• Latest

Пендаровски од Генералното Собрание на ОН: Агресијата на Русија врз Украина е флагрантно кршење на Повелбата на ОН и на принципите на меѓународното право

September 22, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

January 28, 2026
Скриншот од видео на
UATV English

1,2 милиони руски жртви во Украина – загуба што не е видена од Втората светска војна 

January 28, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Спасување на платите на црно

January 28, 2026

Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

January 28, 2026
Keylogger Computer Spy Concept. Recording Each Keyboard Button Strike.

Србија во руската безбедносна орбита: сајбер инциденти, протести и геополитички ризици

January 28, 2026

САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

January 28, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Локални избори 2025 – Информативна манипулација и про-Кремљ наративи во дел од медиумскиот простор (15)

January 28, 2026
Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

ICE Барби ја премина границата за последен пат – Кристи Ноем се соочува со импичмент во Конгресот ако не биде отпуштена или не поднесе оставка

January 28, 2026

рф продолжува со ракетни напади за време на мразови

January 28, 2026
Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

January 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

    Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

    Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

    ICE Барби ја премина границата за последен пат – Кристи Ноем се соочува со импичмент во Конгресот ако не биде отпуштена или не поднесе оставка

    Скриншот од видео на WGN News

    Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

    Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

    Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

    Илустрација ВИ

    Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Спасување на платите на црно

    Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

    Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски од Генералното Собрание на ОН: Агресијата на Русија врз Украина е флагрантно кршење на Повелбата на ОН и на принципите на меѓународното право

September 22, 2023 16:43
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк се обрати на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации.

“Оваа година фокусот врз сите нас е можеби поголем од кога било претходно, а причината е во поразителниот факт дека најмал заеднички именител на емоционалната состојба на човештвото денес е ‒ стравот. Стравот од војни, од глад и сиромаштија, од пандемии, од еколошки катаклизми, страв за иднината на нашите најблиски. Ноторен факт е дека меѓународниот поредок е темелно разнишан на повеќе точки во светот.

Агресијата на Руската Федерација врз Украина продолжува со несмалена жестокост што е флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и на принципите на меѓународното право, во континуитет. Станува збор за најголемата безбедносна криза по Втората светска војна, со глобални последици кои, повеќе или помалку се чувствуваат на сите континенти. Со секој изминат ден, се зголемуваат страдањата на украинскиот народ, се уништуваат материјални добра и расте опасноста од ескалација“, изјави Пендаровски на почетокот од своето обраќање.

Пендаровски ја истакна поддршката на Северна Македонија кон Украина, најосторосудувајќи ја руската агресија, како закана за светскиот мир.

„Не случајно, неодамна, генералниот секретар предупреди дека ризикот од нуклеарна катастрофа, денес е на највисоко ниво по завршувањето на Студената војна. Овој аларм од највисокото ниво на Организацијата треба да биде повик до секој разумен политички лидер за глобална мобилизација за зачувување на мирот, без сомнение, најголемата вредност на човештвото.

Последен час е да замолкнат барабаните на војната, да се почитува Повелбата на Обединетите нации, тргнувајќи од независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на државите, како темелен принцип и главен резон за постоењето на светската организација.

Мирот е во основата на сè, меѓутоа, светот е соочен со предизвици од различен формат и за нивно решавање не е доволно да има само мир меѓу државите, туку и меѓусебна доверба и соработка. Јасно е дека довербата, градена со децении, во најголем дел токму во оваа зграда, е сериозно нарушена и дека ќе ни треба време, напори и пред сè, политичка волја за повторно да ја воспоставиме.

Независно од сите разлики што постојат меѓу нас – политички, економски или културолошки – ние мора да дејствуваме заедно во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот на сегашните и идни генерации. Алтернативите на дијалогот меѓу нациите се застрашувачки, а секое одолговлекување повторно ќе нè соочи со истата закана, со тоа што цената што тогаш ќе треба да ја платиме ќе биде далеку повисока.

Војната во Украина креира состојба на општа непредвидливост и кризи коишто меѓусебно се поттикнуваат, особено во снабдувањето со храна и енергенти. Недостатокот од храна ги загрозува најсиромашните и се заканува во многу делови од светот да предизвика хуманитарни катастрофи со незабележани магнитуди.

Даваме целосна поддршка на напорите на генералниот секретар за враќање во сила на договорот за извоз на украинско жито преку Црното море, затоа што е целосно неприфатливо, храната и енергијата да се користат како оружје за остварување на воени или политички цели.

Паралелно со напорите за мирно разрешување на конфликтите, неопходно е удвојување на напорите за реализација на Милениумските развојни цели 2030. Самитот одржан пред неколку дена во рамките на овогодишната Генерална дебата, е чекор во вистинската насока, но круцијално е зборовите да бидат преточени во дела.

Неразбирливо е во третата деценија на 21-от век, милиони луѓе да немаат пристап до елементарните човекови потреби. Каков ќе биде нашиот авторитет како политички лидери кога зборуваме за демократија, за човекови права и просперитет, доколку во исто време, милиони луѓе немаат пристап до вода за пиење, до храна или до образование?

Глобалната солидарност, не е нова идеја или концепт кој треба посебно да се елаборира. Доаѓам од Скопје, главниот град на Северна Македонија којшто пред точно 60 години беше погоден од катастрофален земјотрес. Скопје се крена од пепелта, благодарение, помеѓу останатото и на глобалната солидарност.

Ние научивме на потешкиот начин што значи подадена рака во неволја. Катастрофалниот земјотрес во Турција, во февруари оваа година, нè натера повторно да се навратиме на суштината на хуманизмот: ранливоста пред природните катастрофи, но и исконската потреба на човекот да им помогне на послабите и на настраданите.

Никој од нас не знае што носи утрешниот ден, но знаеме дека со сите предизвици ќе се соочиме далеку поефикасно, доколку ги користиме механизмите кои веќе ги имаме изградено. На таа линија, потребно е далеку порешително да го адресираме проблемот на климатските промени. Тие промени не препознаваат и не признаваат граници ‒ за ефикасен одговор е апсолутно критична ‒ заедничка акција.

Регионот на Југоисточна Европа, од кој доаѓам, се соочува со досега непознати феномени: таканаречените суперклеточни луњи коишто се речиси на границата на торнада се директна последица на климатските промени. Глобалното затоплување, како што вели генералниот секретар, веќе преминува во глобално вриење. Без сомнение, светот е исправен пред егзистенцијален предизвик, а единствениот успешен противодговор е можен, само ако сите се обединиме врз една, единствена платформа.

Неопходните инструменти како што е Климатскиот пакт за солидарност преку кој развиените обезбедуваат финансиска и техничка поддршка за економиите во развој се веќе поставени: правична транзиција кон зелена економија е возможна, но само со нивна соодветна примена. Според „Забрзаната агенда за климатска акција“, развиените земји би требало не само да достигнат нето-нула емисии до 2040-та, туку и да ги одржат ветувањата кон земјите во развој, со дуплирање на ресурсите за адаптација и надополнување на Зелениот климатски фонд.

Најголемите закани на денешното време: геополитичките турбуленции, војните, тероризмот, климатските промени или масовните мигрантски бранови, се случуваат во период кога меѓународните организации и целиот мултилатерален систем минуваат низ криза на идентитетот или функционалноста, а најчесто и низ двете. Единствениот реален одговор може да биде само обновен и зајакнат мултилатерализам којшто ќе ги уважува потребите на секоја држава поединечно, но ќе нуди и јасна визија за големата слика, за работите што нè поврзуваат, за општото добро.

Не постои посоодветно место за тој заеднички потфат од Обединетите нации.

Ургентна потреба на човештвото денес е враќање на предвидливоста, на раното предупредување и превенцијата во меѓународните односи. Јасно е дека предуслов за тоа се внатрешни реформи на системот на Обединетите нации, со почитување на принципите на поголема репрезентативност и инклузивност, заради рефлектирање на реалностите на денешниот свет.

Притоа е потребно етаблирање на механизми за подобра функционалност, но во истовреме и за редуцирање на опциите за парализа на Организацијата. И во тој контекст, даваме целосна поддршка за одржување на Министерскиот состанок како подготовка на Самитот на иднината кој ќе се одржи во 2024-та.

Се разбира, останува потребата од решавање на старите проблеми, со паралелно адресирање на новите предизвици, иако некои од нив, како лажните вести и сајбер-заканите, се веќе дел од нашите животи. Некои други, пак, иако се од понов датум, како вештачката интелигенција, на пример, веќе предизвикуваат крупни промени во нашите животи.

Никој не треба да има сомнеж дека без заеднички пакт за иднината, ниту една земја или група на држави нема самата да понуди и имплементира одговори на овие предизвици.

Од првиот ден на нашата независност, пред повеќе од 30 години, мојата земја на најдобар можен начин ја манифестираше својата приврзаност кон принципите на мирот, продлабочената регионална соработка и решавање на отворените прашања по пат на дијалог. Во 1991-та година, отворивме процес на внатрешно демократско созревање, преку афирмација на правата на етничките заедници до највисок можен степен и негување на културата на дијалог при решавање на проблемите на внатрешен план, но и во односите со соседите.

Го прифативме компромисот како начин на решавање на проблемите, не како израз на слабост, туку, напротив, како израз на самодоверба дека сме способни да ги заштитиме сопствените интереси без да ги повредиме интересите на останатите.

Почитувајќи ги принципите во кои самите веруваме, продолжуваме да даваме активен придонес кон мирот, стабилноста, демократските вредности, одржливиот развој и економскиот просперитет. Оваа година, претседаваме со ОБСЕ, најголемата регионална безбедносна организација, во време исполнето со предизвици без преседан, но и во такви услови, настојуваме да ја задржиме релевантноста на Организацијата, тргнувајќи од темелните принципи од Повелбата на ОН и Завршниот акт од Хелсинки.

Остануваме меѓу најголемите промотори и на регионалната соработка во Југоисточна Европа, настојувајќи, истовремено, да ги исполниме критериумите за членство во Европската Унија, не подоцна од 2030-та година. Кај нас не постои дилема дека јакнењето на демократските институции, во континуитет, со загарантирана рамноправност на сите граѓани, е единствениот можен пат до поголема кохезија во едно мултиетничко општество. 

На почетокот споменав дека стравот од иднината е веројатно најдоминантното чувство во светот денес. Меѓутоа, тоа не смее да биде прифатено како нормална состојба. Пред нас, политичките лидери овде собрани, стои обврската, тоа чувство на страв да го замениме со надеж и со верба за поправеден свет.

Предуслов за тоа е да постигнеме, без одложување, еден обновен договор за почитување на темелните вредности и хуманите идеали заради кои и беше основана оваа организација пред 78 години,“ изјави Пендаровски.

Tags: Генерално Собрание на ОНобраќањеСтево Пендаровски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ