• Latest

Изборите повторно ја разбудија антимигрантската хистерија

April 7, 2019

Руските хибридни операции на Западен Балкан: Парализа на демократските институции и блокирање на евроатлантските процеси

November 25, 2025
Фото: Веб-страна на претседателот на Украина

Зеленски вели дека Украина е подготвена да го унапреди мировниот план, ќе разговара за спорните точки со Трамп

November 25, 2025

„Руте: Традиционалните канали за дијалог со Русија се „мртви“, потребени се нови механизми за безбедни преговори

November 25, 2025

Српското Обвинителство за организиран криминал тврди дека е под притисок од Вучиќ

November 25, 2025
НИС ПЕТРОЛ  Прво се продаде колосот а потоа излезе дека се продадени и многу други нешта како што се бензинските пумпи, хотелите, изворите на нафта...

Српските банки се закануваат со прекин на трансакциите со НИС ако компанијата не добие американска лиценц

November 25, 2025

Една година од експлозијата на каналот Ибар-Лепенец, без обвинение или јасни одговори

November 25, 2025
Скриншот од видео на euronews

Украински тинејџер кој работел за руската разузнавачка служба затворен на три години и четири месеци за палежот на ИКЕА во Литванија

November 25, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Ехо од 1938 година: Мировниот план на Трамп ја поткопува безбедноста на Европа

November 25, 2025
Фотографија: Мисија на ОБСЕ во Скопје, Фејсбук

Мисија на ОБСЕ во Скопје: Стоиме заедно со глобалното движење за подигање свест, поддршка и промовирање системска промена против насилството врз жените

November 25, 2025
Фото: Милитарни/Х

Украина уништи уникатен руски авион за ласерско тестирање при нападот со дронови врз воената инфраструктура во Ростов

November 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборите повторно ја разбудија антимигрантската хистерија

April 7, 2019 13:01
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Тензично на македонско-грчката граница“ е насловот со кој осамнаа повеќе информативни содржини на македонските медиуми и портали поврзани со судирите на мигрантите и грчката полиција во привремениот камп Диавата во близина на Солун.

Она што медиумите намерно, или не, заборавија да го објаснат е дека кампот нема никаква врска со граничните премини на двете земји и дека се наоѓа на оддалеченост од околу 60 километри од границата.

За ваквата постапка на медиумите реагира и активистката Мерсиха Смаиловиќ од Легис, која на својот Фејсбук профил буквално им ја исцрта мапата на новинарите кои ја пренесоа оваа вест.

„ Почитувани новинари, медиумиски работници… Имате обврска да известувате транспарентно и вистинито. Да не ширите страв кога за тоа не постои основа. Посебно во овој чувствителен период, изборната кампања, треба уште повнимателно да известувате. Денешните немири во Грција, помеѓу полицијата и бегалците, НЕ Е НА ГРАНИЦАТА СО МАКЕДОНИЈА, не е ни блиску до Македонија! Доволно е да отидете на GOOGLE MAP и да видите каде се наоѓа кампот. Благодарни сме на новинарите и новинарките кои се доследни и професионални! На бегалците и мигрантите потребна им е наша поддршка и солидарност, а тоа денес би значело, да шириме вистини за тоа што се случува во регионот Диавата, Грција“, напиша Смаиловиќ.

Вака пласираните содржини околу она што се случува во привремениот камп Диавата, повторно створија плодна почва за партиските ботови кои се задолжени за ширење хистерија околу мигрантската криза. И повторно за време на избори.

Изминатите години, по правило, секој изборен процес во земјата е проследен со „мигрантска криза“.

За потсетување, на пример, во екот на кампањата за локалните избори 2017 година, опозициската ВМРО-ДПМНЕ служејќи се со лаги и дезинформации манипулираше со своите поддржувачи кои стигаа дури дотаму што собираа потписи за референдум против изградба на бегалски кампови во повеќе општини во земјата, иако воопшто не постоеше план за изградба.

Демантите на Владата дека нема да има населување на мигранти, ниту пак ќе се градат станови за нив, не ги предомислија советите на неколку општини да донесат одлука да се одржат референдуми за прашањето за населување на мигранти и тоа на истиот ден со локалните избори.

Сè започна од општина Аеродром, кога на Фејсбук групата Аеродром во моето срце се објави фотографија од бегалци, со текст дека СДСМ по преземањето на локалната власт во Општината, на нејзината територија планира изградба на бегалски камп! Набргу потоа започна собирањето на потписи во општината, каде дури беше нападната и новинарска екипа.

Потоа, четиринаесет општини, донесоа одлука за распишување на референдуми заедно со локалните избори, а подоцна државниот инспекторат за локална самоуправа ги запре донесените одлуки. Референдумите не се одржаа, но ни камповите никогаш не се изградија. Единствено што остана е ненаучената лекција, и на политичарите и на граѓаните, дека манипулациите не и носат ништо добро на земјата.

На 30 октомври 2018 година Владата донесе одлука да се продолжи кризната состојба на јужната и на северната граница до 30 јуни 2019 година, со цел превенирање и спречување влез и транзитирање на мигранти на територијата на Република Северна Македонија.  Кризната состојба поради наплив на мигранти на македонската граница беше воведена летото во 2015 година, и оттогаш се продолжува.

Маја Ивановска

Share77Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Почеток на крајот

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Српските банки се закануваат со прекин на трансакциите со НИС ако компанијата не добие американска лиценц

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Полскиот амбасадор во Русија нападнат од „агресивна група“ демонстранти во Санкт Петербург

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Пробив на Балканот за Украина: Србија во НАТО & Косовскиот модел во Донбас

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ