Децата не треба да се дел од кампањи, ниту од било каква (политичка) пропаганда, затоа што до одредена возраст во развојниот стадиум,децата , па и помладите возрасни, од психолошки аспект, не е исто расудувањето до одредена возраст, 23/24 години, барем истражувањата го покажуваат тоа, фронталниот дел од нервниот систем не е до толку развиен, вели психологот Фики Гаспар во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
Во интервјуто Гасар одговара на прашања поврзани со влијанието на политиката и злоупотребата на децата и младите за политички цели, кои се причините за врсничко насилство, како и за тоа што треба да се преземе во врска со овие прашања?
Камера и монтажа: Аријан Мехмети
Фотографија: Билјана Јордановска
Разговорот го водеше: Драган Мишев