• Latest

Социо-еколошки форум за енергетските политики на земјите од Западниот Балкан и ЕУ

November 22, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Социо-еколошки форум за енергетските политики на земјите од Западниот Балкан и ЕУ

November 22, 2022 09:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје денеска ќе се одржи вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

На форумот ќе учествуваат и премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи. Ковечевски ќе учествува на панел дискусија „Социјално-праведна енергетска трансформација на Европа”, а Битиќи на панел дискусијата со тема „На демократијата и се потребни демократи, а на енергијата демократизација“.

-Форумот ќе овозможи простор за дебата и дискусија во однос на енергетските политики на земјите од Западниот Балкан и Европската Унија. Предизвиците во поглед на животната средина, зелената агенда, промовирањето на социјалната кохезија преку инвестиции во вработување, квалитетно и инклузивно образование и висококвалитетни услуги за социјална инклузија и заштита, ќе бидат високо на агендата на вториот по ред Социо-еколошки форум. Предвидено е учество на високи претставници од Европа и регионот, од граѓанскиот сектор, експерти на темата, младински лидери, активисти и новинари, велат организаторите.

Тие додаваат дека учеството го потврдиле и Мартин Шулц, претседател на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и поранешен претседател на Европскиот Парламент, премиерот на Косово Албин Крути, поранешната министерка за надворешни работи на Шведска – Ан Линде, како  и други политичари и експерти од земјата, регионот и ЕУ.

Социо-еколошкиот форум Скопје, велат организаторите, е платформа за размена на прогресивни идеи, кој им овозможува на високите претставници и носители на одлуки од регионот на Западен Балкан и ЕУ да разговараат за потребите и можностите за социјално-праведна енергетска трансформација којашто ќе ја зајакне сигурноста на земјите во снабдувањето со енергија, ќе овозможи одржлив развој на економиите и ќе стави крај на ограничениот пристап и сите предизвици што ги носи употребата на фосилните горива, особено видливи во регионот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: екологијаенергетикаживотна средина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result