• Latest
#CIVILevent

ВО ЖИВО! Дебата на ЦИВИЛ за плурализмот и политичката криза

February 2, 2016

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ВО ЖИВО! Дебата на ЦИВИЛ за плурализмот и политичката криза

February 2, 2016 11:59
in Uncategorized
#CIVILevent

#CIVILevent

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ одржува јавна дебата со политичките партии кои не се дел од преговорите за надминување на политичката криза, под мотото „Плурализмот и политичката криза“ во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот. Овде ќе известуваме за текот на дебатата во живо. Хаштаг: #CIVILevent

11:56 _MG_1190Пристигнуваат првите гости-учесници на дебатата. На дебатата учествуваат лидери и високи претставници на политички партии и политички иницијативи.

12:23 Дебатата „Плурализмот и политичката криза“ започна со кратки излагања и воведни белешки, прво од Петрит Сарачини, а потоа Џабир Дерала, Синиша Станковиќ и Биљана Јордановска од ЦИВИЛ.

12:27 Дебата ја започна Лилјана Поповска од ДОМ. Секој учесник има три минути. Поповска кажа дека распуштањето на парламентот претставува упад во договорот за надминување на политичката криза.

12:30 Влера Ејупи од ДПА повика да се престане со наметнување на авторитет со насилство.

12:33 Јанко Бачев од НДМ говори за слабостите на ревидираниот Изборниот законик.

12:40 Фатон Алити од ПДП вели дека Македонија се наоѓа во длабока економска, социјална и политичка криза. Пржинскиот договор ќе обезбеди само минимум услови за фер и демократски избори, но изборите нема да значат победа за никого.

DSC_004612:43 Сафет Бишевац од поранешната Санџачка Лига обвини дека бошњачката партија која коалицира со ВМРО-ДПМНЕ е само приврзок и ќе добие неколку вработувања поради својот послушнички статус.

12:46 Самка Ибраимовски, ПЦЕР, тврди дека Ромите се најзлоупотребувана заедница во Република Македонија. Ибраимовски вели дека попис е неопходен во земјата.

12:50 Здравко Савески од Левица, партија во формирање, смета дека договорот од Пржино нуди само минимум за враќање на демократијата. „Ние мораме да инсистираме на апсолутно слободни избори“ – вели тој.

Прашања и коментари може да се испраќаат на Твитер со хаштагот #CIVILevent.

12:54 Африм Гаши од Беса вели дека во Македонија постојано се генерираат нови кризи.

DSCN480712:57 Марјан Огненовски од Обединети за Македонија повика на етничко обединување за уривање на режимот на Никола Груевски.

13:01 Зулфи Адили од Унитети предупреди на губењето на довербата на Албанците во институциите на државата.

13:05 Последен говорник во првиот круг е Ивон Величковски од ЛП. Тој своите три минути ги започна со констатација дека материјалите од ЦИВИЛ кои се пред нив, соодветствуваат со анализите и на неговата партија. „Изборите мора еден ден да се случат, за да се заврши оваа криза“ – вели Величковски. Без слободни избори кризата ќе продолжи. „Потребно е ресетирање на системот.“ – поентира Величковски.

Започнува сесијата со прашања кои се добиени од социјалните мрежи.

Прашање до сите: Како мислите да ги привлечете младите?

Следат кратки парафрази од одговорите:

Величковски: Наместо да ги привлекуваме, ние нудиме платформа на која тие ќе можат да ги адресираат и застапуваат своите интереси.

Гаши: Ние сме самите партија која ја водат млади.

Бишевац: И младите и старите го имаат истиот проблем. Младите се иселуваат.

Ејупи: Ние имаме проблем со вистинско меѓусебно запознавање. Универзитетот во Тетово е уништен во последните неколку години.

Адили: Ние во нашиот статут имаме став дека најмалку 30 отсто од членовите на раководството мора да бидат млади. Мора да го надминеме периодот кога се извикуваше „Гасни комори за Шиптари“. Сите етнички заедници треба да побараат одговор од државните институции што прават за младите.

Савевски: Младите ја изгубија надежта. Тие не заминуваат од земјата само поради немање работа, туку и затоа што општеството не им нуди никакви шанси за развој.

Прашања од новинарите: Дали може да очекуваме окрупнување на политичките партии.

Бачев: Ние мораме да го надминеме бипартизмот.

DSC_0014Адили: Мораме да работиме со најмладите, за да ги научиме дека различностите се вредност. За окрупнувањет, Адили вели дека идејата за окрупнување е добра и потребна.

Бишевац: „Јас се согласувам со идејата за македонска верзија на ДОС“.

Огненовски: Ние имаме една цел. Треба да се окрупниме и да се обединиме етнички.

Поповска: Од изборите во 2013 година ние се подготвуваме за избори. Природно е сите да сакаат да одат самостојно. Ние на 7 февруари ќе се појавиме со нашата програма. Но, доколку е потребно окрупнување, ние ќе се приклучиме. Услов треба да биде дополнителна промена во Изборниот законик и подеднакво учество на жените во политиката.

Адили: Груевски и Заев треба да работат на превенција од несреќите на Албанците.

DSC_0075Величковски: Ние предвидуваме измени и во Уставот кои ќе претставуваат суштинска еднаквост. Ако ја знаеме целта, повелете, да разговараме. Нека почне тој разговор од овде.

Гаши: Овој режим мора да падне. Ако се окрупниме, првиот чекор треба да биде уривањето на овој систем, а вториот, да се договориме каква Македонија сакаме.

Савевски: Борбата за слобода не може да биде монополизирана. Кај младите има големо разочарување и недоверба во партиите.

Ибраимовски: Потребно е Македонија да стане една изборна единица.

Сарачини постави прашање дали медиумите се фер кон „малите“ партии.

Алити го поддржа предлогот на Питер Ванхауте за медиумите.

Бишевац предлага јавниот сервис секоја вечер да организира дебати во кои ќе учествуваат сите партии.

Огненовски: Да направиме една телевизија и во неа да ги ставиме Јанко, Миленко и Латас. Шегата настрана, ние тешко можеме да се избориме за простор во медиумите. Но, со заеднички напор, може да успееме.

Поповска: Времето треба да се распредели според Изборниот законик, но и преку регулирање на медиумите. Како и да е, вон изборниот процес, мора да имаме слободни медиуми.

Величковски: Медиумите не се единствените алатки на располагање на партиите. Ако направиме коалиција, ние може да добиеме над 100.000 гласачи. Во такви услови, ниеден медиум нема да може да го заобиколи тоа.

Гаши: Ние живееме во информативен мрак.

Адили: Во Македонија се прави класичен бизнис, а медиумите не ја исполнуваат својата улога.

Савевски: Сите плаќаме за јавниот сервис. Не смее да се ограничи изборот на директор на МРТВ, туку во тој избор мора да се вклучи целата јавност и други фактори, како ЗНМ, синдикатот…

Ибраимовски: Медиумите доаѓаат да снимаат, но не емитуваат, веројатно затоа што не сме македонска или албанска партија.

Дебатата е пред крај. Сарачини го поканува Дерала да ја сублимира средбата.

13:56 Заврши официјалниот дел од јавната дебата „Плурализмот и политичката криза“ на ЦИВИЛ. Политичките лидери се упатија кон терасата на хотелот на неформални средби и дружење.

 

 

 

 

 

Tags: Африм ГашиБиљана ЈордановскаВлера ЕјупиГруевскиЗаевЗдравко СавескиЗулфи АдилиИвон ВеличковскиЈанко БачевкризаЛилјана ПоповскаМакедонијаМарјан ОгненовскиПетрит СарачиниПитер Ванхаутеполитички партииПреговориСамка ИбраимовскиСафет БишевацСиниша СтанковиќФатон АлитиЦивилЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ