• Latest

Анализа: Платформата на Албанците неизбежен услов за нова влада

February 20, 2017

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Анализа: Платформата на Албанците неизбежен услов за нова влада

February 20, 2017 17:38
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Два ипол месеца по предвремените парламентарни избори од 11 декември 2016-та, Македонија е далеку од најавите дека ќе формира нова, стабилна, коалициона влада. Ниту претседателот Ѓорге Иванов има намера да ѝ го даде мандатот на втората партија по ВМРО-ДПМНЕ (51) со најголем број пратенички мандати, ниту пак СДСМ (49 мандати) може со сигурност да каже дека е на добар пат да формира влада со партиите од албанскиот блок. Платформата што постизборно ја усвоија партиите на етничките Албанци, ДУИ (10), Беса (5) и Алијанса за Албанците (3) којашто не беше дел од Договорот во Пржино и анексот на овој договор, ниту од барањата на Шарената револуција, е доведена до ниво – „conditio sine qua non”.

Додека од ДУИ велат дека не отстапуваат од својот Предлог-закон за употребата на албанскиот јазик, доставен како одговор на понудата од социјалдемократите, акцентирајќи дека законот не е почетна позиција, туку услов без којшто не се може и во рамки на Уставот, лидерот на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села, како претставник на Алијансата на Албанците, најави промена на Уставот и формирање на посебно тело, коешто ќе го крои предлог-законот за употребата на албанскиот јазик. Беса најави седница на Претседателството синоќа, на која требаше да донесе одлука за последните изјави на ДУИ и на Алијансата по нивната вчерашна средба.

Од партиите на етничките Албанци се децидни дека на СДСМ ќе му ги дадат потребните потписи за да го добие мандатот. Но, акцентираат, дека тоа не е гаранција дека потписите значат поддршка за формирање влада.

Oд СДСМ сé уште нема официјални информации за текот на преговорите. Дел од медиумите објавија дека барањата за јазикот на ДУИ се неприфатливи за СДСМ, зашто, се работело „за предлози кои според оценките на СДСМ, не се од реална потреба и од корист за албанските граѓани во Македонија и кои можат да направат само штета во функционирање на одредени институции во Македонија“. Лидерот Зоран Заев рече дека се преговара за барања во рамките на Уставот. Од СДСМ се загрижени дека пролонгирањето на преговорите е поради трошење на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, којшто истекува во првата половина на годинава.

Штрајкот на вработените во МПМ е одраз на состојбата во медиумите

Штрајкот на неопределно време на вработените во дневните весници на Медиа Принт Македонија, всушност, е реален приказ за состојбата во медиумската сфера во Македонија. Новинарите и другите вработени кои со години се грижат за техничката изработка, дизајн, за маркетинг-стратегијата на весниците „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, си ги бараат неисплатените две плати. Одговор од менаџерите немаат, затоа со поддршка на Самостојниот синдикат на новинари на Македонија, донесоа одлука за ваков чекор. Во меѓувреме, МПМ ја промени и сопственичката структура, но вработените ниту за овие новини, немаат никакви информации. А Специјалното јавно обвинителство „влезе“ финансиски да ја контролира МПМ.

Медиумската сфера е поделена и натаму, но на агендата се дебатни емисии во кои се анализираат флоскулите од поединци-репрезенти на јавниот живот, со префикс „војна“ и со фалоспевите на ВМРО-ДПМНЕ и на лидерот Никола Груевски, како синоними за македонштината, од една страна, и од друга страна, работата на СДСМ и на лидерот Зоран Заев во контекст на преговорите на релација СДСМ-ДУИ.

Јавното мислење кое се креира е далеку од основните новинарски принципи и начела за објективност, вистинитост, точност и балансираност во процесот на информирање.

Меѓународната заедница во очекување на нова македонска влада

Американскиот амбасадор, Џес Бејли изминатава недела во изјава за една македонска телевизија, рече дека 61 пратеник ќе одлучат кои партии ќе ја формираат новата влада. Но, порача дека таа треба да ја има реформската агенда за приоритет и да не се предизвика нова криза. Која било опција да се избере „сите треба да работат кон приближување на земјата до ЕУ и НАТО“, смета американскиот амбасадор, кој побара продолжување на мандатот на СЈО, но не ја коментираше Платформата на етничките Албанци.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар изјави дека е оптимист, декаполитичките лидери во Македонија ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да може ЕУ да продолжи да работи на реализирање на реформите, коишто се потребни во земјата.

Граѓанките и граѓаните во безизлез

На маргините од политичка криза, во реалниот живот, граѓанките и граѓаните не можат да ги остварат своите основни човекови права. Дишат загаден воздух, здравството се распаѓа – не работат лифтовите во некои болници, се забораваат плаценти по породување…, пратеници се напаѓаат физички во кафеани, расте бројот на физички пресметки на отворен простор, во трговски центри, расте бројот на сообраќајни несреќи, железничкиот сообраќај е во прекин, штрајкуваат исклучени домаќинства од топлификација кои мора да плаќаат сметки… Не се почитува законот, а експертите тврдат дека сé додека не владее правото, нема јавен интерес и нема волја за дебата, државата ќе тоне во криминал и корупција.

Моника Талеска

Tags: „Алијанса за АлбанцитеАли АхметиБесаВМРО-ДПМНЕДУИЕУЗијадин СелаЗоран ЗаевМедиумиНАТОНеделна анализаНикола Груевскиплатформапредлог закон за јазицитеСДСМСЈОУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ