• Latest

Цивил со промоција на европската иднина со „Insieme/Заедно“ на италијански и македонски, заканите со бомби премиерот ги лоцира во странство, скопска новогодишна црна дупка

December 13, 2022
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Цивил со промоција на европската иднина со „Insieme/Заедно“ на италијански и македонски, заканите со бомби премиерот ги лоцира во странство, скопска новогодишна црна дупка

December 13, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ ја промовира Insieme / Заедно, на македонски јазик

ЦИВИЛ денеска во 12 часот одржа промоција на песната „Insieme/Заедно“ на мекедонски јазик. Со оваа иницијатива, Цивил дава свој придонес кон цврстата и недвосмислена определбата на македонското општество да се приклучи кон големото европско семејство. Време е сите граѓанки и граѓани без оглед на нивната припадност и потекло, сите политички партии, верски заедници, граѓански и политички организации, групи и иницијативи, да се обединат во заедничката цел и стратешката определба на државата – членство во ЕУ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Кај голем дел од овие дојави се работи за Ви-Пи-Ен врски хостирани во странство при што, речиси апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата, бидејќи Ви-Пи-Ен-ите се приватни виртуелни мрежи хостирани во странски држави и затоа се работи со партнерските служби“, изјави премиерот Ковачевски на прес конференција во Владата денеска.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски ја повика Русија да се повлече

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја повика Русија конечно да ја запре агресијата и да ги повлече своите војници овој Божиќ.

Пропагандна војна на Кремљ: Операција „Деморализација“

Кампањата за деморализирање на Украинците се заснова на мрачни описи на апокалиптичната иднина на украинските градови, со закани дека ќе бидат потопени во темнина и студ како резултат на руските ракетни напади.

Путин го откажа годишното обраќање, соочен со постојани порази во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција на крајот на годината за прв пат по една деценија, бидејќи руските трупи продолжуваат да губат позиции во Украина, пренесе POLITICO.

РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Кој се крие под „маските“ на северот на Косово, Европскиот суд за човекови права со 25 илјади евра казна за Албанија, за етничките малцинства на Балканот

Косово аплицира за членство во ЕУ Косовскиот премиер Албин Курти на денешната седница на Владата на Косово изјави дека во текот на оваа недела Косово ќе ја поднесе апликацијата за членство во Европската унија (ЕУ), јавуваат косовските медиуми.

Отворен Балкан корисен за Црна Гора Сè што и помага на регионалната соработка за нас е прифатливо, рече црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, прашан дали земјата ќе се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

НОВОГОДИШНА ЦРНА ДУПКА Битола, Струга, Зрновце, Новаци, Делчево, Градско, Берово, Македонски Брод, Ресен… се само дел од општините кои решија да ги украсуваат своите општини за граѓаните да ја почувствуваат новогодишната еуфорија. Додека од Град Скопје сè уште немаат конкретен одговор дали ќе го украсат градот и дали ќе организираат новогодишна забава на плоштад „Македонија“, како во изминатите години, во неколку поголеми општини низ државата веќе почна украсувањето.

СОСТАНОК НА ЈАДРАНСКАТА ПОВЕЛБА Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на Министерскиот состанок на САД – Јадранската Повелба, што се одржа во Подгорица, Црна Гора. Во рамки на состанокот, Северна Македонија го презема претседавањето со Повелбата за 2023 година, кога се одбележува и 20 годишнината од нејзиното формирање, информираа денеска од МНР.

СКРИНИНГ Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на панел-дискусијата посветена на годишниот Извештај на Европската комисија за кластерите „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“, рече дека Владата има јасно поставена цел, јасен план за реформирање кој мора да продолжи и во следниот период.

БУЏЕТ ЗА 2023 Планот на Министерството за финансии за трошење на парите од државната каса е пред пратениците, а документот кој ги содржи деталите за парите кои државата планира да ги собере, но и да ги потроши во текот на следната година, ќе се разгледува на пленарна седница.

ЗДРАВСТВО По три недели поминати во болница, пациентот на кој му беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, денес заминува од Клиниката за Дигестивна хирургија во добра состојба, со здрав орган и со шанса за нов живот, информираат од Министерството за здравство.

СУДСКИ РЕФОРМИ Реформите во правосудството и пенитенцијарниот систем, измените во Изборниот законик, довербата на граѓаните во судството, предметите на СЈО беа дел од темите во интервјуто за НоваТВ со министерот за правда Никола Тупанчески. Тој открива дека утре ќе биде одржано првото судење во најголемата дигитална судница во земјата, сместена во Идризово. Според Тупанчески, постапката за транспарентно донесување на измените во Изборниот законик е спроведена но досега на поканата не одговориле од ВМРО-ДПМНЕ.

УКРАИНСКИ ПОЕТИ Десетина современи украински поети се застапени во најновиот двоброј на списанието „Зенит“. Тие се автори кои изминатите десет месеци творат под татнежот на бомбите и под звукот на истрелите, а својата најнова поезија со призвук на пркос ја објавуваат во Меѓународното списание за наука, литература, култура и уметност „Зенит“, во препев на Звонко Димоски и Игор Станојоски.

УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЕУ  Усогласувањето на правната рамка со законодавството на Европската Унија во областа на монетарната политика е во напредна фаза, истакна вицегувернерката Емилија Нацевска во своето излагање на конференцијата организирана од страна на Секретаријатот за европски прашања, насловена „На европскиот пат, нови реформи, нови можности!“, соопштуваат од Народната банка.

ИНТЕРВЈУ

Дерала: Руската пропаганда го поларизира македонското општество

„Состојбата со дезинформациите кај нас е слична како и во целиот регион откако започна инвазија на Русија против Украина. Таа кампања, таа активност се зголеми многукратно, неспоредливо поголема е активност на пропагандните центри што е во континуитет со руското влијание и пропаганда во земјата со години наназад“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, во контекст на придонесот за „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“.

АНАЛИЗИ

Предизвикувајте континуирани кризни состојби, преземајте активности за доведување на противникот во заблуда и постојано поткопувајте и ослабнувајте ги неговите позициии; Креирајте ситуации и наративи за да го доведете под сомневање интегритетот на лидерите што се ваша цел…, ова се само дел од препораките од „Прирачникот за офицери на советското разузнавање“ со озлогласените „посебни мерки“ (активные мероприятия) за агентите на КГБ од 60-тите години, што прочуениот Василиј Митрокин, пребеганиот дииректор на КГБ, во 1992 година им ги стави на увид на британското разузнавање, а потоа и на светот“, анализира Зоран Бојаровски во текстот „За актерите во рускиот свингерај“

Д. Мишев

Tags: анализаВестиДневникизборизјаваинтервјунастаниполитикарегионСвет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ