• Latest

(ВИДЕО) Прво издание на КОЛЕГИУМ – неделна информативна платформа: Отворено и остро за сите актуелни теми

October 22, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОЛЕГИУМ

(ВИДЕО) Прво издание на КОЛЕГИУМ – неделна информативна платформа: Отворено и остро за сите актуелни теми

October 22, 2024 15:51
in ВЕСТИ, КОЛЕГИУМ, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Објавено е првото издание на КОЛЕГИУМ – неделна информативна платформа каде што членовите на Редакцијата при медиумската платформа на ЦИВИЛ говорат отворено и остро за сите актуелни теми во земјата, регионот и светот.

„Со овој подкаст, организацијата на ЦИВИЛките и ЦИВИЛите, која во ноември слави 25 години од постоењето, оди уште еден чекор понатаму во својата отвореност за јавноста“, пишува во соопштението на Организацијата.

Се работи за невообичаен потег на тимот на ЦИВИЛ кој реши да ги сподели информациите за тековната работа, како и за плановите на медиумската екипа и на организацијата. Притоа, организацијата ги повикува сите заинтересирани да бидат дел од Колегиумот и да учествуваат во неговата работа со коментари и предлози за теми.

„Бидете дел од нашиот КОЛЕГИУМ и отворете ги прашањата и темите заедно со нас. Споделувајте, коментирајте и предложете теми“, се вели во повикот.

Во првото издание на КОЛЕГИУМ станува збор за повеќе од десет актуелни теми од земјата, регионот и светот:

0:00 – Вовед и кратка содржина
2:22 – Драган Мишев: Што содржи Планот за победа на украинскиот претседател Зеленски и како го пренесоа македонските медиуми
4:33 – Драган Мишев: Светска банка ја ревидира прогнозата за економски раст на земјава, најниска во регионот и во наредните три години
8:39 – Дехран Муратов: ПАРТИЗАЦИЈА – Спротивно на законот, партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ на чело на Агенцијата за национална безбедност
16:16 – Биљана Јордановска: Антикорупциска бара укинување на буџетското финансирање на изборните кампањи, нешто што и ЦИВИЛ го предложи уште во април минатата година
25:55 – Драган Мишев: Светска банка ја ревидира прогнозата за економски раст на земјава, најниска во регионот и во наредните три години
32:38 – Дехран Муратов: Партизација на институциите
38:47 – Биљана Јордановска, дневни и неделни теми
44:31 – Драган Мишев, дневни и неделни теми
48:19 – Најава за голема меѓународна конференција на ЦИВИЛ на 12 декември

Како што се вели во најавата на КОЛЕГИУМ, темите за кои се разговара се само еден мал дел од околу 250 наслови што ги објави медиумската платформа на ЦИВИЛ на македонски, албански и англиски во претходните седум дена.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: видео продукцијаКолегиумподкастЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result