• Latest

Ударна тупаница и главен оперативец

October 24, 2017

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ударна тупаница и главен оперативец

October 24, 2017 18:08
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ударната тупаница на меѓународната заедница … тоа е невладината организација ЦИВИЛ и Џабир Дерала … главниот играч на меѓународната заедница … главниот оперативец … за реализација на сите проекти … поврзани со смената или политичкото пензионирање на Никола Груевски, значи, тој Џабир Дерала … есента 2015 година го нацрта целото сценарио што може да се случи во Република Македонија во изминатите две години … Повторувам, ништо не е случајно! Сѐ е добро испланирано, креирано и спроведено.“ (Васко Ефтов, 22 октомври 2017)

пишува: Џабир Дерала

Јас веројатно и заслужувам толку простор, па нека е тоа и во една дилетантска емисија како оваа на Ефтов, но тој секако не заслужува јас да го цитирам, ниту да му посветам толку внимание, но ова и онака не е рафал за Ефтов.

Овој рафал е упатен кон глупоста, злото и ароганцијата на една машинерија. Таа што крадеше, понижуваше, тепаше, затвораше, спроведуваше терор. Да. Тоа е машинеријата која наметнуваше „украинско сценарио“, да предизвика етничко-верски судир, да убие пратеници. Сега тоа се очајни остатоци, партали од машинерија, осомничена за криминал, корупција, изборни кражби, а нема да ме зачуди наскоро да се докажат и серија убиства со политичко-криминални мотиви.

Се изначитав и се изнаслушав сѐ и сешто за себе. Курир, Република и останати курири со години ломотат дека сум ударна тупаница (интересна коинциденција со вокабуларот на Ефтов) на СДСМ, на Реформистите, на западната завера против Македонија… За себе слушнав и дека сум великоалбански националист, а „доказ“ за тоа беше дека ги бранам правата на хомосексуалците. Бев и предавник на Албанците, според некои „велики“ албански интелектуалци. Сител, Канал 5 и останати тревници, тотали и пропаднати „обавештајци“ и уште попропаднати политичари со години во хор повторуваат дека сум грчки, американски, германски шпион и платеник. Јанкуловска на прес конференција во која ги бранеше фантомите во Избирачкиот список кажа дека манипулирам со јавноста и дека ќе бидам земен на одговорност! Другарчето на Груевски, осудено и недолежано за измама, украде скен од мојата лична карта (знам од каде и како) и ја објави на интернет… Ете, тие. Одеа дотаму и во нивните крчми „уз виски, бадеми и егзотични животни“ фантазираа дека СДСМ, а сега и Реформаторите се моја продолжена рака. И други работи фантазираа… Гревчиња. Па таман Џемс Бонд, Мата Хари, Душан Попов и Бетмен да бев истовремено, немаше да бидам толку опасен.

По сѐ ова, до денешен ден, по речиси три децении на јавната сцена, не можам да си одговорам на две прашања. Зошто ваквите „креативни“ ликови не ми се јавуваат директно, пред да прават онакви акробации во етерот или по весниците и интернет просторот? Се плашат или нешто друго е во прашање? Ај, ова некако и можам да го одговорам со некаква доза на сигурност: непрофесионалност, мрза, примораност да следат диктати од несмасните полит-комесари, страв од мене, а можеби и комплекси. Но, секако ми е енигма второто прашање: Дали веруваат во тоа што го зборуваат и дали воопшто се слушаат себе си додека зборуваат? Или се замаени од алуминиум?

Едно е сигурно. Јас не сум единствениот кој урива грди режими. Тоа се граѓанките и граѓаните, храброста и слободарството. Тие градат, тие уриваат. И јас гордо чекорев и ќе чекорам со сите нив, секогаш кога некој ќе се дрзне да ни ја краде слободата. Ништо поедноставно од тоа.

Tags: „Република“алуминиумВаско ЕфтовВМРО-ДПМНЕговор на омразаКанал 5КурирЛатасмашинеријаМиленко НеделковскирежимреформаториСДСМСителсудијка Спировска-Панева
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ