Зимата се користи како оружје. Нашиот одговор е едноставен и човечки: топлина, грижа и заедничка одговорност – од луѓе за луѓе, преку границите.
ЦИВИЛ – Центар за слобода започнува заедничка јавна кампања за солидарност, во координација со Амбасадата на Украина, по јавниот апел на министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха.
Енергетската инфраструктура на Украина е под постојани и намерни напади. Струјата и греењето се уништуваат. Семејствата и децата се соочуваат со екстремни зимски услови.
Оваа кампања повикува на дејствување насочено кон хуманитарна поддршка:
- Практична помош преку обезбедување генератори и неопходна енергетска опрема за украинските семејства и заедници на кои им е најпотребна;
- Донации за набавка на генератори и поддршка на енергетскиот систем на Украина;
- Споделување на оваа кампања во лични, професионални и институционални мрежи со цел мобилизација на поширока поддршка.
Можете да ја поддржите оваа иницијатива преку донации преку официјални украински канали, преку помош во набавката на генератори и преку споделување на кампањата во вашите мрежи. Повеќе информации за тоа како можете да придонесете се достапни ТУКА.
Ова не е обична донација. Ова е повик за солидарност со Украина и доказ дека зимскиот терор нема да ја скрши човечката солидарност.
Целата поддршка се координира преку официјални украински институции и доверливи хуманитарни канали.
ЦИВИЛ – Центар за слобода

















































