• Latest

Штрајк во „Утрински весник“ и „Дневник“: 15 дена рок за менаџментот на МПМ да исплати плати!

February 2, 2017

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Штрајк во „Утрински весник“ и „Дневник“: 15 дена рок за менаџментот на МПМ да исплати плати!

February 2, 2017 16:55
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикалните организации на дневните весници „Дневник“ и „Утрински весник“ му испратија известување на менаџментот на „Медиа Принт Македонија“ дека отпочнуваат со штрајк и им дадоа рок од 15 дена да преговараат со нив за исплата на плати и за здравствено осигурување.

„Во известувањето за штрајк на менаџментот му дадовме рок од 15 дена да преговара со нас, но доколку и по тој рок не се согласат на разговори, веќе на 17–ти февруари ќе започне четиричасовен штрајк кој два дена ќе се одвива во просториите на редакциите и пред седиштето на МПМ, а по тие два дена, бројот на часовите за штрајк ќе се зголемува за сметка на работното време!“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, синдикалниот лидер во „Утрински весник“, новинарот Љубиша Станковиќ.

Одлуката за штрајк доаѓа по повеќемесечни обиди на вработените да седнат на заедничка маса со сопствениците и менаџерите на МПМ за да разговараат за наталожените проблеми во компанијата, а пред сé, за исплатата на плати и на здравствено осигурување.

„Нашите заложби за разговор остаана само наша пуста желба, бидејќи другата страна не даде никаков одговор. Новинарските синидикати, последен пат, пред една седмица, испратија ново барање за средба, но и на тоа барање нема никаков одговор, иако работите сé повеќе се усложнуваат“, додава Станковиќ.

Од весникот „Вест“ сé уште не донеле одлука за штрајк, но ја поддржуваат одлуката на колегите од „Дневник“ и „Утрински весник“.

Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) го подржува штрајкот на новинарите и потенцира дека намалувањето на тиражите на весниците не е поради лошото работење на новинарите и медиумските работници, туку е последица на менаџирањето што го урна кредибилитетот на весниците коишто беа лидери во индустријата на печатените медиуми и вистински креатори на јавното мислење во Македонија.

„Проблемот со платите на вработените во МПМ тлее неколку месеци, Синдикатот се обидуваше да најде заеднички јазик со раководството, меѓутоа и покрај сите заложби и ветувања од негова страна, многу малку беше направено да се излезе во пресрет на нашите членови и затоа револтот резултираше со одлука за штрајк“, соопштуваат од Синдикатот.

Дехран Муратов

 

Tags: ВестДневникМПМновинариССНМУтрински весникШтрајк
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ