• Latest

24 ЧАСА: Се вештачи оружјето поврзано со двојното убиство; технички премиер Албанец е показател за етничка еднаквост; инфлацијата се враќа во нормала

December 11, 2023

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Се вештачи оружјето поврзано со двојното убиство; технички премиер Албанец е показател за етничка еднаквост; инфлацијата се враќа во нормала

December 11, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Се вештачи оружјето поврзано со двојното убиство, споделувањето повеќе информации не е добро за истрагата

Во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје, кои се најдени и се поврзуваат со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Кога ќе заврши нивното вештачење, анализите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Рамадани: Техничкиот премиер Албанец е показател за етничка еднаквост

„Кога прв пат функција премиер има еден Албанец тоа позитивно одекнува кај Албанците со тоа што се чувствуваат дека Албанците полека и сигурно ги остваруваат правата за кои мислеле дека треба да се рамноправни. Тоа се остварува со демократски средства, па секако им значи на Албанците, а верувам дека и Македонците тоа го сфаќаат како нешто нормално. Секако има и такви кои мислат дека Албанец не може да врши такви функции, но со текот на годините бројот на таквите се повеќе се намалува и табуата се надминуваат’’, ијави политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека земјава во текот на наредната година ќе се врати на нормалните години на стапките на инфлација и покрај тоа што ќе биде година на закрепнување …

ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик во кој се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и платеното политичко рекламирање да не биде повеќе на товар на државата.

ЛЕГАЛИЗАЦИЈА ДИВОГРАДБИ Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени  објекти, по скратена постапка, на предлог на пратеникот Скендер Реџепи е на дневен ред на 135. седница на Собранието закажана за 22 декември годинава.

ИНТЕГРАЦИИ Со Дијалогот Жан Моне, Европскиот парламент ја зајакнува способноста на политичките лидери да развијат вистински меѓупартиски дијалог и да изградат консензус неопходен за генерирање на демократска парламентарна култура и доверба…

ВОЈНА ВО УКРАИНА

ISW: Русија нема намера да се вклучи во сериозни преговори со Украина со добра волја се вели во извештајот на Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон, кој ги оценува намерите на Русија да води сериозни преговори со Украина…

Москва започнува кампања со висок степен на напади со цел да ја деградира енергетската инфраструктура на Украина, според британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на разузнавачки извештаи, …

КОНФЛИКТИ

Израелските сили приведувале цивили на кои им се губи трагата

Израелските сили привеле палестински цивили, главно мажи, во Газа за време на двата месеци од војната, според членовите на семејствата и групи за човекови права, кои велат дека не добиле…

ГОВОР НА ОМРАЗА

Пендаровски: Нападите се резултат на пропагандни кампањи од странски центри или нивна директна инфилтрација и поддршка на радикални политички оргнизации

Претседателот Стево Пендаровски истакна дека неодамнешното двојно грозоморно убиство на површина го извлече фактот дека дел од радикалните структури не само што се активни кај нас, туку и дека нивната политика и говор на омраза можат да резултираат со трагични последици.

Засилена националистичка реторика од проруските и антиевропските струи по номинацијата на Џафери за премиер

Националистичката реторика и говорот на омраза се засили на социјалните мрежи по номинацијата на Талат Џафери од Демократската унија за интеграција (ДУИ) за премиер на техничката влада, на 100 дена пред парламентарните и претседателските избори.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот: Сандра Мичел, поранешна функционерка на ОБСЕ во Косово, 38-ми сведок, и денеска  ќе сведочи за организациската структура на ОВК. Во Албанија, истрагите на Специјалното обвинителство за горилникот во Тирана, кои доведоа до издавање на 15 налози за апсење, открија низа неправилности во постапките што се следеа за доделување на концесијата на победничката компанија.

СТАВОВИ

Овој текст е „инспириран“ од веста со наслов: „извесен претседател на мес(е)ниот комитет во охридско фатен со дрога и разрешен од функцијата“. И, ќе прашате, какви се моите впечатоци кога го прочитав ова соопштение, или може ќе прашате, што ѝ прават на мајка Македонија заколнатите патријархални верници на бракот, семејството и родот? Важи, одиме на „хартиска задача“, пишува Ненад Јовановиќ во „Помислил дека е Черчил или Фокнер, па отишол во партија да промовира „патријархални вредности“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Пригодно на празникот прелистувам теми поврзани со светецот и за око ми западнаа два податока. Во универзитетот што го основал за ука се фатиле 3500 ученици. Восхитен сум од бројот ако се земе контекстот на темниот среден век. Ама нешто ми го мати есапот. Ученици и можел да најде ама каде нашол наставници за учениците? Мора да му било тешко зошто ја немал денешната несебична помош на партиските списоци, пишува Војо Маневски во колумната „Св. Климент подучувал или делел дипломи?“

Пред да седнат на новите функционерски столчиња, ќе го докажуваат својот етнички идентитет и така, прашано во оваа една реченица, ќе се вклопат во меѓупартискиот етно ротациски дил освен ако при изборот не потпишат некаква неуставна па сепак свечена изјава во која отприлика би изговориле: “Се колнам и потпишувам дека сум Албанец”, и вториот во идентичен стил: “Се колнам и потпишувам дека сум Македонец”, пишува Зоран Иванов во рубриката „По допрен глас“ текст со наслов „Вие си знаете ама тоа така повеќе ич не бива, ама ич„.

Подготви: Д. Мишев

Tags: АЛ-ПРЕСанализиВестиВојна во УкраинаизјавиИзраел Хамасконфликтиставови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ