• Latest

Училиштето во Љубојно ќе биде Центар за промоција на македонскиот јазик, Отворен Балкан е забрзувач на евроинтеграцијата, од говор на омраза до насилство

January 20, 2023
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Училиштето во Љубојно ќе биде Центар за промоција на македонскиот јазик, Отворен Балкан е забрзувач на евроинтеграцијата, од говор на омраза до насилство

January 20, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Старото училиште во Љубојно станува Центар за промоција на македонскиот јазик

Владата на 119-та седница, одлучи старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно да се ревитализира во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Објектот на старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно е изграден во 1907 година на местото каде што функционирала постара градба со оваа намена уште од 1882 година. Иако објектот кон крајот на 20. век страдал во пожар, сепак неговиот надворешен изглед, монументалноста и основните конструктивни елементи се зачувани. Покрај неговите исклучителни архитектонски особености, старото училиште „Димитар Влахов“ има исклучителни општествено-социјални и историски вредности со национален предзнак.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Забрчанец: Отворен Балкан не може да биде замена за ЕУ, но е забрзувач на нашата евроинтеграција

„Отворен Балкан е еден вид пилотирање на нашето членство во ЕУ. Тоа што го правиме со Отворен Балкан – овозможувањето на повеќе соработка, слободен проток на трговски продукти, зголемен извоз како резултат на зелените ленти, тоа е ЕУ. ЕУ е настаната по основ на економска соработка. Отворен Балкан не може да биде замена за ЕУ, но е забрзувач на нашата евроинтеграција“ изјави националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, изјави  меѓу другото Марјан Забрчанец во „Утрински печат“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

НАСИЛСТВО Претепан е секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Ова го објави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на својот Фејсбук профил.

ПРОТЕСТНА НОТА Од Бугарија пристигна информација дека Амбасадорката на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи во Софија каде што ќе и биде врачена протестна нота како реакција на нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.

РЕАКЦИЈА Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи на денешната прес-конференција рече дека е во комуникација со институциите околу претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

ПРЕГОВОРИ Претседателот на АА Арбен Таравари, на прашањето на ЦивилМедиа за прифаќање на понудата и сè  друго што има врска со разговорите влез во влада, кратко одговори дека за сега, ништо не е дефинитивно.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Во деновите што доаѓаат се очекува интензивирање на разговорите за уставни измени. Засега се уште нема најава кога би почнала постапката за уставни измени и измени на Преамбулата на Уставот, но, според легислативата за да се стаса до ноември, кога треба да заврши скринингот, таа треба да почне во првите месеци од годинава.

СТРУЈА АД ЕСМ вчера произведе 16.392 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор на омраза, национализам, хушкање, претепување…

Говор на омраза, национализам и одобрување на насилството на социјалните мрежи откако излезе веста дека дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, синоќа бил претепан од три лица пред угостителски објект во центарот на градот.

(ИЗБОР) Албански медиуми

Продолжуваат напорите за пронаоѓање поволно решение за договорот помеѓу Србија и Косово, денеска  дипломати од САД и ЕУ во посета на двете земји, Ветевендосје не го изгласа „популарниот“ предлог закон за повлекување 30 отсто од пензискиот труст, прогласена вонредна состојба во северниот дел од Косово поради поплавите, се дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

СЛОБОДНА ЗОНА

Соња Крамарска

„Значи, за разлика од акцијата што е преземана со години наназад против помагачите на Денаро, нашите крупни риби во нелегалниот бизнис удобно си пливаат, бидејќи нема кој да им ја исуши водата. Овде, не само што не им ја сушиме водата на нашите ајкули и сомови, туку и редовно ја прочистуваме, ја шприцаме со кислород за да може слободно да мавтаат со перките додека се измолкнуваат од рацете на правдата.“, извадок од колумната Што може Македонија да научи од апсењето на мафијашот од Италија: „Исушете им ја водата во која пливаат!“ од Соња Крамарска.

Џабир Дерала

„Тролови…

Вие сте бактериите во трулите штици на грдата сцена на пропагандниот панаѓур на злото. Тотално безначајни и невидливи во бескрајот на човечката мисла.

Гадни, вулгарни и злобни, со поматен ум, платени или изманипулирани, но и глупави. И неписмени, морам да додадам.

Не читате. Веројатно и некој или нешто не ви дозволува да читате. А зошто и би читале? Имате вие една книга – катихизис на деструкцијата, нечовечноста, злото. Ништо друго не ви треба.“, прочитајте во денешното ES-PRESS-O „Примитивни форми на живот“, од Џабир Дерала.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ААбугарски клубвладаДневникЉубојномакедонски јазикМедиуминасилствоОтворен БалканрегионТаравариЦентарЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ