Северниот дел на Република Косово повторно е во центарот на вниманието по избивањето на неколку инциденти меѓу косовските Срби и полицијата. Инцидентите привлекоа и силно меѓународното внимание. Последно од низата инциденти е поставувањето барикади во Рударе, што дојде како знак на незадоволство од апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, од редовите на српската заедница.
Во ситуација која во моментов е кревка, денеска во Приштина ќе престојуваат специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габирел Ескобар, кој синоќа пристигна на Косово, а кој се очекува денеска да има средба со шефот на Владата, Албин Курти. Покрај него, Приштина ќе ја посети и советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шолет.
Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, го осуди нападот со шок бомба пред неколку дена врз патролата на ЕУЛЕКС на северот на Косово. Борел во објава на Твитер напиша дека ЕУ нема да толерира вакви насилни акти и повика барикадите веднаш да се отстранат.
„ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС или употреба на насилни криминални дејствија на север. Барикадите мора веднаш да бидат отстранети од групите на косовските Срби“, напиша Борел.
#EU will not tolerate attacks on @EULEXKosovo or use of violent, criminal acts in the north. Barricades must be removed immediately by groups of Kosovo Serbs. Calm must be restored. EULEX will continue to coordinate w/Kosovo authorities & KFOR.
All actors must avoid escalation.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) December 11, 2022
Високиот претставник на ЕУ порача дека мора да се врати смиреноста.
„ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со властите на Косово и КФОР. Сите страни мора да избегнат ескалација“, рече Борел.
На овој пост реагираше Косовскиот министер за надворешни работи, Доника Гервала Шварц, која рече дека сечиј живот е важен и дека Борел треба да го осуди и пукањето врз припадниците на косовската полиција.
„Сечиј живот е важен. Високиот претставник Борел, исто така, мора да го осуди пукањето на косовската полиција, исполнувајќи ја својата должност и заштитувајќи ги сите граѓани на Републиката од нападите на криминалните банди. Изјавите кои не го осудуваат Вучиќ за неговата отворена агресија поттикнуваат натамошна ескалација“, напиша Гервала.
Every life matters. HRVP Borrell should also condemn the shooting at Kosova Police fulfilling its duty & protecting all citizens of the Republic of 🇽🇰 from attacks by criminal gangs.
Statements not condemning Vucic for his open aggression encourage further escalation. https://t.co/3miGVIAPRf
— Donika Gërvalla-Schwarz (@gervallaschwarz) December 11, 2022
Амбасадите на Соединетите Американски Држави во Приштина и Белград објавија заедничко соопштение во врска со неодамнешните случувања на северот на Косово, по нападите врз полицајците и врз Мисијата на Европската унија (ЕУ) за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) од српските криминални групи.
Во објавеното соопштение, амбасадата вели дека апсењето на поединец, осомничен за вмешаност во насилен напад врз косовските власти, се користи како оправдување за нелегални блокади на патиштата, како и за закани и заплашувања против косовските власти и локалното население.
„Оние кои поставуваат илегални блокади мора веднаш да ги отстранат. Очекуваме крај на сите закани за насилство и заплашување. Ја изразуваме нашата благодарност и целосна поддршка на силите на НАТО во Косово (КФОР) за нивните напори за обезбедување безбедност и слобода на движење и на Мисијата на Европската Унија за владеење на правото (ЕУЛЕКС)“, се вели во соопштението.
Американската амбасада ги повика сите „да бидат максимално воздржани, да преземат итни мерки за деескалација на ситуацијата и да се воздржат од провокативни дејствија“.
По амбасадата на САД, и амбасадите на Велика Британија во Приштина и Белград повикаа да се отстранат барикадите што ги поставија локалните Срби во северот на Косово и изразија целосна поддршка на НАТО.
„Заедно со САД и ЕУ ја изразуваме нашата длабока загриженост за моменталната ситуација на северот на Косово, по приведувањето на поединец осомничен за вмешаност во напад на косовските власти. Ова апсење не е изговор за нелегални блокади, ниту закани и заплашувања кон косовските власти и локалното население“, се наведува во соопштението на амбасадата.
По тензиите во последните неколку дена во Косово, реагираше и германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, која рече дека Косово
По тензиите во последните неколку дена на северот на Косово, реагираше и шефицата на дипломатијата на Германија, Аналена Баербок, која рече дека Косово ги намали тензиите со тоа што одлучи да ги одложи изборите во четирите општини на северот, додека Србија го направи спротивното со заканата дека ќе испрати српски сили на косовска територија.
Баербок рече дека оваа реторика на Србија е неприфатлива и според неа неприфатливи се и неодамнешните напади врз ЕУЛЕКС на северот од земјата.
„Предлогот за испраќање српски сили на Косово е целосно неприфатлив. Такви се неодамнешните напади врз ЕУЛЕКС. Целата поддршка оди за дијалогот што го води Европската унија“, напиша Баербок.
Kosovo reduced tensions by postponing local elections. Recent rhetoric from Serbia did the opposite. Suggesting sending Serbian forces to Kosovo is completely unacceptable. So are the latest attacks on @EULEXKosovo. All my support goes to the EU-led dialogue @MiroslavLajcak.
— Außenministerin Annalena Baerbock (@ABaerbock) December 11, 2022
Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека Србија ќе побара од мировните сили на НАТО да дозволат распоредување на српски армиски и полициски трупи на Косово, нагласувајќи дека, сепак, нема шанси ова барање да биде одобрено.
Тој ги даде овие коментари на прес-конференција во Белград на која рече дека Србија ќе му напише писмо на командантот на силите на КФОР, повикувајќи се на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, во која при нејзиното одобрување во јуни 1999 година, беше предвидено враќање на одреден број на југословенски воен и полициски персонал за извршување на одредени функции како што се „врска со меѓународната цивилна мисија и меѓународното безбедносно присуство; обележување/расчистување на мински полиња; одржување на присуство во близина на српското наследство; одржување присуство на главните гранични премини“.
Властите во Приштина ова го опишаа како закана со агресија. Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека „отворената закана од полициска и воена агресија од Србија докажува дека во таа земја продолжува хегемонистичкиот менталитет. Ова мора да биде отфрлено и јасно да се спротивстави на целиот демократски свет, кој го зададе најсилниот удар на овој начин на размислување во 1999 година… Никогаш нема да има српски полицајци и војници на територијата на Република Косово! Хегемонистичкиот сон на Србија никогаш нема да се оствари!“, напиша таа на социјалните мрежи.
На прес-конференција по состанокот на Советот за безбедност на Косово, премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека по 23 години од крајот на војната, Србија повторно се заканува со војна и враќање на армијата на територија на Република Косово.
Тој го повика КФОР да гарантира слобода на движење на север, нагласувајќи дека КФОР на Косово е за мирна и безбедна средина што значи слобода на движење.
Назми Абдурахмани