„Најважното прашање при сумирањето на изборните резултати не е само бројот на гласови. Клучно е да се прашаме: колку од тие гласови се купени и од каде доаѓаат средствата што се користат за тоа?“, изјави професорот по безбедност Владимир Пивоваров во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
Во повеќето случаи, одговорот лежи во корупцијата – системска и тешко видлива. Со самото учество во вакви избори, со нашето молчење и немоќ да се спротивставиме, ние несвесно ја легитимираме корупцијата и создаваме магичен круг од кој тешко излегуваме. Луѓето се преплашени, се повлекуваат, и токму со тоа стануваат дел од проблемот, нагласува професорот Пивоваров.
Проф. Пивоваров, експерт за безбедност, предупредува дека вистинската промена е можна само ако се осмелиме да ги препознаеме механизмите на манипулација и да го пробиеме кругот на стравот и молкот.














































