• Latest

(ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025) Гласовите на омразата што ја понижија демократијата: Сексизам, етнички поделби и национализам

November 23, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

Во Швајцарија почнуваат преговорите за американскиот мировен план за завршување на војната во Украина

November 23, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Почеток на крајот

November 23, 2025

Самоубиствена самоизолација

November 23, 2025
фото: Принтскрин Фејсбук ЦУК

ИЈЗ со итни препораки за поплавените подрачја: Да се користи флаширана или превриена вода

November 23, 2025

Турција ќе биде домаќин на Самитот за климата КОП31

November 23, 2025

Украина до ОН: Русија ќе запре само ако биде запрена – економски, политички и воено

November 22, 2025

Г20 повикува на праведен, сеопфатен и траен мир во Судан, ДР Конго, Украина и палестинските територии

November 22, 2025
Фото: wikimedia commons

Украина и САД почнуваат консултации во Швајцарија за завршување на руската војна против Украина

November 22, 2025
фото: скриншот

Политико: Орбан ја блокира поддршката за Украина и го поддржува контроверзниот американски мировен план

November 22, 2025
Поплави (Photo: Pixabay free)

ЦУК: Поплавени домови, земјоделски површини, одрони на патиштата – резултат на обилните дождови

November 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025) Гласовите на омразата што ја понижија демократијата: Сексизам, етнички поделби и национализам

November 23, 2025 12:20
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на Локалните избори 2025, Северна Македонија се соочи со сериозен бран на говор на омраза, етнички и сексистички напади, како и политичка селективност од институциите. Од спортски терени до социјални мрежи, национализмот и дискриминацијата повторно се користеа како политичко оружје, додека младите и жените беа најчесто мета.

Изборите завршија, но раните што ги отворија остануваат. Омразата, скандирањето за „гасни комори“, нападите врз млади, сексизмот, расизмот, графитите и онлајн линчот – на крај им донесоа резултати на тие што свесно играа на најтемните човечки емоции. Политичарите што требаше да го смират огнот – молчеа. Некои дури и го хранеа.

Трибини на омраза и политички молк

На 2 август 2025 во Куманово, кошаркарскиот натпревар помеѓу македонската и романската репрезентација, се претвори во уште еден инцидент преплавен со националистички скандирања и говор на омраза. Скандалозно е што најголемиот пораз одекнуваше од трибините: „Нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине“, „Гасни комори за Шиптари“, „Добар Шиптар, мртов Шиптар“. Овие скандирања се случуваа во присуство на владина делегација, меѓу кои премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и други владини претставници.

Премиерот Мицкоски по два дена молк „ја искористи приликата“ да го осуди инцидентот, наведувајќи дека станува збор за мала група на навивачи и дека воопшто не го слушнал скандирањето.

„Искрен да бидам, додека бев таму, воопшто и не го забележав тоа… Но, исто така, еве, би сакал да ја искористам оваа прилика да се приклучам кон осудата на национализмот и ксенофобијата“.

На натпреварот, на трибината спроти Мицкоски, поголема група навивачи со „Вергина“ симболи истакна транспарент:

„За да постои македонскиот народ, не му треба ваша дозвола“.

Коалицискиот партнер на Мицкоски, лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, во однос на скандирањата на натпреварот, го оправдуваше говорот на омраза со тоа што релативизираше — дека Македонците во Куманово беа испровоцирани од албанскиот етнички шовинизам! Од изјавите на Ахмети со потценување и навредувачки тон кон светиот празник Илинден! Тие не се насилници, ниту мразачи!

„Македонските млади не се криминалци! Тие се гласот на една потценета генерација што уште верува во сопствената земја! Доста со двојните аршини!“

Релативизирачката порака на Богојески, без осуда за говорот на омраза на навивачите во Куманово, следуваше откако премиерот Мицкоски го осуди тој немил инцидент, потенцирајќи дека не го ни слушнал тоа националистичко скандирање од една мала група навивачи. Богојески „му држеше грб“ на Мицкоски додека го осудуваше тој немил настан. Но, осудата не допре до него иако беше само на еден метар одалеченост од премиерот…

Младите како „топовско месо“ во предизборната борба

Со приближувањето на локалните избори, национализмот се искористи како опасно политичко оружје. Во Битола, Тетово и Велес беа забележани физички напади, навреди и графити со говор на омраза. Најмладите се или извршители или жртви, додека политичарите остануваат на декларативни „осуди“.

Примери на инциденти:

  • Битола: „Чкембари“ нападнале Албанец, државјанин на Шведска, поради маица со албанскиот национален симбол. Жртвата, откако не можел да се одбрани, „доброволно“, според МВР, им ја предал маицата, а напаѓачите избегале. Подоцна против пет малолетници се поднесени кривични пријави.

  • Тетово: Членови на „Војводи“ претепале двајца средношколци Албанци, еден со скршен нос, другиот со скршени ребра и рака. Полицијата уапси четворица навивачи.

  • Велес: Графити со пораки на омраза кон Албанците: „Секој Шиптар што оди нагоре, се враќа ладен“ и „Добар Шиптар е мртов Шиптар“. Општината реагираше со нивно чистење, но МВР сè уште нема информации за сторителите.

Навивачките групи се претвораат во нешто што е налик на паравоени структури кои шират страв и омраза, додека политичарите остануваат на декларативни „осуди“, без реална (ре)акција. Особено алармантно е што навредливи скандирања се случуваа и во присуство на премиерот Мицкоски и министерот за внатрешни работи  Тошковски. Дали со тоа се испраќа порака дека омразата е дозволена, па дури и охрабрувана?

Неделковски во одбрана на власта со навреди и сексизам: „СДСКомуњарска, победете на избори па сменете ги Панче и Христијан – дотогаш, попуши ми изнад колена“

Извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски, добро познат на мониторингот на ЦИВИЛ со години — со експлицитен и навредлив говор се нафрли врз Зана Џаферовска од Форум на жени на СДСМ. Причината е што таа, во име на партијата, побара оставка од министерот за внатрешни работи Тошковски и разрешување на целото СВР Велес, поради трагедијата во Велес во која беше убиена една девојка и нејзиниот татко, а убиецот потоа се самоуби.

Неделковски, бранејќи го Тошковски, ѝ се обрати на Џаферовска со навреди и сексистички коментари:

„Зана, цел народ сака СДСКомуњарска да се укине, па вие уште живуркате. Значи, ако сакате да го смените Панче, повелете организирајте се, побарајте народна подршка, победете на избори па сменете ги и Панче и Христијан, сменете го и Тимчо, и Николовски, и Коце Жута Чизма… А до тогаш чичко Миленко ти порачува дека песната на Зана (Нимани) “Додирни ми колена”, за тебе Зана (Џаферовска) е преименувана во “Попуши ми изнад колена”, пишуваше Неделковски.

Дегутантни коментари и жесток говор на омраза за трагедијата на бугарскиот нуркач во Охридското езеро

На 9 август 2025 година, македонските медиуми објавија вест дека  И.Т. (52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца, по што, како што забележува мониторингот на ЦИВИЛ, на страниците на порталите на социјалните мрежи следеше лавина од непримерен говор на омразата, дегутантни коментари и радување на туѓа несреќа, овој пат на исчезнувањето на нуркач од Бугарија во езерските води.

„Дома имаат море а не знаат да нуркаaт, ех што ти прави карма“; „Охридско езеро гробница за Бугарите“; „На што дрога бил татаров“; „Тој Албанија е ојден роба носел можда“; „Барал нокои докази дека таму некогаш живееле Турко монголи, па еве нашол“; „Еден го*нар помалку“; „А, јас мислев дека бугарите се со празни глави и не пропаѓаат во вода“; „Изгледа водата го има однесено во албанија, да бара бугар“; „Пасоши делит на албански човеци“, се дел од непримерниот говор на омраза на дел од корисниците на социјалните мрежи во земјава, канцерогеното ткиво кое го разорува нормалниот живот кај нас, но и во регионот.

Злонамерните коментари не останаа незабележани ниту во соседна Бугарија. Новинарот и аналитичар Владимир Владимиров, кој често пати во своите коментари на социјалните мрежи се обраќа на македонски јазик, во објава на Фејсбук напиша:

„За жал, вчера во Охридското Езеро се удави еден Бугарин кој нуркаше таму… Под вестите во разни медиуми во Северна Македонија има масовни ужасни и цинични коментари, „шеги“ и радост од трагедијата!? Никогаш во животот не сум видел таква нечовечност и простотија!, објави Владимиров во објавата.

Говор на омраза, сексизам и политички напади на социјални мрежи

На социјалните мрежи се појави експлицитен говор на омраза насочен кон кандидатката за советничка во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Луна Стефаноска.

„Се мислев дали да гласам за ВМРО, али сега дефинитивно ќе гласам! Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје. Место бр. 38. Луна Стефановска, македонска инфлуенсерка. Како да не ја гласаме и не ја поддржиме?“, пишува извесен профил Робусна акција на Х.

Истиот профил објави фотографија на Луна Стефаноска и кандидатот за градоначалник на општина Карпош на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој на маица има фотошопиран натпис: „Не сум гиниколог, ама можам да погледнам“.

ЦИВИЛ и ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудија говорот на омраза и дискриминацијата, нагласувајќи дека ваквите напади се директен удар врз демократските вредности и родовата еднаквост.

Апасиев вулгарно ја започна кампањата за локалните избори: „Посерисе на Мицковизмот“

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, ја започна кампањата за локалните избори 2025 со провокативен и вулгарен израз: „Посерисе на мицковизмот – гласај за Левица“.

Провокативниот јазик и личните напади на политичките лидери може да имаат негативно влијание врз изборната култура, иако формално не претставуваат говор на омраза во смисла на законската регулатива. Таквите изјави се индикатор за потенцијално емоционално поларизирање на јавноста и потреба од внимание кон етичкиот аспект на политичката комуникација.

Инаку, пред почетокот на изборната кампања, Декларацијата за фер, слободни и демократски избори, предложена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, не е потпишана само од пратеничката група на „Левица“.

Селективност во постапување на институциите

Случајот со коментарот на Бранко Тричковски за „куферот“ на плоштадот ВМРО покажа дека институциите реагираат брзо кога се засегнати личности блиски на премиерот Мицкоски, што укажува на селективност и политичка заштита.

Во коментар на Фејсбук за случајот со „куферот“ оставен на плоштадот ВМРО, новинарскиот ветеран и колумнист, Тричковски напишал: „Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан!“, за што, како што самиот вели, експресно добил покана за итен информативен разговор во МВР.

Правниот тим на ЦИВИЛ оцени дека Тричковски, најверојатно бил пријавен поради загрозување на сигурноста – по член 144 од Кривичниот законик, по што бил повикан на разговор во полиција, како дел од постапката по пријавата.

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии

По победата на Албанија над Србија, во Тетово се појавија етнички навреди и шовинистички скандирања најверојатно од припадници на навивачката група „Балисти“, кои извикуваа навредливи и шовинистички пароли, меѓу кои и со содржини против Македонците и Србите: „Македонско девојче – најголемо к***иче“, „Каурски п***и“, „Умри Србија“, „УЧК“… 

Додека дел од граѓаните ги користеа ваквите настани за партиска пропаганда. Еден од тие беше кандидатот за градоначалник на Скопје, Зоран Јовановски, познат по своите залагања за поблиски односи со Русија, кој на овие локални избори ќе настапи како независен кандидат, односно како член на ВМРО-ДПМНЕ, кој е само формално правно поддржан од политичката партија Единствена Македонија.

Јовановски на социјалната мрежа Х, на која е познат како „СТВАРАЛАЦ начитан Брсјак и бич божји@ZoranJovanoski3“ коментираше: „Затоа ние треба да се држиме со Русија… И затоа трба да гласате за мене за градоначалник на Скопје“.

При што профилот Сафра Шпанец го прашува: А што ќе направи Русија?

Јовановски одговара: „Не мора ништо да направи. Самите ќе си знаат, и ќе се смират, и нема да мрдаат вака…“.

И тогаш ЦИВИЛ реагираше дека говорот на омраза, без разлика од кого доаѓа, не смее да биде средство за политички поени. Демократијата се гради со идеи, дијалог и почит, а не со навреди и поделби. Само со разум и достоинство може да се обезбеди фер изборен процес и општество во кое сите се чувствуваат еднакво и безбедно.

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

Кандидатката за градоначалничка на Општина Битола од редовите на движењето „Поинаку“, Габриела Илиевска, на својот Фејсбук профил објави дека кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ објавува навредливи и недолични коментари насочени кон неа. Имено, кандидатот за советник Љупчо Петровски коментирал под објава на актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски:

„Го прогласувам нусето Габриела за умрено!“

Ваквиот недоличен говор предизвика реакции од јавноста и партијата „Поинаку“.

Дезинформации, изборен молк и расистички испади

За време на кампањата за локалните избори 2025 во Северна Македонија се забележа висок степен на говор на омраза и прекршување на изборниот молк, особено на социјалните мрежи. Кампањите се водеа со навреди, провокации и дезинформации, што го нарушува изборниот процес и влијае врз јавниот дискурс.

Ден пред главните избори (сабота) гласаа болни и изнемоштени лица на домашна адреса, лицата во притвор или затвор, како и оние сместени во домови за стари лица. Сите гласачки кутии – вклучувајќи ги и овие – се отвораат и броењето започнува по завршување на гласањето на изборниот ден (во недела), кога гласаат сите граѓани.

Меѓутоа, Фејсбук-страницата „Гевгелија денес“ објави лажна и манипулативна содржина, односно наводни резултати од гласањето на болни и изнемоштени лица во Гевгелија:

ВМРО – 177 гласови (89%), СДСМ – 19 гласови (10%), Левица – 1 глас (0,5%) и ЗНАМ – 1 глас (0,5%).

По завршување на гласањето на болни, изнемоштени лица, лица во притвор и во домови за стари лица, резултатите не се бројат веднаш и никој не може да знае кој колку добил сè до официјалното започнување на броењето на изборниот ден. Броењето започнува дури по завршување на гласањето на изборниот ден (во недела), кога се отвораат сите гласачки кутии истовремено.

Затоа, секоја информација или бројка што се објавува пред официјалното затворање на избирачките места се смета за дезинформација!

Покрај ваквите лажни вести, на социјалните мрежи се ширеше и говор на омраза, особено по етничка линија. Еден од коментарите на мрежата Х гласел:

„Дијаспората шиптарска за Чашка. Нашите од Велес не му се оди на гласање, епа чорба Македонска општина отиде на УЧК. П*** ви матер“, напиша корисникот „Командирот“.

Во Прилеп, за време на изборниот молк, бил отворен штаб на владејачката партија, а на социјалните мрежи кружеле коментари од типот:

„Можеш слободно да кажеш дека се вмрони од ВМРО. Не те пријавува никој“, објавил корисникот „Сплинтер“.

Порталот Народен глас, пак, во текот на изборниот молк објави непотврдена информација дека МВР привело неколку лица во Прилеп поради наводен поткуп за гласови, со наслов:

„БОМБА НА МВР: Таткото на градоначалникот на Кушево Томе Христовски лишен од слобода, неговиот татко вршел поткуп во прилепската ромска населба Тризла?!“

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

Експлицитен и понижувачки говор на омраза кон ромската заедница во Неготино упати новоизбраниот советник од партијата Македонска акција – Конзервативна партија (МААК), Љубе Темелков.

Во своја објава на социјалната мрежа Фејсбук на 20 октомври, ден по гласањето на првиот круг за Локални избори 2025, Темелков навредливо напиша:

„Ѓупците од Криволак со ѓупска работа решаваат со нас 15.000 во Неготино дали ќе живееме во здрава животна средина или ќе нè заебаваат во здрав памет со платени гласови… Тоа не може да биде и на Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“, вели меѓу другото новоизбраниот советник Темелков.

Наместо извинување – советник од десничарската МААК со демантот го потврдува расизмот кон Ромите во Неготино

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“, гласеше демантот на Темелков, советник на МААК во Неготино.

Обвиненија, злоупотреби и политички нервози

По завршување на локалните избори, по спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против советник од партијата Македонска акција – Конзервативна партија (МААК), Љубе Темелков за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност. Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори, соопштија од ОЈО Кавадарци.

ЦИВИЛ преку поткастот „САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ“ остро реагираше на експлицитниот и понижувачки говор на омраза кон ромската заедница во Неготино упатиени од новоизбраниот советник од партијата Македонска акција – Конзервативна партија (МААК), Љубе Темелков.

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

По трагите на неколку коментари на социјалните мрежи и медиумите, во кои се тврди дека ќерката на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, Сандра, наводно работи во еден од кабинетите во Кремљ, ЦИВИЛ побара одговор од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ.

Но, иако ЦИВИЛ Медиа, коректно и професионално упати новинарско прашање до Стоиљковиќ со цел навремено и точно информирање на јавноста, вицепремиерот одговори на прашањето од ЦИВИЛ преку омаловажувачка објава на социјалните мрежи. Имено, наместо одговор на прашањето испратено по мejл, вицепремиерот одбра да одговори преку објава на својот Фејсбук профил.

Мојата ќерка Сандра Стоилковиќ во ноември 2023 запиша мастер студии за бизнис администрација на една од најпрестижните светски академии за бизнис менаџмент Сколково во Москва, кои што во јуни оваа година успешно ги заврши и се стекна со титула Мастер по бизнис администрација. Ова и е втора магистерска диплома, првата е од МГИМО и е тнр. црвена диплома, што значи дека била меѓу петте најдобри магистранти. Инаку од 2024 година таа работи како надворешен менаџер за бизнис партнерства во КОКОЦ ГРУП – меѓународна платформа за креирање на решенија за развој на меѓународен бизнис. Ова се јавно достапни информации и не ми е јасно кому и зошто му се потребни инсинуации. Ако е и од Цивил, премногу е, напиша Стоиљковиќ.

Притоа, самиот Стоиљковиќ потврдува дека неговата ќерка има блиски врски со Русија, предводена од диктаторот Путин, со која нејзиниот татко негува пријателски односи, и истовремено ја објавува содржината на прашањето испратено од ЦИВИЛ, со што самиот несакајќи потврдува дека редакцијата постапила најкоректно и со професионални новинарски стандарди при испраќањето на прашањето. Сепак, контекстот на самата објава е таков што предизвика говор на омраза против ЦИВИЛ и раководителот на организацијата.

Што е тогаш премногу од ЦИВИЛ за вицепремиерот во владата на Мицкоски?

Тоа што редакцијата сакаше да ја слушне и неговата страна, а не да ги пренесува објавите на социјалните мрежи еднострано. Што се случи, може да се види од приложеното. Сепак, имајќи ги предвид јавните ставови, постапките и политиките на вицепремиерот, не зачудува тоа што тој се одлучи на индиректна преписка со ЦИВИЛ преку социјалните мрежи, иако му беше упатен допис со коректно прашање. Имаме силна причина да веруваме дека начинот на кој одговори на прашањето од ЦИВИЛ, вицепремиерот Стоилковиќ, говори за тоа дека нему му пречи нешто друго кај ЦИВИЛ, а не прашањето за линковите на членови на неговото семејство со Русија.

Иако ЦИВИЛ му понуди простор да го каже својот став, наспроти наводите на социјалните мрежи, Стоиљковиќ одговори со ароганција и потпалувачка реторика, кое го сфаќаме како вршење притисок, и обид да се предизвика омраза кон ЦИВИЛ.

Говорот на омраза – сериозен предизвик за демократскиот процес

Локалните избори 2025 во Северна Македонија покажаа дека говорот на омраза, сексизмот, етничките тензии и дезинформациите остануваат сериозен предизвик за демократскиот процес. Потребна е итна реакција од институциите и политичките лидери за заштита на граѓаните, особено младите и жените, и за обезбедување фер и безбеден изборен процес.

Локалните избори 2025 исто така покажаа дека дезинформациите, говорот на омраза и непочитувањето на изборниот молк, особено на социјалните мрежи, остануваат сериозен предизвик за демократскиот процес и медиумската етика во земјата.

Дехран Муратов
Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани


Проектен контекст: Оваа анализа е изработена во рамките на проектот ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР – Стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани (2025), имплементиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода, во соработка со партнерските организации во Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата и поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Уредничка независност и одговорност: Наодите и заклучоците претставени во оваа анализа се независни и се одговорност исклучиво на авторките и авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на партнерите или поддржувачите. ЦИВИЛ ја задржува целосната уредничка независност. Сите евентуални грешки остануваат одговорност на авторките и авторите.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на TVP World

    (ВИДЕО) Полскиот амбасадор во Русија нападнат од „агресивна група“ демонстранти во Санкт Петербург

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Пробив на Балканот за Украина: Србија во НАТО & Косовскиот модел во Донбас

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Арсовски: Судењето за трагедијата во Кочани може да стане уште поголемо и покомплицирано

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ