• Latest
Добро утро со Орданоски

Може ли ВМРО да се командува од затвор?

April 2, 2018
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Може ли ВМРО да се командува од затвор?

April 2, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]раќањето на ВМРО-ДПМНЕ „на местото на злосторот“, во Собранието, се чини, е политички чекор во вистинска насока. Се разбира дека за тоа е потребно и малку драма, па затоа ќе мора да го преживееме и опозициското барање за гласање доверба за Владата на Заев. Таман ќе видиме кој ќе гласа за, кој ќе биде во тоалетите за време на гласањето, кој нема ни да дојде во Скопје, кој ја загубил картичката за гласање, кој ќе биде во салата со воздржан глас, а кој ќе гласа против. Пребројувањето, додуша, ќе треба да се прави по Велигден, што значи изгубени уште две полни недели за да може Собранието и некоја друга паметна работа да сработи. Тоа веројатно ќе ја одложи за некоја недела и реконструкцијата на владиниот кабинет за која почна да „се пазари“ премиерот. Но, барем, ќе дојдеме до вистинската цифра за владејачкото мнозинство во Собранието, за да може, понатаму, поиздржано да се прават сите други важни гласачки, евро-атлантски калкулации што нè очекуваат оваа пролет и лето.

Истовремено, со оглед на „чорбата“ во која и самиот се наоѓа, не може да се одрече извесната политичка вештина со којашто Мицкоски ја „нормализира“ опозицијата, дистанцирајќи се, фактички, од злосторствата на Фамилијата, елегантно препуштајќи го бившото партиско и државно раководство на процедурите на правната држава. Тоа се прави со многу врева и таламбаси против власта („за ништо не ги бива“, „најлошата влада досега“, „безидејни се, прости и неспособни“, „ја туркаат државата во амбис“, „тие се со загубен кредибилитет“ и слични претерувања), за да се надвика громогласниот ефект од враќањето на опозицијата во системот.

Разбирлива е таа тактика. До неа дошле веројатно помогнати и од конструктивноста на меѓународниот фактор, за стабилизирање на внатрешно-политичката состојба во земјава. Како и во случајот со коалицијата на Заев, така и за ВМРО-ДПМНЕ гласањето на доверба на Владата ќе значи „пребројување“ на поддршката за самиот Мицкоски, не само во Собранието, туку и низ разните „патриотски“ екстензии кои хистеризираат по улиците, по социјалните мрежи и низ вмровските медиуми на македонската јавна сцена.

Во тоа не помага фактот што ВМРО-ДПМНЕ доцни со реформите во своите редови – на пример, од новиот партиски статут сè уште нема ни трага, ни глас, што го засилува корозивното дејство на незадоволниците во самата партија кои бараа и поинакви внатрепартиски избори и поинаков третман на слободата на мислата и делувањето во самата партија. Долга е листата на приоритети на Мицкоски, но со одлагање на внатрепартиските реформи непотребно ризикува натамошни делби во партијата, иако би можел, токму и заради обидот да се дистанцира од Фамилијата, да „множи“ и помирува. Конечно, ако се обвинува СДСМ – кои само пред девет месеци влегоа во комплетно демолирана држава во сите нејзини суштински димензии – за неспособност во владеењето, нема уверливо оправдување зошто се доцни со далеку поедноставната агенда за реформите во опозициската партија. Освен ако тие никогаш и не биле искрено ветувани?!

Сепак, враќањето на опозицијата во Собранието ќе ѝ помогне на правната држава, политички порелаксирано и правно поургентно, да се позанимава со бројниот корпус случаи што ќе се процесираат во новата зграда на Кривичниот суд. Дневната политичка и тековната судско-криминална хроника во телевизиските вести ќе може да се следи како раздвоени содржини, што за ВМРО-ДПМНЕ ќе го означи почетокот од еманципирањето на партијата од криминалите на Фамилијата. Долг и неизвесен ќе биде тој пат, да не се залажуваме, но од некаде мора да се тргне…

Всушност, веќе во наредните неколку месеци ќе видиме дали Мицкоски може политички да го преживее одењето на Груевски и Мијалков в затвор? Јас мислам да.

Ќе може ли ВМРО-ДПМНЕ да се командува од затвор? Јас мислам не.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: владаВМРО-ДПМНЕдовербазатворЗоран ЗаевНикола ГруевскипарламентреформиСашо МијалковСДСМХристијан Мицкоски
Share133TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ