Со почетокот на учебната година, почнуваат и грижите за безбедноста на учениците. Секоја учебна година носи и ризици за безбедноста на учениците. Неретки се инциденти во кои жртви се учениците или тие се учесници во групно насилство. Инцидентите се случуваат во училиштата и училишните дворови, но уште почесто надвор од нив, на улиците, во автобусите или на места за дружење и забава, како локали и спортски објекти.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали и колку учениците се безбедни во и надвор од училиштата?
Неретко сме сведоци на инциденти меѓу учениците, како и случаи кога тие се мета на повозрасни лица. ЦивилМедиа денеска го постави ова прашање и ги повика сите заинтересирани да учествуваат со коментар или порака во која ќе споделат мисли, сознанија и искуства на оваа тема.
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа