Руската војна во Украина не е само физичка, туку е и информациска војна, што е разбирливо. Јас работам сега во Германија и можам слободно ка кажам дека украинските бегалци тука се наоѓаат во еден таканаречен информациски балон, кој исто така и јас го чувствувам но и работам на тоа да се препознае руската пропаганда во информативниот аспект, изјави Д-р Јевген Цималенко од Институт за новинарство „Тарас Шевченко“, Национален универзитет во Кијив – Украина, на панелот Војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија.
Д-р Цимбаленко е украински научник за медиуми и комуникации, фокусиран на воено новинарство, информациска безбедност и влијанието на руските дезинформации врз демократските општества. Тој интензивно работел на анализа на пропагандните наративи за време на целосната инвазија на Русија и на зајакнување на информациската отпорност на Украина преку истражување, образование и соработка со меѓународни партнери.















































