• Latest

Наставниците денеска ќе знаат дали новото покачување на платите ќе го добијат од јануари

November 8, 2019
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
Кралот Чарлс и Доналд Трамп ја проверуваат кралската гарда во Виндзор. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Доналд Трамп пречекан во замокот Виндзор од кралот Чарлс и видни членови на кралското семејство

September 17, 2025

Уставен суд не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Наставниците денеска ќе знаат дали новото покачување на платите ќе го добијат од јануари

November 8, 2019 10:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во образованието денеска, според најавите, треба да знаат кога ќе го добијат новото покачување на платите, за кое Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) инсистира да почне од 1 јануари, а не од април 2020 како што им понуди Владата.

Во 11.30 часот денеска во просториите на Министерството за образование и наука е закажана средба на министерот Арбер Адеми со претставници на СОНК. Адеми и претседателот на Синдикатот Јаким Неделков вчера најавија дека денеска може да се очекува конечната одлука, а СОНК одлучи и штрајкот најавен за понеделник  (11 ноември) да го стави во мирување додека не се усогласат околу терминот за исплата на повисоки плати.

Најверојатно, покачувањето ќе остане на предложените 10 проценти, иако СОНК на почетокот бараше тоа да биде пропорционално со процентот на зголемувањето на минималната плата.

Адеми вчера изјави дека уште во текот на денот ќе има јасна слика за можностите и, како што рече, „до каде можеме и што можеме во врска со покачувањето на платите на просветните работници“.

Министерот го посети СОНК додека заседаваше неговиот Совет околу одржувањето на штрајкот и по средбата изјави дека сè уште не утврдиле финален став за, како што рече, „поместувањето на моментот“ на кој ќе се базира идното, трето покачување на платите.

 

„Се прават напори за обезбедување на потребните средства. Ова не се празни фрази, туку силна заложба да се најде заедничко прифатливо решение, нагласи министерот за образование и наука и посочи дека сега се разгледува опцијата наместо од април, да се обезбедат средства за зголемувањето на платите од јануари“, како што бара СОНК.

За денеска ги повикал претставниците на СОНК на „последна рунда преговори“ во просториите на МОН за да разговараат за ставовите.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков претходно соопшти дека штрајкот на просветните работници е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образование и наука, образложувајќи дека мирувањето е врз основа на анализите дека за зголемување на платите на МОН му се потребни уште неколку дена.

И премиерот Зоран Заев на новинарско прашање вчера одговори дека  одлуката за зголемување на платите на просветните работници  денеска ќе ја соопшти министерот Адеми.

„Министерот за образование и наука преговара со министерката за финансии. Тука се на припомош и другите ресори коишто прават свои отстапки, затоа што буџетот е толку. Сите солидарно гледаме да ги задоволиме приоритетите. Секако одлуката треба да биде соопштена утре“, посочи Заев вчера.

Ланскиот и овој септември наставниците добија повисоки плати за по 5 проценти, но СОНК побара  платите да бидат зголемени до 25 отсто односно за онолку проценти колку што пораснала минималната плата. На првиот училиштен ден од учебната 2019/2020 Синдикатот организираше еднодневен предупредувачки штрајк со најава дека тој ќе биде активиран доколку за еден месец не биде постигнат договор.

По одржани неколку средби, најава дека има напредок во преговорите и поместување на позициите, но не и конечен договор, Адеми и Неделков соопштија минатиот петок по состанокот во Владата, искажувајќи оптимизам дека наскоро ќе има заемно прифатлива одлука.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    226 shares
    Share 90 Tweet 57
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ