• Latest

Да се истражи злоупотребата на службена должност за притисоци врз граѓанскиот сектор!

May 29, 2017

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Да се истражи злоупотребата на службена должност за притисоци врз граѓанскиот сектор!

May 29, 2017 13:19
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет граѓански организации кои во изминатите пет месеци речиси секојдневно беа изложени на ревизија и контрола во својата работа, денеска на прес-конференција ја информираа јавноста за притисоците со кои се соочуваат.

„Уште во декември започнаа првите организирани контроли врз нашите организации од страна на повеќе институции. Во истиот период, тогашната владеачка партија ВМРО-ДПМНЕ јавно повика на прогон врз граѓанските организации, што дава причина да веруваме дека овие контроли не се рутински, туку наменски, и со цел да им наштетат на нашите организации“, се вели во заедничкиот став на организациите.

Како пример, се наведува фактот што шест различни институции вршеле неоснована контрола.

Се работи за Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Министерството за внатрешни работи. на барање на Јавното обвинителство, а според невладините организации, и Агенцијата за финансиско разузнавање и Државната комисија за спречување корупција имаат преземено акции.

„Се јавуваат и првите случаи на неправедни и конструирани казни врз организации кои со години наназад работат и помагаат на најранливите и најсиромашните граѓани“, посочуваат граѓанските организации што се соочуваат со истиот проблем. Тие предупредуваат дека со овие акции се ризикува Македонија да ја загуби и меѓународната финансиска помош со која се потпомагаат институциите и граѓаните.

На прес-конференцијата беа претставени неколку барања адресирани до новата влада:

„Бараме од новата власт и институциите, овој притисок на коj неправедно и намерно се изложени нашите организации – да запре веднаш! Бараме да се провери основаноста на контролите и да се истражи злоупотреба на службената должност за политички притисок и дискриминација. Бараме изречените казни и записниците од овие случаи да бидат поништени!“

Граѓанските организации се загрижени поради информацијата дека досегашната Влада доделила 800.000 евра за граѓански организации.

„Техничката влада во заминување нема морално право и мандат да носи вакви одлуки. Намерата е очигледна, затоа што повикот беше отворен среде политички прогон врз невладините, а истовремено, истата влада сака да додели фонд повисок од било кој што го оддвојувала – за невладини организации. Додека минатата година се потпишувале договори до 5.000 евра сега се покачени до 50.000 евра!“, истакнаа организациите кои бараат поништување на оваа одлука.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаВМРО-ДПМНЕграѓански организацииграѓанско општествоинспекцијаПритисок
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ