• Latest

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025 18:10
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост за начинот на кој продолжува да се спроведува платеното политичко рекламирање (ППР) во онлајн медиумите. Во пресрет на локалните избори, ЗНМ повторно укажува на недостатокот на критериуми и регулација во овој сегмент, што овозможува „сомнителни“ портали без транспарентност да добиваат значителни буџетски средства, се вели во соопштението што го пренесуваме во целост.

„Ова создава простор за злоупотреби –  дел од пријавените „портали“ се веб-страници со непознат сопственик или без импресум, често новосоздадени пред избори со единствена цел да се прелеат државни пари во партиски кампањи. Ваквата појава ја нарушува медиумската сцена и претставува потенцијална партиско-медиумска корупција, на штета на професионалните медиуми и на јавниот интерес.

ЗНМ ја поздравува иницијативата за воспоставување регистар на интернет портали при АВМУ, но бара итни чекори за усогласување на изборната регулатива со цел спречување на корупција во медиумската сфера и обезбедување фер услови за сите медиуми.

Рекорден број пријавени онлајн медиуми за ППР

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека oд вкупно 333 медиуми кои доставиле пријава за платено политичко рекламирање за локалните избори закажани на 19 октомври 2025, се пријавиле дури 257 интернет портали.

За споредба, на минатогодишните парламентарни и претседателски избори беше забележан рекорден интерес 251 портали се пријавиле за ППР во 2024 година. Тој број беше значително повисок и од локалните избори во 2021 година, кога учествувале 176 портали, како и од парламентарните избори во 2020 година со 235 портали. Очигледно е дека трендот на пријавување онлајн медиуми за државно платени рекламни кампањи расте со секој циклус.

Постои недостаток на критериуми и ризици од злоупотреби

ЗНМ предупредува дека актуелниот Изборен закон не поставува јасни критериуми за тоа кои онлајн медиуми смеат да добиваат средства за платено политичко рекламирање. Иако медиумите формално мора да се регистрираат во ДИК со ценовник, нема конкретни правила за условите кои треба да ги исполнуваат интернет порталите за оваа намена. Ова создава простор за злоупотреби – дел од пријавените „портали“ се веб-страници со непознат сопственик или без импресум, често новосоздадени пред избори со единствена цел да се прелеат државни пари во партиски кампањи. Ваквата појава ја нарушува медиумската сцена и претставува потенцијална партиско-медиумска корупција, на штета на професионалните медиуми и на јавниот интерес.

Меѓународните набљудувачи го делат ова мислење. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во 2024, во својот извештај, посочи дека  „нема специфични правила за онлајн порталите“, па многу портали се создадени непосредно пред избори токму за да добијат државни пари. ОДИХР препорача доколку овој модел продолжи да се применува, итно да се воспостават „јасни и објективни критериуми за подобност на онлајн порталите за државно рефинансирање на платени политички реклами“. Слично на тоа, и Државниот завод за ревизија во извештајот за изборите 2024 нагласи потреба од допрецизирање на изборниот законик – да се дефинираат критериуми што треба да ги исполнуваат електронските медиуми за учество во политичко рекламирање, како и прецизни правила за распределба на буџетските средства, како и определување надлежен орган за следење на претставувањето на интернет порталите за време на кампања.

Новиот регистар на портали при АВМУ – позитивен чекор напред

Воведувањето на Регистарот на издавачи на онлајн медиуми при АВМУ претставува позитивен чекор кон зголемување на транспарентноста и професионализацијата. По иницијатива на Министерството за дигитална трансформација, со последните измени на Законот за медиуми интернет порталите првпат се препознаваат како медиуми со соодветни права и обврски. За да се регистрираат официјално, порталите сега мора да исполнат конкретни услови, меѓу кои:

да бидат правно лице регистрирано во Централниот регистар со дејност медиум;
да имаат седиште и редакција во Северна Македонија;
да поседуваат национален интернет домен (.mk или .мкд);
да имаат најмалку двајца вработени со полно работно време (или еден вработен и еден ангажиран со договор)
Овие критериуми за регистрација треба да обезбедат дека само сериозни и одговорни онлајн медиуми се стекнуваат со статус на медиум. Сепак, загрижува фактот што ниеден од овие услови не е потребен при пријавувањето во ДИК за платено политичко рекламирање – било кој портал, дури и без наведена редакција или вработени, може да се пријави за државни рекламни пари. Тоа значи дека и натаму во изборните кампањи учествуваат портали кои не подлежат на никаква проверка на кредибилност.

Досегашниот интерс за официјалниот регистар на АВМУ е скромен. Според јавно достапните информации, вкупно 49 онлајн медиуми досега се пријавиле во новиот регистар на АВМУ откако стапија во сила измените на законот. Оваа бројка претставува само 20% од бројот на портали кои лани се пријавија за државно финансирање на изборни реклами. Малата застапеност на порталите во официјалниот регистар сугерира дека поголемиот дел од оние кои добиваат буџетски средства не ги исполнуваат или не сакаат јавно да ги декларираат горенаведените стандарди.

Професионалните онлајн медиуми и значењето на Promedia.мк

ЗНМ потсетува дека саморегулацијата во онлајн просторот е подеднакво важна како и законската регулатива. Уште во 2019 година, ЗНМ во соработка со Советот за етика во медиумите (СЕММ) го воспостави првиот Регистар на професионални онлајн медиуми – Promedia.mk, со цел јасно разграничување на кредибилните портали од пропагандистичките сајтови. Во овој доброволен регистар моментално има 105 онлајн медиуми кои имаат транспарентна сопственичка структура и се обврзаа да ги почитуваат професионалните стандарди во новинарството. Бројот на членки на Promedia.mk е подложен на промени – се очекува да расте со приклучување нови медиуми кои ги исполнуваат критериумите, а истовремено медиуми што би ги прекршиле принципите може да бидат исклучени.

ЗНМ верува дека граѓаните, институциите и особено политичките субјекти треба да го користат овој ресурс за да направат разлика помеѓу одговорните медиуми и оние кои шират дезинформации или служат како партиски мегафони.

Апел до политичките партии: Кампањата да се насочи кон регистрираните медиуми

За да се избегне понатамошно поттикнување на корупција во медиумската сфера, ЗНМ апелира до политичките партии учесници на локалните избори кога ќе одлучуваат за начинот за распределба на јавните пари за партиски реклами да ги земат в предвид регистарот на АВМУ или регистарот на промедиа.мк за да се придонесе кон поддршка на кредибилното новинарство во интерес на граѓаните.

Во услови кога не постои надзорен механизам над интернет порталите во кампањите, политичката волја и етичкиот избор на партиите се клучни за одржување здрав медиумски амбиент.

Потребни се изборни реформи за онлајн медиумите

Овие локални избори, за жал, повторно се одржуваат по стари правила, без да бидат прифатени предложените измени за поголема транспарентност во онлајн сферата. ЗНМ потсетува дека медиумските и новинарските организации повеќепати бараа измени во Изборниот законик, но тие не беа усвоени за овие избори. Поради тоа, остануваат истите проблематични решенија кои овозможуваат неправични услови на пазарот – професионалните медиуми се во неизвесна положба наспроти напливот на финансирани партиски портали.

Дополнително, кај онлајн медиумите нема обврски за балансирано изборно претставување како кај радиодифузерите, што значи дека партиите можат неограничено да финансираат одредени портали без тие да обезбедат содржина која нуди плурализам. Ваквата празнина може долгорочно да влијае врз политичкиот плурализам и правото на граѓаните на разнолики информации“, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЗНМизбориполитичко рекламирање
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ