• Latest

ЦИВИЛ бара преговори во интерес на граѓаните, а не за спас на криминалците

April 19, 2016

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ЦИВИЛ бара преговори во интерес на граѓаните, а не за спас на криминалците

April 19, 2016 15:05
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја поздравува иницијативата да се продолжат преговорите за надминување на политичката криза, овој пат во Виена.

Но, со оглед на неуспехот на преговорите кои се водеа и досега, неисполнувањето и опструкцијата на спроведувањето Договорот за надминување на политичката криза, продолжувањето на преговорите мора да добијат поинаков формат и динамика. Работата на Специјалното јавно обвинителство е под постојана блокада, медиумите сè уште се под силна контрола на власта, а партијата и државата не се одвоени.

Одлуката на Уставниот суд за можноста претседателот на државата да амнестира лица кои извршиле изборна кражба, а веднаш потоа и одлуката на Претседателот Иванов за аболиција на осомничените за злоупотреби, корупција, криминал и изборни кражби претставуваат тежок удар врз напорите да се врати владеење на правото во земјата.

Активностите на Државната изборна комисија, вклучително и активностите поврзани со пречистувањето на Избирачкиот список не оставаат простор за минимум доверба во квалитетот на подготовките на изборниот процес.

Големиот број случаи на злоупотреби и партиски притисоци, закани и уцени врз вработените во администрацијата се широко распространети и евидентирани од набљудувачите на ЦИВИЛ.

Злоупотребата на ранливите категории на граѓанки и граѓани, пред сè, на социјално загрозените лица, продолжува со несмалено темпо.

Во такви услови, го повторуваме истиот став кој нашата организација го имаше и пред почетокот на преговорите во Пржино. На преговори нема зошто да бидат прифатени претставници на власта за кои има сериозни импликации дека се генератори на кризата на системот и на тешки злоупотреби на власта.

Дел од преговарачите во овој процес немаат кредибилитет и не ги застапуваат интересите, ниту на државата, ниту на граѓанките и граѓаните на Република Македонија, туку само своите, лични интереси – да ја избегнат политичката и законската одговорност.

ЦИВИЛ бара преговори во интерес на граѓаните, а не за спас на дискредитирани политичари и осомничени за криминал!

Во таа смисла, ЦИВИЛ бара вклучување на повеќе политички партии и на претставници на граѓанското општество, организации, движења и иницијативи, за подиректно претставување на интересите на граѓанките и граѓаните на Република Македонија.

Tags: администрацијазлоупотребаКорупцијакриминалМакедонијаполитичка кризаПреговориПржиноСЈОСКОПЈЕчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ