• Latest

Се уриваат бастионите на македонското новинарство!

November 8, 2016
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Се уриваат бастионите на македонското новинарство!

November 8, 2016 16:27
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Лицемерието на власта, притисоците, сценаријата за уништување на сé што во себе го носи семето на објективното, точно, вистинито и балансирано информирање на јавноста, ми е одамна познато.

Моника Талеска
Пишува: Моника Талеска

Политиката на оваа партија кон медиумите ми беше јасна, уште во далечната 1998 година, кога поради објективно информирање, од тогашен нивен партиски послушник, именуван за в.д. директор (кого пак, партијата подоцна го удостои за послушноста и со наградата „3-ти Ноември“), го добив првиот отказ… Оттогаш до денеска, сведок сум, продолжуваат со несмален интензитет, тенденциите на ВМРО-ДПМНЕ за уништување на секој прогресивен, продемократски ориентиран медиум, како и интенцијата да се бришат новинарските начела, да се сакати професијата -новинар, да се дезавуираат фактите, да се изврти вистината од нејзината оска… За да се креира виртуелна реалност во која ќе слушаме само за наводните успеси на власта, според принципот „работниците се виновни што се одлучиле на протест (по неколку месеци неисплатени плати), зашто така, тие го креваат гласот против партискиот директор и партијата на власт!“

Изминатава деценија се гаснеа медиуми, се затвораа новинари, (случајот со Томислав Кежаровски), се посегаше по безбедноста на мартирите на новинарското перо… И сé така, до Договорот во Пржино, кога и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ставајќи потпис, даде завет дека ќе се бори за враќање на објективното новинарство.

Но, лицемерието на оваа власт, нема крај! Следи екстрадиција на Зоран Божиновски од Србија, за случајот „Шпион“. Но, за високи фигури во ВМРО-ДПМНЕ, ексфункционери со кривични пријави од СЈО, македонското правосудство – првиот сојузник на власта, не може да се осмели, да ги прифати предлог-мерките на СЈО, за времено одземање на патните исправи. Следи и физички напад врз новинарот Павле Беловски од ТВ Телма, а состојбата кулминира со новиот обид на медиумската компанија Медиа Принт Македонија (МПМ), која важи за блиска до власта, да го стави на маса ултиматумот: затворање на „Утрински весник“, доколку не се преполови бројот на сегашните 36 вработени.

Одлуката да се пристапи кон ваков чекор на четири недели пред закажаните вонредни парламентарни избори, става уште една сенка врз декларативните најави на власта за квалитативни реформи во медиумската сфера. Недвосмислено ја изразувам поддршката кон новинарите на „Утрински весник“, како нивен колега до пред една година, кога добив отказ по 10 години редовна дописничка работа, со образложение дека тоа е одлука на раководството на МПМ, за редуцирање на кадрите.

Ги поддржувам новинарите од „Утрински весник“ во нивните напори за опстанок на медиумот, бидејќи оваа редакција е пример, како и покрај притисоците на сопствениците и провладината уредувачка политика, сепак, доследно се бори за примена на професионалните стандарди за објективно и балансирано информирање на јавноста.

Без оглед на исходот на овој последен атак да се стави во канџите на власта, објективното новинарство во Македонија нема да згасне! Затоа порачувам: И сите светла на сцената да ги изгаснете и сите ваши медиумски мегафони да ги активирате, и со притвори и закани да владеете, вистината ќе блесне. Низ перото, низ гласот, низ крикот, низ поривот за слобода на граѓан(к)ите кои ќе ни ја дадат поддршката, нам што останавме на фронтот на вистината.

Ги поминавме ветрометините и бурите и ниту една нова авантура која доаѓа во режија на Владата, нема да нѐ исплаши, знаеме стабилно да чекориме и кога предизвикувате катаклизми во нашите животи. Зашто, ние-борците, сме генераторите на објективното новинарство, кое не ја ведне главата пред силата и моќта, туку се храни од љубовта кон институцијата: објективно и вистинито информирање!

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕДоговор од Пржинозатворање медиумиизбориМПМновинарствопритисоциУтрински весникЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ