• Latest

Македонското малцинство не е тема од корист за добрите односи меѓу двете земји!

September 18, 2017

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонското малцинство не е тема од корист за добрите односи меѓу двете земји!

September 18, 2017 15:37
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Отсекогаш сум сметал дека не треба да се измислуваат проблеми таму каде што нема, таков проблем во Бугарија нема. Тука сум во улога на министер за одбрана. Ако сакате да водиме историски разговори ќе зборувам во улога на историчар. Вакви теми не се во корист за добрите односи меѓу двете земји“, изјави според агенцијата МЕТА, бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има промена во неговите ставови во врска македонското малцинство во Бугарија по потпишувањето на Договорот за добрососедство.

Според Каракачанов, кој во своите јавни настапи перманентно го негира постоењето на макеоднско малцинство во Бугарија, таа темата е „многу долга и дека за секого што се интересира за историјата на македонското прашање може да даде ‘специјални лекции’ како историчар“, но дека денеска е дојден во Македонија како министер за одбрана.

„Сакам изрично да нагласам за да ги прекинам политичките шпекулации – ги поддржуваме државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија. Немаме проблем со името на Репубика Македонија, ја признаваме земјата под уставно име. Подготвени сме да помогнеме во решавање на спорот со други земји, за конечно да се отворат вратите на Македонија за полноправно членство во НАТО“, изјави Каракачанов, по средбата со неговата македонска колешка и домаќин, минисерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Шекеринска и Каракачанов се согласија дека денешната средба, меѓу другото, е одржана за да се покаже дека договорот што го потпишаа двете земји нема да остане само на зборови.  „Тој договор и она што се случуваше по потпишувањето, покажува дека двете држави се свесни дека само преку добрососедството, нашиот регион може да оди напред и да ја гарантираме нашата заедничка безбедност“, рече Шекеринска.

Каракачанов потенцираше дека за време на бугарското претседателствување со Европската унија, приоритет ќе биде интеграцијата на Западниот Балкан во Унијата. Според него, официјална позиција на Бугарија е поддршка на Македонија за членство во НАТО, а по потпишувањето на договорот од 1 август, „работите почнаа да се движат во позитивна насока“.

На средбата двајцата министри се договориле за зголемување на соработката меѓу специјалните сили, проширување на соработката во делот на образованието во одбраната и за соработка меѓу воздухопловните сили. Шекеринска истакна и дека Македонија и Бугарија ќе имаат заедничка воена вежба, планирана во 2018 година, која јасно ќе покаже дека двете земји се решителни да градат добри соседски односи и да ја градат заедничката безбедност во регионот.

[divide]

Извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаДоговор за добрососедствоКаракачановМакедонијамакедонско малцинствоминистерства за одбранасоработкаШекеринска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ