• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Вучиќ и Ердоган дел од автократската братија која му го честиташе реизборот на Путин

March 21, 2024
Креирано со помош на ВИ

Слектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

January 27, 2026
Скриншот од видео на WGN News

Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

January 27, 2026
Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

January 27, 2026

Ненаучени лекции: Многу пари, малку демократија – политичка конкуренција и финансирање на кампањите пред локалните избори 2025 (14)

January 27, 2026
Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

January 27, 2026
Илустрација ВИ

Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

January 27, 2026

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

    Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

    Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

    Илустрација ВИ

    Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Вучиќ и Ердоган дел од автократската братија која му го честиташе реизборот на Путин

March 21, 2024 16:18
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Резултатите од руските претседателски избори не се неочекувани и не изненадија никого. Ниту начинот на кој беа изведени. Демократскиот Запад е згрозен од тоа како  Путин си обезбеди уште еден шестгодишен мандат на чело со Русија.

Западот ја осудува наместената изборна победа на „болниот за моќ“ Путин

Стејт департментот  објави дека американските официјални лица немаат намера да му честитаат на рускиот претседател Владимир Путин за неговиот реизбор, додека Обединетото Кралство исто така го опиша гласањето како фарса.

„ Путин ги затвора политичките противници и ги спречи другите да се кандидираат против него“, рече Џон Кирби, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност.

„Овие руски избори јасно ја нагласуваат длабочината на репресијата под режимот на претседателот Путин, кој се обидува да го замолчи секое противење на неговата нелегална војна“, рече министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Камерон во изјавата.

Високи европски функционери во понеделникот го опишаа руското гласање како „фарса“ и ја нагласија „длабочината на репресијата“ во Русија. Земјите од Европската унија, во заедничка изјава, рекоа дека Русите биле спречени од „вистинскиот избор“ тврдејќи дека сите кандидати противници на војната во Украина беа отфрлени од изборите.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, исто така, тврди дека гласањето било „засновано на репресија и заплашување“. Германија, Франција, Италија, Чешка и Норвешка го повторија овој наратив оспорувајќи го интегритетот на руските избори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, врз чија земја, пред две години Путин изврши целосна воена агресија, и за целиот тој период неговите воени сили вршат секојдневни напади врз градовите во кои гинат голем број цивили, меѓу кои и деца, вршат тортура, киднапирање, воени злосторства, уништување на цивилната инфраструктура, изјави дека изборите во Русија немаат легитимитет.

„На сите во светот му е јасно дека оваа личност (Путин)… едноставно е болен за моќ и прави се за да владее вечно“, рече Зеленски.

И додека највисоките западни функционери беа згрозени од неговото газење на последните остатоци од руската демократија, пријателите и сојузниците на Путин се натпреваруваа кој побрзо да му честита. Меѓу оние кои побрзаа да му честитаа на Путин се лидерите на земјите каде што демократијата е на многу ниско ниво, а водечките луѓе во државите се или веќе докажани или доктатори во најава

Ердоган и Вучиќ во друштво на Џинпинг, Ким Џонг Ун, Лукашенко, иранскиот претседател Раиси

Кинескиот лидер Си Џинпинг, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, иранскиот претседател Ебрахим Раиси, белорускиот претседател Александар Лукашенко, но и турскиот и српскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган и Александар Вучиќ се  најдоа на оваа листа на лидери кои исто така му честитаа на Путин за реизборот.

Пекинг му честиташе на Путин, велејќи дека земјите се „стратешки кооперативни партнери во новата ера“, додавајќи дека резултатот „целосно ја одразува поддршката на рускиот народ“, според кинеските државни медиуми.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во понеделникот му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за неговиот реизбор, велејќи дека Пјонгјанг ќе работи заедно со него на понатамошен развој на билатералните односи.

„Цврсто ќе се држам до вас додека ги исполнуваме барањата на времето за да обезбедиме нова пресвртница за руско-севернокорејското пријателството кое има долги историски корени и традиции, и да се заложиме за изградба на силна нација“, воскликна Ким во честитките испратени до Путин.

Претседателoт на Белорусија, најблискиот (и буквално) сојузник на Путин, Александар Лукашенко телефонски му го честиташе реизборот на на својот руски колега и убедливата победа на изборите лично и во име на целиот белоруски народ.

Иранската државната новинска агенција ИРНА објави дека иранскиот претседател Ебрахим Раиси ја поздравил „решителната победа“ на Путин.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот vо телефонски разговор  му честиташе на реизборot на рускиот колега Владимир Путин и му понуди да посредува меѓу Москва и Украина, објави турското претседателство.

Според соопштението на турското претседателство, во честитката Ердоган изразил уверување дека позитивната еволуција на односите меѓу Турција и Русија продолжува и дополнил дека Турција е подготвена да игра улога на олеснувач за да се врати на преговарачката маса со Украина.

Разликата според која Ердоган суштински се разликуваод другите членови на ова друштво е што е тој единствен претседател на земја членка на НАТО.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пак, од своја страна испрати писмо – честитка до Путин во кое, покрај честитките за изборната победа, ја искористи можноста да ѝ се заблагодари на Руската Федерација за поддршката што ја дава на територијалниот интегритет на Србија, во, како што пишува српскиот претседател, тешката ситуацијата со која се соочува српскиот народ на Косово и Метохија, значајните политички предизвици со кои се соочува Србија.

Со оваа честика, Вучиќ ја оддалечува Србија од европската иднина, смета потпретседателот на ССП, Борко Стефановиќ, кој, како што објави ЦИВИЛ Медиа, изјави дека претседателот на Србија испраќа порака дека не му пречи што изборите во Русија се организирани во сенката на починатиот опозиционер Навални и војната во Украина и со тоа покажува дека за него се прифатливи прогонот и апсењето на политичките противници и новинари, и сосема е јасно дека е всушност враќање на долгот кон Путин, кој заедно со Орбан и Ердоган и ја честиташе победата на неговата СНС на декемвриските избори, за кои домашните и странски набљудувачи, целиот Европски парламент, опозицијата и граѓанскиот сектор докажаа дека се производ на изборна измама.

Честитки од традиционалните поддржувачи од Латинска Америка и Заедницата на независни држави

Покрај традиционалните поддржувачи, лидерите на шесте земји-членки на Заедницата на независни држави (ЗНД), Азербејџан, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан кои му честитаа на рускиот претседател Владимир Путин за победата на претседателските избори, истакнувајќи ја, како што соопшти Кремљ, широката поддршка од руските граѓани, кон честитките се придружија и лидерот на Боливија, Луис Арце; на Никарагва, Даниел Ортега; Ксиомара Кастро од Хондурас; кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канела. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро му честиташе и на Путин, потенцирајќи ја притоа „исклучителната“ излезност на гласањето.

Топли честитки од Индија, Пакистан, Mјанмар

Индискиот премиер Нарендра Моди ги испрати своите „топли честитки“ на Путин, нагласувајќи дека со нетрпение очекува да ја зајакне нивната „специјална врска“.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави денеска дека му честитал на рускиот претседател Владимир Путин за победата на изборите.

Честитка упати и премиерот на Мјанмар,  Мин Аунг Хлаинг кој изрази целосна поддршка за курсот за надворешна политика на Русија и за претседателот на Руската Федерација. Премиерот гледа дека победата на Путин зборува за народната поддршка на Русите.

Желби за просперитет од Сирија, Алжир, Бахреин, Катар, Саудиска Арабија

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор „ со мнозинство гласови“, соопшти кабинетот на Ал Асад

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за победата на претседателските избори, откри неговиот кабинет.

Во одделни честитки објавени на интернет, престолонаследникот на Бахреин Салман Бин Хамад Ал-Калифа и емирот на Катар Тамим Бин Хамад Ал-Тани, искажаа надеж за „развој и просперитет“ на Путин,

На сличен начин реизборот на Путин му го честитаа кралот на Саудиска Арабија Салман и престолонаследникот Мохамед бин Салман посакувајќи му „успех и просперитет“

Кон честитките се придружија африканските „демократии“ Чад и Нигер

Претседателот на Чад Махамат Идрис Деби Итно објави на Фејсбук дека резултатот од изборите бил „доказ за довербата на рускиот народ“ во Путин.

Нигерискиот генерал Абдурахман Тчиани, исто така, му честиташе на Путин за неговата „звучна победа“изјавувајќи дека Нигер може да зависи од „личната посветеност“ на Путин да го поддржи во „обновувањето на својот суверенитет“.

Најголемите фанови на Путин во Југоисточна Европа ја поздравуваат изборната победа

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик беше еден од неколкуте политичари од Југоисточна Европа кои јавно го поздравија реизборот на Путин. Неговата партија, СНСД, на својата Фејсбук страница објави слика од Додик со Путин. Додик, кој е под американски санкции, и лично му честиташе на Путин, драгиот пријател на Република Српска, за неговата победа, велејќи дека таа била „дочекана со радост“ од српскиот народ.

По тој повод, Палатата на Републиката во Бања Лука, административна престолнина на српскиот ентитет на Босна и Херцеговина, беше осветлена во боите на руското знаме.

И поранешниот молдавски претседател Игор Додон, лидер на Социјалистичката партија (ПСРМ) наклонета кон Русија, објави слична порака на својата Фејсбук страница, објавувајќи и слика на која е со Путин.

Гувернерот на проруската автономна област Гагаузија во Молдавија, Евгенија Гуцул срдечно му честиташе на Путин за резултатот од изборите, изразувајќи уверување дека неговиот реизбор на функцијата претседател укажува на неговата активна поддршка за курсот што го следи провинцијата.

Но, што се случува со Орбан?

Единствено неочекувано, во целата оваа лакрдија околу  „слободните, фер и демократски“ претседателски избори во Русија и победата на единственот реален кандидат на нив, е непроизнесувањето на унгарскиот премиер, и досегашен верен поддржувач на Путин, Виктор Орбан. За чудо, тој се уште му нема честитано на Путин за победата на претседателските избори, иако тоа го стори за неговиот реизбор во 2018 година, во ретка порака за поддршка од земја од ЕУ, додека Путин, за возврат,  му ја честиташе победта на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изборите во Унгарија во 2022 година. Она што сега е поралично, е тоа што во меѓувреме, во декември минатата година, непосредно пред Самитот на ЕУ, Европската комисија донесе одлука за исплата на 10,2 милијарди евра од средства наменети за Унгарија, кои предходно беа замрзнати.

Драган Мишев

Tags: Владимир ПутиносудаПретседателски избориреизборРусијачеститки
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ