои се повеќе од тесно поврзани со поранешните југословенски држави. . Во оваа смисла, можеби не е „лошо“ да се води нова мала балканска војна која би ја „зафатила“ Европа. Од доаѓањето на Владимир Путин на чело на државата, ваквата политика на Русија на Балканот стана повеќе од јасна.

Важни луѓе од генерацијата како на пример, Вељко Миќуновиќ или Коча Поповиќ, мислеа дека таканареченото одмрзнување на односите меѓу СФРЈ и СССР всушност го запре процесот на оддалечување на Југославија не од рускиот народ, туку од сталинизмот, од тој модел на голема држава. Луѓето што ги спомнав веруваа дека ова наводно извинување (доаѓањето на Хрушчов во Белград во 1955 г.) суштински го запре историскиот тек во смисла на оддалечување на Југославија од сталинистичкиот модел, а со тоа и од забрзаната модернизација на земјата, што, верувам, на крајот ќе доведе до некаков прифатлив договор на југословенски народи, кои на крајот ќе ги избегнат крвавите и воинствени деведесетти.

Поради ваквите ставови, југословенското МНР беше исмејувано во времето на Коча Поповиќ, Марко Никезиќ и Мирко Тепавац…Кажав дека традицијата на руската политика е негување на внатрешни проруски сили, кои и во седумдесеттите години на минатиот век беа користени како носители на радикални критики кон нас кои се залагавме за стабилност, за модернизација, за раскинување со сталинистичката модел на владеење и размислување, за нормална и рамноправна меѓудржавна соработка меѓу Југославија и СССР, за деидеологизација на меѓусебните односи; кои беа против поделбата на светот од Студената војна.

ДИЛЕМА Можеше ли Југославија од едно селско општество да прерасне во развиена демократија – ова е една од дилемите на Перовиќ

На крајот, нашата политичка гарнитура – српските либерали – ја напуштија југословенската политичка сцена и беа обвинети дека се „советофоби“. Што, се разбира, не беше точно. Посебно не во смисла во која тој термин се користеше како квалификација во тоа време. Бевме критични и нашата цел, повторувам, беше што повеќе да се дистанцираме од советскиот систем, од внатрешниот деспотизам и да се свртиме кон современиот свет. Но, не во смисла на судир со Русите и избегнување соработка, што, очигледно, би било повеќе од ризична авантура – вели Перовиќ

Линијата на поделба на општеството која настана во 1966 година и ден– денес се чувствува и во македонското општество, и три децении по осамостојувањерто. На моменти дури и подраматично. Јасно, без силни инсталации однадвор тоа негативна енергија не би случувало со тој идентитет и секој ден

Tags: анализикомунизамлибералиМакедонијаРусијаСрбијаСФРЈ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ