• Latest
Црта: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Правилниците на ДИК се можност за враќање на довербата во изборните процеси!

February 4, 2016
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Правилниците на ДИК се можност за враќање на довербата во изборните процеси!

February 4, 2016 07:07
in Uncategorized
Црта: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Црта: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Share on FacebookShare on Twitter

Имајќи ги предвид главните цели кои треба да се постигнат со проверка на податоците за граѓаните, статистички анализи и вкрстени проверки на податоците во Избирачкиот список, цели кои се јасно дефинирани и утврдени со усвоениот Правилник за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список (заснована на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи на проверка), од несомнено значење за изборниот процес кој следи (предвремените парламантерни избори 2016) е правилната и целосна примена на усвоените правилници – Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список и Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список (како и постапка за спроведување теренска проверка заради ажурирање на истиот).

Пишува: Сандра Гавриловска
Пишува: Сандра Гавриловска

Усвоената Методологија за технички вкрстени проверки и статистички анализи на различни бази на податоци и евиденции за проверка на Избирачкиот список, како и предвиденото/планирано (со правилниците) ажурирање, односно, запишување, дополнување и бришење на податоците на граѓаните содржани во Избирачкиот список, подразбира апсолутно совесно и одговорно работење на инволвираните државни органи во изборниот процес (Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, и тоа Управата за водење на матични книги и Управата за извршување на санкции при Министерството, основните судови и Министерството за труд и социјална политика).

Во тој контекст, од работењето на надлежните државни органи и претпоставеното почитување и исполнување на нивните законски обврски (во смисла на транспарентност, кооперативност, достапност на информации и кадар, комплетност и ажурирање на податоци и слично) зависи степенот на ризик од правилна и целосна имплементација на правните акти-закони и правилници кои се однесуваат на изборниот процес. Меѓу другото, и пред сé, заради отсуство на прекршочни, односно казнени одредби за одговорност на сите надлежни државни органи (и нивните овластени лица) кои нема да ги исполнат своите законски обврски и/или ќе постапат спротивно на предвидените законски одредби од Изборниот законик и усвоените правилници.

Но, секако, правилната и целосна имплементација на Изборниот законик и на усвоените правилници  за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список, како за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, претставува можност за враќање на изгубената доверба на македонските граѓани во изборните процеси.

(Авторката е адвокатка, членка на експертскиот тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода)
Tags: гласањедемократијаДИКДржавна изборна комисијаекспертизбирачки списоккризаМакедонијапартииполитикаправопрочистувањеСандра ГавриловскаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ