• Latest
Сали Бериша, Еди Рама

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Албанија утре на масовен протест за оставка на Рама; албанска студентка ја донира стипендијата за Туркије, Борел ги кани Курти и Вучиќ на разговор

February 10, 2023

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Албанија утре на масовен протест за оставка на Рама; албанска студентка ја донира стипендијата за Туркије, Борел ги кани Курти и Вучиќ на разговор

February 10, 2023 12:35
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Сали Бериша, Еди Рама

Сали Бериша, Еди Рама

Share on FacebookShare on Twitter

Долго најавените протести на Сали Бериша ќе се одржат утре, а според медиумите, се очекува да бидат масовни. На протестите ќе се бара оставка од актуелниот премиер Еди Рама. Катастрофалниот земјотрес во Туркије и Сирија е тема на интерес и во медиумите и во албанското општество, а  студентка од Албанија ја донира својата стипендија за погодените од земјотресите во Туркије. Во продолжение се темите од изборот на редакцијата ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми.

ТОП ЧАНЕЛ: Утрешниот протест под раководство на Бериша ќе биде масовен

„Во сабота, Сали Бериша го свика четвртиот  национален протест од денот кога го презеде раководството на синиот штаб. На овој протест, демократите директно ја артикулираат оставката на Еди Рама, за разлика од претходните протести каде што се зборуваше дека заминувањето на премиерот за демократите доаѓа само преку гласање.

Новинарот Јуџин Мустафарај сподели неколку детали за протестот што Демократската партија ќе го одржи во сабота.

Тој откри дека се очекува протестот да биде масовен, бидејќи Сали Бериша и неговите лидери одржале средби во текот на овие денови.

Мустафарај нагласи дека Бериша преку протестот ќе покаже дека неговото барање за смена на Рама од премиер е сериозно.“, пренесува албанскиот медиум ТОП ЧАНЕЛ.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Студентка од Албанија ги дава парите од стипендијата на погодените од земјотресите во Туркије

Амбра Цека од Тирана, која студира медицина на Универзитетот за здравствени науки во Анкара, ги донираше парите за стипендијата што ги добива од турската држава.

„Парите од мојата стипендија ги испратив на моите пријатели кои беа погодени од земјотресот. Ние како соученици дадовме мал придонес. Ги испратив во областа Хатај во Туркије“, изјави Цека , пренесе Газета Експрес.

ДВ -Борел ги покани  Курти и Вучиќ да се сретнат наскоро во Брисел

„Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ги покани во Брисел и лидерите на Косово и Србија, премиерот Албин Курти и претседателот Александар Вучиќ. Целта: промовирање на напредокот на дијалогот Косово-Србија. Веднаш по поканата на Борел, Курти и Вучиќ си размениле реплики од  далечина и со тоа ја отежнале блиската средба.“, пренесува Дојче Веле на албански.

ЗЕРИ -Марти: Целта на тие што ми се закануваа не беше да ме убијат, туку вината да ја препуштат на Албанците

Поранешниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, кој две години е под специјална заштита поради смртните закани што ги добивал, вели дека е разочаран од швајцарските власти.

„Што се однесува до полицијата, таа презеде мерки за да ме заштити, но јас сум разочаран и не ги разбирам методите на истрага на швајцарските власти во мојот случај, јас сум истражител долго време и не сакам да споделувам лекции, но ми се чини дека методите што ги користам во моите случаи не се вообичаени“, нагласи Марти.

Потоа следеле заканите, а Марти вели дека целта на тие што му се заканувале не била да го убијат, „туку одговорноста да ја префрлат на Албанците од Косово“, пренесува косовскиот дневник Зери.

БОТА СОТ: Либерализам на постојани малцинства

„Нашите општества се поразновидни од кога било и никогаш нема да постигнеме консензус за тоа како да го живееме животот и кои вредности да ги следиме. Но, овој плурализам на вредности – толку карактеристичен за либералните теории – не резултира со морален вакуум за Шклар. Колку и да сме различни во нашата концепција за доброто, толку сме обединети во нашиот страв и одвратност кон физичката и психолошката суровост.“, извадок од анализата „Либерализам на постојани малцинства“ од Али Хертица, објавена во БОТА СОТ.

Д. Тахири


Сите права се задржани.

Tags: албански медиумиБеришаБорелВучиќДик МартидонацијаземјотресизборКуртиопозицијаоставкаПротестиРамастипендијаТуркије
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ